Дали можеби треба да се укине задолжителното здравствено осигурување? Сакаме капитализам, треба да живееме во капитализам, а ова е една од најнекапиталистичките мерки во светот. Зошто некој да плаќа за услуга која никогаш нема да ја искористи? Или зошто да плаќам за услуга која не ја користам, а кога ќе ми затреба, да не можам да ја искористам? Оној што сака да продолжи да плаќа нека продолжи, а оној кој не, парите се негови, нека ги алоцира онаму каде што си сака. Еве, најбазично, немале вакцина против тетанус, луѓето сами си ја купуваат!
Сите аргументи биле ставени на маса, денес не ми треба, уште можеби ќе ми треба, солидарност, јавно добро, лични финансиски средства...нема да навлегувам со дискусија зад логиката на оваа мерка т.е. политика.
Сега, простор за алтернативи не е оставен (приватното е само дополнително), затоа што нема ни реална потреба! Онака, чисто провокативно мислење, пошто нели, државата ни мисли најдобро и она секогаш е во право. Затоа сме дојдени до оваа состојба, ништо не се инвестира во здравство, и често сме украсени со епитетот „најлошо" проследено со зборовите: „здравство во Европа". А пази, се зема наменски кредит и за инвестирање во здравството!
Ако веќе си го обврзал да плаќа, треба да ги анулираш сите бариери со цел граѓанинот лесно да дојде до услугата за која уредно и редовно си плаќа.
1.500 пациенти, со 230 работни дена (со одземен годишен одмор) годишно, се 6,5 пациенти на ден. Башка активна е картата "врски", оној кој нема врски, и не е приоритетен или "приоритетен", или достојно ќе си чека или ќе си умре чекајќи. Никого нит индиректно напаѓам, нит пецкам, нит провоцирам, нит нервирам, само гласно размислувам за проблемите кои први испливуваат на површина при размена на само неколку мислења. Реалноста е таа, вината е наша.
Здравствениот систем ни е поставен на многу погрешни постулати. Вака поставен, не може да биде јавно добро во буквална смисла на зборот.
