Кеј,
ретко сме виделе секуларна/нерелигиска архитектура на Византијците, пошто настрана од Црквите во Охрид, ништо не е останато. Мал поглед дава Палатата на Порфирогенитите (родени во пурпурно им значи презимето) во Цариград, но оваа не е ни од близу она во што живееле Византијците.
Одаите биле украсени со лиљаков мермер увезен од Египет. Имало завеси од Тиријан пурпурна свила.



Империјалната палата била далеку пообемна од оваа одаја, која воглавно служела само за раѓање на кралевите.
Била десно од Стадионот - Хиподрумот и била масивен комплекс од неколку добро опишани градби, меѓу кои познатиот влез наречен Чалке - бронзена порта со мозаици, палатата Дафне, потоа Хрисотриклиносот - во форма на Октагон со купола во кој имало соба со Престол кој бил чуван од два златни Лавој и бил подвижен со хидраулична моќ, односно при церемонии се кревал нагоре за да покажи кој е Кралот хехе. Можам да ги замислам Мономахос (за овај запишале дека бил ултра згоден <3, го има и на мозаици гуглајте го) и Василиј како седат на него на византиски банкети хаха.
Потоа палатата Букелеон (бик и лав) изградена на самиот раб од Босфорот - со тераси директ над морето. До неа имало вештачки изградена марина (на која стоела статуа од Лав и Бик кој се борат) и тврдини кои со синџири и порти го затворале Босфорот - за тој кој сакал да помине низ овај Византиски имот, да наплати ДЕБЕЛИ такси.

Палатите биле украсени со зелен мермер од островот Тинос крши Атина и златни мозаици.
Влезот во Бигорски денес е изграден од 4 столбови од ваков зелен мермер, купен е од Грција.
Нареден пат кога че видите просечна Српкиња кај шо прај грчка музика знајте само едно - дека стреми кон ова.
Нареден пат кога че видите просечен Србин кај шо игра фудбал за АЕК во Атина, знајте дека стреми кон ова.
Добар дел од вас не сваќаат кој играч била Византија, светска моќ и апсолутен доминатор со кој ретко кој имал храброст да си игра. Дури и Атила кога ги видел портите и ѕидините на градот напрајл налево круг и бришка. Имале бродови кој ги полнеле со некој хемиски рецепт и пукале со оган, со ова на море ги палеле бродовите на противници.

Се жал се распадна однатре. Ко секоја друга голема моќ. Ко балканот денес.
Моите балканци се мојата најголема love-hate врска која ја имам. Од една страна ти е мило и чест да си она што си. Од друга страна ко че видиш какви гадурии од поединци има си велиш да палам патиките и да бегам.