Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Едно десно крило, Естевао отпатувал за Бразил.
Пола стартен тим не треба да е во први 11...
Да не видов дека не е на клупа Естевао.
Се виде уште одма дека тој состав врска нема и одма у второ разлика
 
Траоре требаше да јаде два жолти, еден за стартот над Кукуреља, а вториот со Жоао.

Мавропанос требаше да добие црвен, се обиде да му урди шамар на Палмер.

Говедото Тодибо треба да го тестираат за дрога, погледот му е ко наркоман во криза. Се надевам ќе јаде најмалку 5 меча бан.

Одличен тимски дух! Фантастично второ полувреме. Наочарчињата изглече макс и со Наполи во второто полувреме, знае да повлече потег, знае да направи замени во адекватно време.

Жоао е во фантастична форма! Гол и асистенција.
 
Страшен менталитет покажаа играчите на последните две утакмици, секоја чест за дечките, изгинаа за дресот. Ќе треба сите 90 минути да ги одиграат како што го изиграа второто полувреме, ама и изменетиот состав си го прави своето. Изгледа дека некои играчи сè уште не се свесни каде играат.

Браво и за Росениор, многу ми се допаѓа досега. Иако сè уште испробува тактики и согледува со какви играчи располага, на време знае да увиди кога нешто не штима и да направи промени, а не да ја уништи целата утакмица. А по сè изгледа дека е и одличен мотиватор.

Жоао Педро и Енцо Фернандез. :bravobe:
 
Во вака густ распоред мора да има ротации, мораме да сме свесни за тоа.
Но секоја чест за Росениор што навремено повлече замени и успеа да го смени текот на натпреварот, ретко кој тренер имал храброст да менува 3 играчи вака рано.
Поготово е тешко за проценка вака кога е кратко со тимот, но очигледно е дека добро ги има анализирано квалитетитие и можностите на играчите, бидејќи вака погоди со замени неколку пати.
 
Мамаду Сар е вратен од позајмица, оној Жак(е) или како и да се чита, од Рен отишол во Ливерпул (мислам со него не' поврзуваа).
 
Мамаду Сар е вратен од позајмица, оној Жак(е) или како и да се чита, од Рен отишол во Ливерпул (мислам со него не' поврзуваа).
И надополнување на ова, Анселмино отповикан од Дортмунд и пратен во Стразбур (замена за Сар), веројатно за подобра минутажа. икрено немам појма колку добива шанса во Дортмунд, едно време играше по нешто, можда и повреди имале.

Со Дисаси само не знам што се случува, а инаку потегов со Сар е логичен со оглед Фофана, Чалоба и Бадијашил се достапни, Тосин повреден, од кои последниве двајца... Ачемпонг е тука ама повеќе го гледам како замена на десен бек отколку централен. Е сега, нема да биде логичен ако не добие ич минути..
 
75 мил платил Ливерпул за него, не се нормални цените, нема ни стапнато на фудбалска сцена, таков играч во 2010 ќе беше мах 10 мил.

Крпење на составот ќе биде со Сар, за да не ослабе Стразбур го праќаат Анселмино како замена тоа е поентата.


Клубот не одстапува од зацртаното, сезонава за 4 место ќе биде тешко, голема конкуренција, ние се засилуваме со тинејџери.
Нема крај на лудилово.
Се надевам дека ќе се свестат на лето ама по се изгледа тешко.

Вечерва реванш во купот, најверојатно Росениор ќе излезе со најсилен состав.
 
Супер формација, баш ова го мислев пред некој ден како Хато и Фофана би се снашле во оваа формација и Џејмс како вингербек
 
Супер формација, баш ова го мислев пред некој ден како Хато и Фофана би се снашле во оваа формација и Џејмс како вингербек
Само што Густо игра прв тим, Џејмс ни на клупа не е, го одмараат, и Педро Нето изгледа исто.
Гитенс е повреден, Гарначо, Естевао и Палмер на клупа се.
 
Добро е што не го земаа овој од Рен заебано што го вратија Сар ми изгледа како бледа копија на Бадијашил патем последнава Стразбург прими гол по негова вина. Очекувам да играат отворено и за гол повеќе па небитно и да изгубат само да не играат на резултат уште од старт притисок.
 
Cold Tuesday night at Stoke. Буквално. Класична копачка екипа, a Питер Бенкс им дозволува.

Види го Хаверц, класично копито, со Челси освои ЛШ, со Арсенал нема да освоиш.
 
Последно уредено:
Арсенал појде да брани резултат и тоа го правеше до крај и чекаше прекин.
Ние уште 20минути немаше гол да дадеме
 
Муабетот ми беше во оваа формација како би се снашол Џејмс.

Погреши со Делап на крило и можеби порано требаше да кренат во фул пресинг. Како и да е до сега ми се допаѓа што Росениор се прилагодува врз противникот и нема само еден план на игра, рано е секако за некаков заклучок за подолги стази.
 
Ретко кој играч вака се понаша против Челзи како Хаверц магарето.

Имаа добри шанси за гол, некако многу слабо влегоа, планот бил до 60та да не примат гол, после тоа да нападнат.

Они до 85та не нападнаа, така да тие 25 минути се промашени скроз.

Мораше порано да нападнат, секако испаѓавме, можеше нешто да се случи.

Составот ок, освен Џејмс ако го одмара тогаш не ми се допаѓа тоа ама ај, они си знаат, со него ќе беше подруго.

Фернандез имаше неколку шанси добри и мора да си го намести нишанот, веќе многу пати промашува така од далеку. Против кепа погоди го голот 50/50 е да влезе.

Исто за Делап, како крило е минус, можеби требаше да ротираат во игра со Жоао.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom