Прашања до Атеистите II

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Па сеа вака .... како што не е констатирано постоењето на божества исто така не е констатирано и непостоењето.
Ама вака лаички материјални докази за постоење нема, се е сведено на субјективно убедување за нештата.

Понатаму, сега карикирам, докази нема, но голем број луѓе од човештвото верува во постоење на вампири, вукодлаци полтергејсти, разни духови, чудовишта и слично...негде има и цели култови кон тие појави, има и религии без божества, за нив водата, земјата, воздухот и огинот се се.

Исто така нема ама баш никаков потврден доказ дека креаторот ја создал само оваа „жива“„ планета .... а со оглед на неизмерната големина на универзумот веројатноста дека низ него се расфрлани уште милијарди „земји“ е огромна.
Карл Саган уште на времето со помош на пресметки од веројатноста пресметал дека условно само во нашата галаксија е можно постоење на најмалку бар 100000 разни цивилизации, а бројот на галаксии е огромен и сеуште не утврден. Па само до вчера официјално знаење беше дека сме единствен соларен систем со планети и сателити... а сега низ галаксијава на дневна основа се откриваат такви системи и потенцијални планети кои би подржувале живот.
Што сакам да кажам... дека ништо не е утврдено еднаш за секогаш, нема вечна вистина, , се е подложно на анализа, преиспитување и надградување, па дури и религиите.

Ако постоењето или непостоењето на божества не е констатирано, тогаш...од каде олку религии меѓу родот човечки?

Верниците веруваат „онака„, во „празно„ или целисходно?

Не се „понашај„ како Светов штотуку да почнал да постои, оти за се‘, па и за религиите, постои историја(т) од нивното битисување.

Верувањето во феномени кои сами по себе не се богови (анимизам, тотемизам...), е прост школски пример за идолатрија-замена за боговите со „други„ богови.

К. Саган беше фантазер и својата склоност кон фантазирање се обидуваше да ја полупаризира дури и меѓу децата. Се сеќавам на серијалот „Космос„, во кој Саган беше главна фаца.

Статистичката веројатност за постоење на други цивилизации во нашата галаксија е прост обид за наметнување човечки пресметки врз самата природа-субјектот го предодредува објектот.

Суета невидена...

Вселената не е толку голема колку што астрономите сакаат да ни ја предочат, оти така голема Вселена, со неверојатни светлосни години и катаљони километарски растојанија, сами по себе се бесмислица. Која ли е таа цивилизација која може да произведе објект кој ќе може да ги совладува тие незамисливи меќугалактички растојанија?

Религиите, барем мојата, има свои догми и тоа се вистини кои се неменливи и сосема доволни за еден човечки памет и еден човечки живот.
 
Религиите, барем мојата, има свои догми и тоа се вистини кои се неменливи и сосема доволни за еден човечки памет и еден човечки живот.
Избришаното од цитатот не би го коментирал.... зошто е бесмислица.... и наклапање

...тоа оставеното ...
... само накратко... еден човечки живот е ништо во споредба со вечноста
... и хелиоцентричниот систем беше догма а сега е исфрлен ко неточен и заблуда...
... кога би се заебавал би рекол, рамноземјашите имаат повеќе право
... еве негде прочитав Саудиска арабија и околина .... дозволиле украсување и прославување на божиќ... бидејки не е во спротивност со новото толкување на Исламот.
Автоматски споено мислење:

Вселената не е толку голема колку што астрономите сакаат да ни ја предочат, оти така голема Вселена, со неверојатни светлосни години и катаљони километарски растојанија, сами по себе се бесмислица. Која ли е таа цивилизација која може да произведе објект кој ќе може да ги совладува тие незамисливи меќугалактички растојанија?
Уште ова....

сега кое е точно ... „катаљони километарски растојанија, сами по себе се бесмислица.“ или „незамисливи меѓугалактички растојанија“?
Не може и едното и другото едновремено
... рано е за меѓугалактички растојанија, прво треба да се решат меѓуѕвездените растојанија...

... кога сме кај совладување на тие растојанија .... па само до пред пет, шест века прекуокеанските патувања беа табу а денес се прашање на неколку саати така да после неколку стотини години може се да се случи.
...јбг... догма е дијалектиката .. се се движи се се менува и развива...

п.с. Еве и Трамп најавил дека на почетокот на фудбалското првенство ќе ја симнел тајната за контактите со вонземјаните.... вели, дојде времето и за тоа
 
Последно уредено:
На планетарно ниво е друго.
Мајка вода, татко слн'це, сс помош на хемиски процеси, физички закони и идеални егзо услови, и те како се побива божја креација. За сфест ке остану воздржан.Или сфес се развила како и сфе друго у природу. Или има некој ванзенаљски импакт. А туј се отфара прашање, кој га развија тј екстратерестриал сфест?
Тоа е се што треба? Ако животот беше толку чест во универзумот, зошто знаеме само за живот овде?
 
Тоа е се што треба? Ако животот беше толку чест во универзумот, зошто знаеме само за живот овде?
Само поради две работи!
Просторни и временски проблеми засега.
 
Само поради две работи!
Просторни и временски проблеми засега.
Не сте ни свесни колку сте религиозни:
https://www.scientificamerican.com/blog/guest-blog/maybe-life-in-the-cosmos-is-rare-after-all/

Баш денес прочитав како мозокот бил најсложената структура во универзумот. Го заменивме геоцентризмот со невроцентризам. И се убедивме дека е напредок.
 
Избришаното од цитатот не би го коментирал.... зошто е бесмислица.... и наклапање

...тоа оставеното ...
... само накратко... еден човечки живот е ништо во споредба со вечноста
... и хелиоцентричниот систем беше догма а сега е исфрлен ко неточен и заблуда...
... кога би се заебавал би рекол, рамноземјашите имаат повеќе право
... еве негде прочитав Саудиска арабија и околина .... дозволиле украсување и прославување на божиќ... бидејки не е во спротивност со новото толкување на Исламот.
1. Од кај знаеш дека постои вечноста?
2. Кога и каде си ја видел вечноста?
3. Колку години трае вечноста?

И...

И хелиоцентризмот не е точен...велат дека целиот Сончев систем се наоѓа во надворешен крак од нашата галаксија и се „врти„ околу средиштето од галаксијата.

А велат и дека нашава галаксија „пичи„ низ Вселената во непозната насока...

Да....жими мајка....тоа го виде баба ми покојна.
Автоматски споено мислење:

Уште ова....

сега кое е точно ... „катаљони километарски растојанија, сами по себе се бесмислица.“ или „незамисливи меѓугалактички растојанија“?
Не може и едното и другото едновремено
... рано е за меѓугалактички растојанија, прво треба да се решат меѓуѕвездените растојанија...

Играта со зборови не ти мења ништо суштински.

И меѓуѕвездените и меѓугалактичките растојанија, како што велат „очевидците„, се преголеми за совладување со било какво од човекот исконструирано летало.
Автоматски споено мислење:

... кога сме кај совладување на тие растојанија .... па само до пред пет, шест века прекуокеанските патувања беа табу а денес се прашање на неколку саати така да после неколку стотини години може се да се случи.
...јбг... догма е дијалектиката .. се се движи се се менува и развива...

Ама секако дека се совладливи...со доволна количина од бујна фантазија, како онаа од Саган, можеме да патуваме низ целата вселена, кај и кога ќе посакаме.

Патем кажано, ограничената Земја и измерливите растојанија меѓу две точни на Земјава се неспоредливо поблиски од било кое космично патување.

Еве на пример, штом Маск успее да стигне на Марс со човечка посада (еден убав ден...) ќе патуваме и до Марс...како туристи.

А до тогаш ќе остане сомнежот за „качувањето„ не на Марс, туку на Месечината, која е неспоредливо поблиска од Марс.
 
Последно уредено:
1. Од кај знаеш дека постои вечноста?
2. Кога и каде си ја видел вечноста?
3. Колку години трае вечноста?

Играта со зборови не ти мења ништо суштински.

И меѓуѕвездените и меѓугалактичките растојанија, како што велат „очевидците„, се преголеми за совладување со било какво од човекот исконструирано летало.
Автоматски споено мислење:

Патем кажано, ограничената Земја и измерливите растојанија меѓу две точни на Земјава се неспоредливо поблиски од било кое космично патување.

Еве на пример, штом Маск успее да стигне на Марс со човечка посада (еден убав ден...) ќе патуваме и до Марс...како туристи.

А до тогаш ќе остане сомнежот за „качувањето„ не на Марс, туку на Месечината, која е неспоредливо поблиска од Марс.
Зеленото ... под 1... глупо прашање
под 2 ... вечноста е временска димензија
под 3 ... бесконечно

црвеното ... не е игра на зборови... само е констатитарана твоја противречност

болдот .... конструирањето и не е некој проблем ... проблем е потребното време за патување а човечкиот екипаж да не остари и умре...ене го Војаџер 1 и 2 веќе патуваат во меѓуѕвезден простор...

жолто ... збориш од денешен аспект на познавањето на големината на планетава.... „прашај“ го морнарот од пред 1000 и кусур години веслајки колку проаѓал дневно .... поморството главно било по медитеранот и приобално по Атланскиот океан, за Тихиот и појма немале

Маск е бизнисмен и фантазер кој за среќа има средства да проба да си ги оствари реалните фантази,
фантазии.... пре би ги нарекол.. желби и мечти... да се нешто постигне, па целиот напредок на цивилизацијава е остварен по нечии фантазии...
фантазии... па можда и ти и јас фантазираме да имаме 30 метарска јахта и да си го прчиме по морињата и океаните, ама цврц, тешко тоа, никако ,пусти соништа ... но тоа не значи дека некој друг не може да си ја оствари таа фантазија

За Месечината .... добро знаеме за „привлечноста“ на теориите на заговор...

п.с. многу често употребуваш .... си, ја, го ... видел, како клучен аргумент за доказ, па би те прашал дали ти си го видел господ?
а, бе ... пробуваш нешто да кажеш ама не знаеш како па се заплеткуваш во противречности и небулози... но и покрај тоа ја ценам твојата упорност да си стоиш на твоите убедувања па макар биле точни, неточни или негде измеѓу двете....
 
Брао Воне, одра га : D
Не е поентата во нечие дерење.... или разубедување тоа и не ми е намера...
.... само сакам да дискутираме без предрасуди на таа вечно интересна тематика...
 
Очигледно оваа банда атеисти не знае што е телеологија, мисли дека некоја енергија од надвор (што и да значи тоа) го создала универзумот, дека сонце и вода е се што треба за да создадеме живот (можда треба да кажеме дека животот почнал со тоа што семки слетале на некој метеор за глупоста да се надмине себеси). Со вакви атеисти, теизмот има иднина.
 
Олабави ги малку атеистите, моментално се на апарати после све ова со Џефри.
 
У кој бог веруеш ти?
Тоес на кој начин га интерпретираш, зшто
нели еден е...?

Олабави ги малку атеистите, моментално се на апарати после све ова со Џефри.
Само обичну клаѓу пишују брат, кец, двојка, икс, три плус, на апарати никад не сам бија
:D
 
Само обичну клаѓу пишују брат, кец, двојка, икс, три плус, на апарати никад не сам бија
Абе ти и не си атеист....ти си повеќе агностик. Атеистиве се циркузи овие два три дена, немало сатанизам овие переле пари.
 
Абе ти и не си атеист....ти си повеќе агностик. Атеистиве се циркузи овие два три дена, немало сатанизам овие переле пари.
Знам брат, ама и окултни оргие или ритуали, не су доказ дека Луцифер или Бафомет постоиф.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom