- Член од
- 4 септември 2008
- Мислења
- 860
- Поени од реакции
- 276
Искрено, сè уште е невозможно да се каже. Голем дел од стоките се по старите цени (тоа може да се види бидејќи етикетите сè уште ја покажуваат цената и во лева). Но има и стоки, за кои е јасно дека има промена. Се чини дека ова посилно се чувствува кај услугите. На пример, цената каj мојот бербер беше 45 лева (23 евро), сега е 25 евро. Нема промена во платите, но ова е само првата плата. За државната администрација е познато дека има зголемување од 5%, но не знам дали ќе се зголеми од февруари или ретроактивно од јануари (ова е вообичаена практика).Како се одрази преминот на евро валута врз цените во Бугарија? Поскапеа ли производите и, ако одговорот е - да, колку? Се одрази ли тоа и на платите? Пораснаа ли платите или се намалија, или останаа исти?
Има еден интересен психолошки момент - кога ги гледате цените, мислите дека е евтино (скоро 1/2). Но кога ја получиш и видиш своjата плата, исто така гледаш дека е мала
.Кога си навикнал да гледаш сметката по платата од 3.339,30 лева, сега 1.707,36 евро ти изгледаат многу мали.
Психолози по медиумите тврдат, дека ќе бидат потребни 2-3 години за да се престане со конвертирање на цените во лева и да навикнеме на новата валута.
Лично, мислам дека ова ќе се случи побрзо.





















