Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Од овие утакмици, имам перцепција дека Росениор ја прилагодува тактиката/играта во зависност од противникот и ситуацијата, односно не е врзан за некоја стратегија што ја наумил и не отстапува од тоа. Уште е рано за заклучоци секако, ова се првични впечатоци.Третиот гол што го постигна Палмер, акција што никогаш не ја видовме од Мареска.
Едноставен фудбал во празен простор втрчува бек, повратна на пенал и ете ти шанса.
Океј е да примиш гол, но барем сега за сега освен првата со Арсенал на другите утакмици ги нема оние индивидуални глупи грешки погрешен пас, пресечена топка, закаснет старт од кој доаѓа црвен картон во опасните зони.
Ми се свиѓа кај Росениор што се прилагодува врз дадена ситуација дали тоа е формација, тактика или можности на самиот играч.
Санчез и Чалоба приметив дека ги немаат оние пасови кои мора да се пуштат по секоја цена за да се изнесе со краток пас топката.
Енцо помалку дефанзивни задачи, Сантос е тука со Каиседо.
И самите играчи помалку се изложени 1 на 1 со отворен простор кон голот за противникот.
Добро ете имаше со Арсенал и уште некои други ситуаиции ама пак тоа беше во завршни фази на натпревар кога бркавме резултат.