Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
По ова првенство Лазаров да се смени... Ни м од модерен ракомет , а најголемиот дел од играчите се од Алкалоид каде тој е тренер... Многумина не би требало да играат во репрезентација Пешевски не заслужува повик
 
По ова првенство Лазаров да се смени... Ни м од модерен ракомет , а најголемиот дел од играчите се од Алкалоид каде тој е тренер... Многумина не би требало да играат во репрезентација Пешевски не заслужува повик
Кого би викнал ти и место кој играч?
 

Лазаров: Заслуживме да имаме повеќе​


Ненад Костески: Сите треба да сме задоволни, овој тим оди напред!​


 
Кого би викнал ти и место кој играч?
Николов по мене има поголем потенцијал од двајцава, но мора да влезе во системот кај Лазаров и таму да се надградува. За еден од Велковски или Серафимов ми мириса дека ова веројатно е последно првенство.
 
Треба да ни стане јасно дека и ова ни е многу со оглед на тоа што до пред 3 години на СП губевме по 10 од Аргентина и мака мачевме со држави како Јужна Кореја. Тие се играчите со кои што располагаме реално и нема некои што не се викнати а би можеле да придонесат многу во моментов освен Манасков. Се додека не почнат да одат во странство нашите играчи ова ќе е максимумот на репрезентацијата. Зарем Кире ќе беше играчот што беше ако секој викенд играше со екипи како Бутел и Пролет и чат пат некое дерби?
 
Страшно колку ни пораснале апетитите и летаме во облаци со очекувањата, на моменти додека ги читам коментарите туѓ срам ме фаќа, мислиш Данска сме па сега голем неуспех е што не одиме во следна фаза, а всушност ова е ни е само ОСМА ПОБЕДА НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО.

Според квалитетот што го имаме за нас е успех што воопшто сме редовни на големи натпреварувања, ова ни е во низа ПЕТНАЕСЕТО ГОЛЕМО НАТПРЕВАРУВАЊЕ, многу поквалитетни репрезентации од нас не можат да се пофалат со такво нешто.

Пред првенството реална цел ни беше само победа против Романија за евентуален полесен противник во баражот за наредното Светско, тоа е остварено.
Додека сo ремито и играта што ја прикажавме против Португалија, сигурен сум дека далеку ги надминавме очекувањата и го изненадивме секој човек што следи ракомет и кога не е Јануари.

Без разлика што денес во вториот дел од второто полувреме потфрливме и го доведовме натпреварот во неизвесна завршница, најбитно е што на крај победивме, така да нема потреба за никаквo ширење на негативна енергија и беспотребно плукање по играчите, секој што ја следи активно репрезентацијата може да види дека имаме напредок во играта и на добар пат сме да го продолжиме континуитетот со настапи на големи натпреварувања.

Јас можам да кажам дека сум задоволен од тоа што го одигравме на ова првенство.
 
Па да, ама толку време да се спремавме, требаше да имаме барем убедлива победа, а не ваква на стаклени нозе.
После лудата утакмица со Португалија и физички и емотивно празнење , јас мислев дека и ќе изгубиме од Романците , знаејќи го нашиот мозок
 
Мислам и шампиони да станеме пак ќе има негативни коментари.. точно, паднаа денес под притисок, бевме и безидејни, но пак целта на ова ЕП е остварена. За споредба, Македонија на ова ЕП има само 25 грешки на 3те натпревари (8.3 просек по натпревар), а тие бројки на СП 2023 и ЕП 2024 беа 44 (14.6) и 49 (16.3). Доволен доказ за унапредувањето во играта.

Денес пред натпреварот, МРТ дадоа интервју со романски ракометар кој изјави одбраната ни била најака страна.. ние кои до скоро на првенствата примавме над 30 гола по натпревар (на СП 2023, во преелимимарна фаза имавме просек 36 примени гола по натпревар). Огромен е напредокот што го има оваа репрезентација, и каков и да е, Кире знае што прави и заслужува огромна почит за сработеното.
 
Сите што плукаат по Киро, можат за кур да му се фатат само и зборат само за инает или појма немаат од ракомет, трето нема. Го вади максимумот од оваа репрезентација, со глава гарантирам дека било кој друг да беше селектор немаше ништо повеќе да извлечи последните години од ова, можи да беше само полошо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom