Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Кога ги гледам групите и патот кој Хрватска го помина за да стигне до полуфинале, не може да не помислам што ќе се случеше доколку ние го имавме истиот тој распоред на натпревари.
Или уште појјако, што ќе се случи ако за година или две на некое првенство ние добиеме таков распоред.

Знам дека муабетов е малку и баба да беше машко ќе беше дедо, само пустата желба за некој поголем успех не ми дава да седам мирен.:D

Грузија, Холандија, Швајцарија, Исланд, Словенија(која е осакатена поради еден куп повреди на играчи) и Унгарија(која во последниот натпревар немаше резултатски мотив за победа, освен бркање подобар пласман).

Отварање на првенството против Грузија, во таков натпревар ние сигурно би биле фаворити, верувам дека и би го добиле.
Втор натпревар против Холандија која игра без Смитс и цела игра им зависи од Лук Стеинс.
Играат брз ракомет кој традиционално не ни одговара, против нас би биле благи фаворити, ама кога можеше против Португалија да извлечеме реми, сигурно со таква игра и пристап кон натпреварот би ја добиле Холандија, која е далеку послаба од Португалија.

Во такво сценарио во втора фаза пренесуваме 2 бода и прв натпревар играме против Швајцарија.
Пред првенството на пријателската ги победивме, предходното Европско исто ги победивме, традиционално секогаш ги добиваме во резултатски тесни натпревари.
Со победа над нив одиме на 4 бода што во најмала рака е топ 8 на првенството.
Вака кога ќе погледнеш, само со победи против Грузија, Холандија и Швајцарија, што воопшто не е невозможно сценарио, ќе бевме најмалку осмо место.

После ќе имавме директна борба за полуфинале против Исланд и Словенија која на ова првенство играше без цела прва постава(Влах, Зарабец, Митја Јанц, Малус, Благотиншек, Цехте...).

Последно коло против Унгарија која резултатски немаше некој мотив, плус психички беа утепани од кражбата која им ја приредија против Шведска.
Немаа ни 24 часа пауза од тој натпревар до оној со Хрватска во последно коло.
Да нагласам и дека ние со истата таа Унгарија лани изигравме нерешено каде имавме и напад за победа.

Можеби делува бајковито и поради распоредот на шеширите пред ждрепката за групи е тешко да извлечеме нешто вакво, ама никогаш не се знае.

Не сакам да правам и некоја лажна слика и да наметнувам нереални очекувања, само сакам да претставам дека со поклопување на коцките и малку среќа, повторување на некој успех како тој на Европското во Србија и не е толку невозможна мисија.

Ако почне Горига да игра за нас и се вклопи добро во цела концепција на репрезентацијата, Фитиљот да ја држи оваа форма, браќата Митеви заедно со Галевски и Стојковиќ да напредуваат наредните година - две(имаат голем потенцијал за нешто такво), тогаш оваа репрезентација ќе биде најмалку за едно ниво подобра, плус кај сите играчи ќе има многу поголемо искуство од играње на големи натпревари.

Мечка во еден поткаст кажа дека Кире потајно наметнува во иднина борба за медал.
Кој верува во чуда, тој и прави чуда.:D
 
Ова го напиша, како да имаме ние пола тим во бундес лига, а пола во француско првенство, па и физички и психички да се носиме со тие репрезентации.
Да, можеби на хрватите им се поклопија коцките и се тоа стое, ама пак уште се некое ниво погоре од нас, можеби за некоја година кога дел од овие играчи нема да играат ракомет и дојдат нови генерации, тогаш можеме да зборуваме и да се споредуваме со нив.
Ние играме ракомет на ура и мотивација, исто е и во фудбал и во секој спорт, прост пример е мечот против Португалија, а одма контра пример е мечот против Романија кој на крај можеше и да го изгубиме. Го имавме и имаме Кузмановски и тоа е тоа, другите шутери се на ниво на Талевски на кој му се смеевме дека не може да го погоди голот.

Да не си се залажуваме дека сме репрезентација од поголем ранг, ова 14 место е можеби реален резултат.
 
Тешко на некого да му се погоди ваква ждрепка во иднина. Разликата беше толку голема што последниот од првата група би бил прв во втората.
Една Швајцарија, која редовно ја чукаме, да не се изглупираше на велико на две утакмици кај што водеше по 9 и 7 разлика на 20 минути пред крај ќе се бореше за полуфинале до последно коло.
 
Кога ги гледам групите и патот кој Хрватска го помина за да стигне до полуфинале, не може да не помислам што ќе се случеше доколку ние го имавме истиот тој распоред на натпревари.
Или уште појјако, што ќе се случи ако за година или две на некое првенство ние добиеме таков распоред.

Знам дека муабетов е малку и баба да беше машко ќе беше дедо, само пустата желба за некој поголем успех не ми дава да седам мирен.:D

Грузија, Холандија, Швајцарија, Исланд, Словенија(која е осакатена поради еден куп повреди на играчи) и Унгарија(која во последниот натпревар немаше резултатски мотив за победа, освен бркање подобар пласман).

Отварање на првенството против Грузија, во таков натпревар ние сигурно би биле фаворити, верувам дека и би го добиле.
Втор натпревар против Холандија која игра без Смитс и цела игра им зависи од Лук Стеинс.
Играат брз ракомет кој традиционално не ни одговара, против нас би биле благи фаворити, ама кога можеше против Португалија да извлечеме реми, сигурно со таква игра и пристап кон натпреварот би ја добиле Холандија, која е далеку послаба од Португалија.

Во такво сценарио во втора фаза пренесуваме 2 бода и прв натпревар играме против Швајцарија.
Пред првенството на пријателската ги победивме, предходното Европско исто ги победивме, традиционално секогаш ги добиваме во резултатски тесни натпревари.
Со победа над нив одиме на 4 бода што во најмала рака е топ 8 на првенството.
Вака кога ќе погледнеш, само со победи против Грузија, Холандија и Швајцарија, што воопшто не е невозможно сценарио, ќе бевме најмалку осмо место.

После ќе имавме директна борба за полуфинале против Исланд и Словенија која на ова првенство играше без цела прва постава(Влах, Зарабец, Митја Јанц, Малус, Благотиншек, Цехте...).

Последно коло против Унгарија која резултатски немаше некој мотив, плус психички беа утепани од кражбата која им ја приредија против Шведска.
Немаа ни 24 часа пауза од тој натпревар до оној со Хрватска во последно коло.
Да нагласам и дека ние со истата таа Унгарија лани изигравме нерешено каде имавме и напад за победа.

Можеби делува бајковито и поради распоредот на шеширите пред ждрепката за групи е тешко да извлечеме нешто вакво, ама никогаш не се знае.

Не сакам да правам и некоја лажна слика и да наметнувам нереални очекувања, само сакам да претставам дека со поклопување на коцките и малку среќа, повторување на некој успех како тој на Европското во Србија и не е толку невозможна мисија.

Ако почне Горига да игра за нас и се вклопи добро во цела концепција на репрезентацијата, Фитиљот да ја држи оваа форма, браќата Митеви заедно со Галевски и Стојковиќ да напредуваат наредните година - две(имаат голем потенцијал за нешто такво), тогаш оваа

репрезентација ќе биде најмалку за едно ниво подобра, плус кај сите играчи ќе има многу поголемо искуство од играње на големи натпревари.

Мечка во еден поткаст кажа дека Кире потајно наметнува во иднина борба за медал.
Кој верува во чуда, тој и прави чуда.:D
Tе сфаќам бидејќи и ја се јадам за тие работи ама реалноста е друга.Хрватска има бар минимум три фактори кои комплетно идат на нивна страна , али она 100%. Прво квалитет на играчи , пред се создавање на квалитет од млади генерации кои се физички супериорни од нашите.Направи само споредба помеѓу ракометарите ќе ти стане јасно. Значи квалитетот што е најважно е на нивна страна. Кога збориме за квалитет мислам на секоја позиција бидејќи они се репрезентација која напаѓа подеднакво од секоја позиција а не се лимитирани како нас. Друга ствар која предничи кај нив е менталитетот и љубовта кон државниот дрес. На секој натпревар имаат крв у очи , говорот на тело им е феноменален и го имаат оној фајт момент без респект кон било кој противник. Ние тоа го немаме, или е некоја моментална блага форма.Кај нас до ден денес пола и више репрезентација имаат исплашени фаци кога играат на големи натпреварувања , се така не можеш бидеш Хрватска. Се слагам дека и на Хрватска и се погоди групата да дојде до полуфинале , ама далеку од тоа дека беше толку лесен патот. Пак беа тоа захтевни мечеви кои доколку Хрватите го немаа тој квалитет и менталитет немаше да успеат никако да стигнат до тука. Јас мислам дека балансот кој го имаат направено на играње пред се одбрана и напад им е одличен. Од секад ме фасцинирало како хрватите ја сфаќаат и играат одбраната , тоа им е најголем плус во играта. Играат како еден , и најважно ја сфаќаат многу добро таа игра.Точно знаат кога и каде покриваат. Ние се креваме полека на тоа поле , меѓутоа се уште сме многу далеку. Исто така нивните голмани и покрај тоа што не ги исполнија до крај очекувањата на ова ЕП, и покрај тоа , према нашите се Нилсен и Волф, а тоа е еден од најважните елементи во ракометот. Се надевам дека еден ден ќе успееме да ја стигнеме Хрватска и да се радуваме на медал на големите натпреварувања.
 
Кога ги гледам групите и патот кој Хрватска го помина за да стигне до полуфинале, не може да не помислам што ќе се случеше доколку ние го имавме истиот тој распоред на натпревари.
Или уште појјако, што ќе се случи ако за година или две на некое првенство ние добиеме таков распоред.

Знам дека муабетов е малку и баба да беше машко ќе беше дедо, само пустата желба за некој поголем успех не ми дава да седам мирен.:D

Грузија, Холандија, Швајцарија, Исланд, Словенија(која е осакатена поради еден куп повреди на играчи) и Унгарија(која во последниот натпревар немаше резултатски мотив за победа, освен бркање подобар пласман).

Отварање на првенството против Грузија, во таков натпревар ние сигурно би биле фаворити, верувам дека и би го добиле.
Втор натпревар против Холандија која игра без Смитс и цела игра им зависи од Лук Стеинс.
Играат брз ракомет кој традиционално не ни одговара, против нас би биле благи фаворити, ама кога можеше против Португалија да извлечеме реми, сигурно со таква игра и пристап кон натпреварот би ја добиле Холандија, која е далеку послаба од Португалија.

Во такво сценарио во втора фаза пренесуваме 2 бода и прв натпревар играме против Швајцарија.
Пред првенството на пријателската ги победивме, предходното Европско исто ги победивме, традиционално секогаш ги добиваме во резултатски тесни натпревари.
Со победа над нив одиме на 4 бода што во најмала рака е топ 8 на првенството.
Вака кога ќе погледнеш, само со победи против Грузија, Холандија и Швајцарија, што воопшто не е невозможно сценарио, ќе бевме најмалку осмо место.

После ќе имавме директна борба за полуфинале против Исланд и Словенија која на ова првенство играше без цела прва постава(Влах, Зарабец, Митја Јанц, Малус, Благотиншек, Цехте...).

Последно коло против Унгарија која резултатски немаше некој мотив, плус психички беа утепани од кражбата која им ја приредија против Шведска.
Немаа ни 24 часа пауза од тој натпревар до оној со Хрватска во последно коло.
Да нагласам и дека ние со истата таа Унгарија лани изигравме нерешено каде имавме и напад за победа.

Можеби делува бајковито и поради распоредот на шеширите пред ждрепката за групи е тешко да извлечеме нешто вакво, ама никогаш не се знае.

Не сакам да правам и некоја лажна слика и да наметнувам нереални очекувања, само сакам да претставам дека со поклопување на коцките и малку среќа, повторување на некој успех како тој на Европското во Србија и не е толку невозможна мисија.

Ако почне Горига да игра за нас и се вклопи добро во цела концепција на репрезентацијата, Фитиљот да ја држи оваа форма, браќата Митеви заедно со Галевски и Стојковиќ да напредуваат наредните година - две(имаат голем потенцијал за нешто такво), тогаш оваа репрезентација ќе биде најмалку за едно ниво подобра, плус кај сите играчи ќе има многу поголемо искуство од играње на големи натпревари.

Мечка во еден поткаст кажа дека Кире потајно наметнува во иднина борба за медал.
Кој верува во чуда, тој и прави чуда.:D
Разликата е во тоа што Хрватска беа во прв шешир за ждребот за групите и затоа волку лесни противници. Ние прв шешир можеби за 80 години ќе бидеме. Да бидеме реални за медал можеме да сонуваме долго време. За било каков медал потребно е да победуваме против големи репрезентации. Последната победа против голема репрезентација ни е против Данска во 2021 за квалификации на европско. А на европски и светски првенства последен позитивен резултат ни е нерешено со Германија во 2018. Од тогаш апсолутно сите големи репрезентации ни чукаат 10+ гола разлика, немаме ниту еден достоен пораз. ( кога велам големи репрезентации се разбира дека мислам на Франција, Шпанија, Германија, Шведска, Хрватска, Данска.... не на Португалија кои почнаа ракомет да играат пред 5 години)
 
Да не си правиме бајрам со паметот, Хрватска не победи на подготовките со втор тим.

Нејќам да звучам песимистички, ама ние ќе загубевме од сите во втор круг.
Настрана квалитетот со кој кубуриме, распоредот во вториот круг беше пеколен, така што ние со просечни играчи од македонско првенство кои играат еден лесен натпревар во неделата, ќе крахираа после вториот меч. Хрватска победи 2 клучни меча во 2 дена за да влезе во полуфинале. И кога тие беа осакатени од повреди, што ќе се случеше со нас?
Нашите ниту имаат кондиција, ниту квалитет за таков ритам кој реално е скроен за скавдинавците.

Желбите се едно, меѓутоа реалноста друго. Ние на времето кога имавме речиси солиден прв тим, немавме поголем успех и паѓавме после третиот меч, не пак сега.
 
Украина не е толку лоша. Турченко и Тимотцки (или како беше) добри шутери се, солиден пивот имаат.
 
Нели на почетокот рекоа победникот од Грција-Белгија?
 
Одлична ждребка, можеби единствен пех е што втората е на гости. Било која од овие две екипи треба два пати да се победи. Јас мислам дека најверојатно со Словачка би играле. Нијанси ќе решаваат меѓу нив и Украина. Ако играме со Словачка, тие почнуваат да градат некои млади селекции и во машка и во женска конкуренција. Кадетите нивни млади ги размлатија Црногорците и Холанѓаните, ама на сениорско ниво би требало 10 разлика во Борис да ги треснеме минимум. :toe:
Ова 14 место мислам дека не води во позиција да бидеме втор шешир на светско првенство (баш оној последен воз). Египет би требало да е прв шешир и една јужноамериканска репрезентација во втор (кој и да е победник таму) поради успехот на Бразил на последното СП. Така да дечки јуриш на две победи против било која од овие две екипи. Украина веќе лесно ја победивме без посебно замарање, ама на баражот треба максимум против било кој (не знам зошто ама мислам со Словачка ќе играме).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom