Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Добро е што и Челски играа нерешено така да поместување на тој дел од табелата нема да има. Немаме длабочина како тим, си фалат играчи факт ама дека сме дно дна ни тоа не е точно како што се тврдеше предходно. Има некој костур тимов, но едностано мора да се простиме од некои играчи, a Далот секако е прв на таа листа :)
 
Oчигледно згрешен тимов уште на почеток. Тоа флуиден напад може да помине против екипа која малку од малку игра напаѓачки фудбал и ке ти остави простор. Вест Хем што со 9 играчи се брани во свои 16 метри, џабе ги ротираш Бруно, Куња, Мбеумо и Амад. Бруно е 10% од играчот против екипи кои се бранат длабоко, едноставно, нема простор за него тука со неговите пасови во празно. За вакви екипи треба класичен напаѓач, што и се виде на крај со шансите на Зиркзе и голот на Шешко, кој патем, каков само голгетерски финиш.

Кој и левак да ставиш на лево крило, нулиран е, затоа што до него веднаш имаш уште еден левак Шо, и Мартинез, уште еден левак. Ова ги вади веднаш Мбеумо и Амад од замислата. Не разбирам зошто идејата е да се направи триаголник со 3-ца леваци на лева страна, кога очигледно не иде ако немаш центарфор.

Голот права плетора од грешки. Шо 2 грешки направи во истиот напад, Мартинез наместо да го нападне веднаш Бовен, остави некој друг од подалеку да се обиде да го затвори, па на крај ни играч, ни простор не одбрани.

Амад е за ќотек. За цели 90 минути, 2 пати се обиде да го помине бекот на Вест Хем, на кого патем посилна страна му е офанзива. Она на крај и не се коментира. Не знам зошто Керик не му даде инструкции да игра 1 на 1 со бекот, наместо цело време да ја рециклира топката.

Лоша утакмица, нажалост. Поклонивме гол, млитави во напад, згрешена постава, и додај на сето тоа, некои braindead потези на наши играчи, и тоа е исходот. Никој нема да ти подари победа во ПЛ. Добро е што Челси прокоцка сигурна победа, и се надевам утре на победа на Сандрленд.
 
Добро е што и Челски играа нерешено така да поместување на тој дел од табелата нема да има. Немаме длабочина како тим, си фалат играчи факт ама дека сме дно дна ни тоа не е точно како што се тврдеше предходно. Има некој костур тимов, но едностано мора да се простиме од некои играчи, a Далот секако е прв на таа листа :)
Да е Далот добро би било, Шо, Угарте, Зиркзе исто така треба да се ритаат, секако како и увек експертите од управата еден од овие дали че сменат.
А дупката у средината што ќе ја остави Каземиро не ја крпиме ни со 3 Андерсона, 5 Вортона и 8 Балеба да купиме.
 
Освен бодот, ништо позитивно не може да се каже за утакмицава. Керик една голема нула заслужува за тактикава денес. Што беше идеата со 60 минути константна ротација на четворката напред, Бруно, Куња, Мбеумо и Диало. Она дури беше и смешно. На триесет секунди менуваа позиции, ко муви без глави. На моменти и сите беа на куп на една страна, многу често по двајца. Куња изиграва средина, се враќа да почне акција, за Бруно да игра деветка или крило, зависи кога како. Тотално беа изгубени, по кривица на тренерот. Никој на терен ништо не изгира, повеќето беа катасрофа. Пак си стоеа, Вест Хем делуваше ко да игра со два играча повеќе. Керик пета утакмица по ред искача со идентичен состав. Мора да стартува со Шешко против сите екипи освен, да речеме Арсенал, Сити, Ливерпул, Челзи каде има простор да ги игра на полуконтри и контри и му трепаат попробивни и брзи играчи напред. Од играчиве што стартуваа пролазна оцена може да добијат само Ламенс, Мартинез и евентуално Мегваер. Се друго нула. Далот, Шо и Диало у минус отидоа. Поготово Далот. Каков блам и промашај беше само измената на Куња наместо да го извади Диало. Дечкото ја изигра можда и најлошата утакмица за Јунајтед, далеку најлош од сите напред беше. Зиркзе толку му се можностите, дефинитивно треба да пакува куфери. Далот и Шо се подразбира дека треба да летаат. И една многу лоша работа од Бруно што ми падна во очи. Не дека не правел нешто слично и предходно. Кога доби удар у глава, се изведува аут тука пред него, продужува играта, он се кара со судијата не го интересира играта. И да е работата уште потрагична, во продолжение дур се бореа тука на мал простор да задржат топка нашите, овој отиде си застана до помошниот судија да се објаснува до него. Го гледам и не ми се веруваше, капитен еј, а тумот губи.
 
Нема врска секако нема сите да ги добиеме до крај.
Со сложувам со ова, не е крај на свет што кикснавме. Реално и 4те што ги тепавме многу коцки ни се поклопија. Немаме ние ниту сила, ниту квалитет во составот да тепаме 5 утакмици во низа во ПЛ. Ама најмногу ми беше за тој бушавиот, преку курац веќе со него.

Добро е што ниту Челзи, ниту Ливерпул не се нешто посебно, па имаме реални шанси за ЛШ. Исто Астон Вила оди во надолна линија.

Меѓутоа мора да почнеме да победуваме на мечеви каде што сме фаворити. Шешко може да има клучна улога, штета што се избрза со Тотенхем, ќе врзаше 3 меча по ред со постигнат гол. Ама и вака не е лошо, ни донесе 3 поени со двата доцни голови против Фулам и денеска.
 
Да е Далот добро би било, Шо, Угарте, Зиркзе исто така треба да се ритаат, секако како и увек експертите од управата еден од овие дали че сменат.
А дупката у средината што ќе ја остави Каземиро не ја крпиме ни со 3 Андерсона, 5 Вортона и 8 Балеба да купиме.
Не ме зезај, кажи дека не ти се тресат нозе кога не напаѓаат по страната на Далот, едноставно човекот не е роден за фудбалер. На неколку пати денеска го поминуваа, и ај што го поминуваа го исфрлаа од игра како аматер, а во напад колку пати само ја посра ни он не знае. Онаа парада што ја направи Ламенс прво и спектакуларната одбрана беше поради фактот дека Далот го поминаа како аматер, а беше очигледно дека ќе пробаат да го повторат голот како и на предходните утакмици.
И кое крило да игра по страна на која игра Далот едноставно не може да комбинира сам, што да прави попрво да иде во напад сам или да му ги покрива лајната на Далот. Па и каков жолт картон направи, фалеше гол да примиме од таа ситуација.
 
Последно уредено:

Чек ти мислиш дека го бранам?
 
Чек ти мислиш дека го бранам?
Не викам дека го браниш, ама не може да го ставиш во иста реченица со Шо, Угарте па и Зиркзе. Човекот е уникат, направи професионална кариера како кловн во Манчестер Јунајтед.
Инаку Лени Јоро, предходните утакмици беше несигурен и често грешеше, денес излезе и одигра одлично и без грешка. Очигледно дека има работено и на форма и на подобрување на играта.
 
Не викам дека го браниш, ама не може да го ставиш во иста реченица со Шо, Угарте па и Зиркзе. Човекот е уникат, направи професионална кариера како кловн во Манчестер Јунајтед.
Инаку Лени Јоро, предходните утакмици беше несигурен и често грешеше, денес излезе и одигра одлично и без грешка.
Исто ги ставам и Угарте и Далот и Шо утки прават и дури некогаш минус играч ни се сите тројца.
Зиркзе одвреме-навреме ќе шибне некој гол али се гледа дека не е за Јунајтед.
 
Исто ги ставам и Угарте и Далот и Шо утки прават и дури некогаш минус играч ни се сите тројца.
Зиркзе одвреме-навреме ќе шибне некој гол али се гледа дека не е за Јунајтед.
Далот е секогаш минус играч, другите некогаш знаат да изиграат и нешто добро ... ама Далот никогаш.
 
Далот е секогаш минус играч, другите некогаш знаат да изиграат и добро...Далот никогаш.
Ако сакаме да се вратиме некад треба да бидеме немилосрдни. Не да даваме 5000000 шанси на играчи што со години не коштаат со нивните глупости.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom