Лошо влез во натпреварот, а кога е така ние скоро никогаш и да се немаме вратено, а тогаш кога ќе влезиме добро никој и да не ни се вратил или и да ни се вратиле било неизвесно до самиот крај, денес за жал беше првото. Многу наши имаа лош ден, а кога е така, скоро и невозможно да е да се извади утакмицата, денес голманите немаат свој ден (иако 80-90% му беа шутој од 6-7 метри), Богдан мене веќе 2 години ништо не ми игра, па ни денес, Манасков имаше 2 од 6 (1 од пенал), Фитилот 3 од 8 (1 од пенал), понатаму џабе ќе продолжам, нема шо да бараме па ни против Охрид со утакмица и ден како денешниот. Тука ќе додам дека и судиите имаа катастрофални одлуки колку и да бевме ние лоши, тие те дотолчуваат. Хосни? Очај.И не очекувам од него ништо појќе до крајот на сезоната, незнам зошто, дајбоже да грешам. А, Петар и Павле уште еднаш покажаа дека можат и дека МОРА да добиваат поголема минутажа, ДОСТА СО ЗВЕЗДИТЕ и дека некој мора да игра ! Пак тие ја вадеа утакмицата, ама за жал не беше доволно. И да, уште бе со Тајник и неговата бавна игра? Па уште не е ни на своја позиција... Иначе за Фитилот игра треба како за репрезентација шо му се прај, се друго е промашај...Не го оправдувам неговото понашање воопшто со Аљушот, НИКАКО, ама се нешто ми вели дека е реакција на некоја акција и дека не е само дека го извади, не вервам...Одбраната првото грамадна ама бавна, јас незнам дали некој МОРА да игра или толку тренерите разбираат, НЕМОЖИ бе сите бавни, толку нема комбинација да напрат да има и брзина и Висина и се шо треба? Има, ама кој да напрај...