Ќе треба и еден класа штопер, пошто крпеница е работава со Де Лихт, Лисандро и Мегваер. Топ се, ама не се стабилни со повредите. Добар бекап шпиц ќе треба за да ротира со Шешко. Шо исто не треба да биде примарен лев бек во сериозни тимови, поради истите причини со повреди.
Штета ги испуштивме Гехи за ситни пари и Семењо, ќе решевме уште две дупки во составот. Гледаме со Куња и Мбуемо која е разликата кога купува ПЛ прувен наспроти мачка во вреќа од Португалија, Холандија, Италија...
Главна трансфер цел треба да ни биде Андерсон. Не треба да се жалат пари за него. Секако ќе ни треба уште еден играч во средина, можеби и двајца ако си оди и Угарте.
За штопер Ван де Вен ми прави ќејф но кокошките ќе не одерат за него. За лево крило можеби Мане од Волвс интересен млад играч, има само 18 години и ќе е достапен за пониска сума.
За шпиц јас би одел ол ин на Алварез. Класа шпиц, докажан и различен профил од тоа што имаме. Ја знае лигата, го знае градот.
Јас би ги поделил вака летните цели:
Играчи за кој би потрошиле богатство но инстантно би го подигнале квалитетот на стартните 11:
Андерсон, Алварез, Ван де Вен.
Играчи кој би ни дале длабочина во составот: Невеш/Вортон, Мане, десен бек
Сепак во моментов е најважно да победиме се до крајот и да се надеваме екипите пред нас да киксаат.

