Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Нема збор дека некои од фасадите беа ужасно лошо направени а коштаа многу,нема стиропор или гипс на светот што кошта милиони евра. Затоа и треба да се види што е ок,што не чини и да се продолжи со тој или проект со друго име кој би го донел Скопје до еден нормален изглед.
И во Германија имаат вакви проекти во повеќе градови,менување на грдиот,социјалистички изглед со нешто европско.
Bratov sporeduva Dresden so Skopje
Baska Dresden ne menuvaat nego vrakaat stari gradbi od pred bombardiranjeto.
 
Браво се е така како шо си напишал (кога би се заебавале)!
Добро и ете го СМЕНИВТЕ ИМЕТО Македонија дали продолживте со стиропор или со канабис?
Кој се тоа вие и од каде дојде до предпоставката дека сум бил за промена на името? :D Еве ако не е доволно јасен, мојот коментар е следен: државата пропаѓа од криминал и корупција на врвот (претежно). Скопје 2014 се 700+ милиони евра или изгубени пари (во најдобро сценарио) или украдени (во најлошо). Овој криминал е овозможен од илјадниците партиски послушници (во јавната администрација, полиција, медиуми, па и приватњаци) што ги штитат интересите на ситните бизнис-партиски кругови на врвот (без разлика дали се ВМРО, СДС, ДУИ, кој и да е).
 
Кој се тоа вие и од каде дојде до предпоставката дека сум бил за промена на името?
Веројатно ми се сони, или можеби се исчитува од твојот коментар.
Ниту во еден дел барем за маскировка не спомна ништо околу НАЈЕГЗЕСТИНЦИЈАЛНОТО прашање кое го имаат Македонците-Македонија,
Или ти навистина сметаш дека некој го интересира прокетот Скопје 2014 па затоа правеше куртонијада по улиците и изнесуваше прислушкувани разговори за кои никогаш не дознавме дали се веродостојни и КОЈ ги напрваил со каква цел!!!!
Според тебе тоа било заради тој проект.

Еве ако не е доволно јасен, мојот коментар е следен: државата пропаѓа од криминал и корупција на врвот (претежно). Скопје 2014 се 700+ милиони евра или изгубени пари (во најдобро сценарио) или украдени (во најлошо). Овој криминал е овозможен од илјадниците партиски послушници (во јавната администрација, полиција, медиуми, па и приватњаци) што ги штитат интересите на ситните бизнис-партиски кругови на врвот (без разлика дали се ВМРО, СДС, ДУИ, кој и да е).
Сосема е јасен твојот коментар, нема потреба од појаснување.
Бараташ со бројки кои се резултат на што?
Дека сдсСС и ДПсНЕ се двете страни од истата паричка пишувам со години (играта добар-лош полицаец не ја измислија тие), не гледаш дека и едните и другите на форумов (заради мојот стил без влакна на јазикот) не го делат моето мислење и глумат лудило кога ќе се напише за суштината на работите
Тие краделе пари 700+ колку од тие пари вративте во касата, а за колку пак вие ја оштетивте касата/народот?
(не се работи за генерализирање -или оправдување на овие кои над 50% од партиското членство им се шета со бугарски пасоши- туку за расветлување)
Со самото споменување на зелените само уште дополнително го потврдивте тоа што го напишав.
 
Тоа никако нема да постоеше денес таму ако комунизмот беше на власт. Кога цементара е градена колкаво било Скопје што си толку паметна? И колку би коштало во тоа време да однесеш таму работници? Знаеш ли дека тогаш пола Македонија немала ни калдрма а камоли асфалт?
А топилницата кога е градена колкав бил велес?
Глупи одговори од глупи комунисти.
 
Ниту во еден дел барем за маскировка не спомна ништо околу НАЈЕГЗЕСТИНЦИЈАЛНОТО прашање кое го имаат Македонците-Македонија,
Во некои работи се сложуваме, во некои не се сложуваме, али во најголем дел мислам дека не се разбираме. :D

Мое мислење е дека најегзистенцијалното прашање кое го имаат Македонците е тоа што државата страда од море на партиски послушници кои ја штитат својата партија/лидерство, и пробуваат да задушат секаква критика кон "своето племе" без разлика дали било тоа ДУИ, ВМРО на Груевски, СДСМ на Заев, Бранко, не е важно.

Често во задушување критика користат фрази како "а вашите што правеа?" или етикетираат луѓе за предавници, северџани, вмроиди, неуки, која и да е етикета. Понекогаш матат вода на дискусија со вербална салата од информации кои одвлекуваат внимание од нешто што намалува легитимитет на нивни лидери, открива некомпетентност или криминал. Наместо да бидат во прва борбена линија против лошото владеење, се ставаат во фунцкија на криминално владеење.

Под маската на лојалност, љубов кон татковината или штитење националните интереси, ги дискредитираат оние што се обидуваат да посочат на неодговорно владеење и криминал. Целта е да се овозможи клептократско владеење без јавен притисок и одговорност. Ради такви ботови, државата ни е таму каде што е. :pivo2:
 
А топилницата кога е градена колкав бил велес?
Глупи одговори од глупи комунисти.
Нема ништо поубаво од тоа наместо да извезува државата руда, да си прави производ преку топилницата и да го продава. Јас тотално би одобрил топилница но не толку блиску до работниците каде што живеат. Тоа е доказ дека југословенскиот систем се претворил во „државен капитализам“ кој ја изгубил врската со народот. Или накратко една од причините за распадот. Да успееш вакво нешто да изградиш под носот на Тито, требало ептен голема тајна служба да замешала прсти. Или уште пократко, Југославија се распадна од внатре. Денес рудата е странска а топилницата затворена но воздухот е уште позагаден. Аирлија ќе преживеете.
 
Немет проблем-штом ја зграбите власта, ќе можети и да го воскреснете веќе истрошениот и пропаднато-распаднат економско-политички модел на уредување во едно „опшесфо„...
 
Немет проблем-штом ја зграбите власта, ќе можети и да го воскреснете веќе истрошениот и пропаднато-распаднат економско-политички модел на уредување во едно „опшесфо„...
Старото мора да умре за да се роди новото, но кај нас често се случува старото да умре, а новото да биде само шминка на истите грешки. Наместо државни гиганти што загадуваат, денес често имаме приватни капацитети што го прават истото, само под друго знаме.

Велес денес не бара враќање на Топилницата, туку целосна деконтаминација. Црното брдо од згура во Велес содржи милиони тони отпад, но во него има и вредни метали кои со модерна технологија можат да се извлечат. Тоа е иронијата, отровот на минатото е потенцијалното богатство на иднината, ако се има памет.
 
pa ne pljukaj po tie sto imaat madinja u megjuvreme.

"vasite" 5 minuta nema nikad da dojdat od toa placipickarsko odnesuvanje, ti kazav, idi i ti pokrij ja kamerata na safe city ako smees, ako imas madinja.
Ме праша зошто јас не сум го правел тоа, ти кажав цивилизациска разлика, не сум неконтактирано племе од амазонот. Срамота е што прашуваш и сугерираш јас да се однесувам така во сопствената национална држава.
Ако нешто те здоболува од муабетов тоа е друг проблем.
Каде ме виде да плукам по племето? Само ја споделив фотографијата.
 
Старото мора да умре за да се роди новото, но кај нас често се случува старото да умре, а новото да биде само шминка на истите грешки. Наместо државни гиганти што загадуваат, денес често имаме приватни капацитети што го прават истото, само под друго знаме.

Велес денес не бара враќање на Топилницата, туку целосна деконтаминација. Црното брдо од згура во Велес содржи милиони тони отпад, но во него има и вредни метали кои со модерна технологија можат да се извлечат. Тоа е иронијата, отровот на минатото е потенцијалното богатство на иднината, ако се има памет.
„Нашата земјата„ се‘ уште не е излезена од претходниот систем, така да затоа и сме ваков гнилеж од држава и општество.

Туку...

Комунизмот секогаш „звучел„ примамливо само како запис на „папир„, ама не и спроведлив во реалното живеење.
 
„Нашата земјата„ се‘ уште не е излезена од претходниот систем, така да затоа и сме ваков гнилеж од држава и општество.

Туку...

Комунизмот секогаш „звучел„ примамливо само како запис на „папир„, ама не и спроведлив во реалното живеење.
Теоријата без практика е мртва, а практиката без теорија е слепа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom