Фан Клуб: Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата јас
  • Време на започнување Време на започнување
Кога сме веќе кај составите, овај состав на ФК Пелистер за мене е еден од подобрите, се работи за сезона 97/98 во состав, Новевски, Рутевски, Стисниовски, Ставревски, екс селекторо Игор Мрме Ангеловски, Димов, Саше голмано, Николче Здравевски, и да не ги заборавиме првите бразилци во Битола, Џеферсон (шпиц) и Алвес (центар халф). Таа сезона немаше организирано навивање во есенскиот дел од сезоната поради бојкотот на Чкембари, се сеќавам му зедовме бод на Вардар сред Скопје и то на славењето на 10 годишнината од формирањето на Комитите, во пролетниот дел се вративме на матичната трибина со организирано навивање, го тепавме Вардар 3:2 и малце фалеше да обезбедиме пласман во купот на УЕФА.
 
Attachments

  • img394.jpg
    img394.jpg
    1,3 MB · Прегледи: 45
@Goran Bt таа е причината шо никој нема надеж со фудбалот и ќе е празен стадионот, на стадион немам ојдено преку година дена на Пелистер оти е тежок башибозок и не гледам надеж, ниту план, ниту визија за асолно работење, се е видено веќе иста слика 30 години, скурчено му е на сите, ниту во следните 10 години ќе биди нешто поарно, се вака ќе се турка како до сега....
Како шо кажа егото и суетата на сите, како на татко му да е клубот, а не на градот, си го напрај своето да сме на ова дереџе.
За промашените играчи да не прам муабет, тие ни треторазредни срби не се, овде да му плаќаш двојно повеќе финанси за нив, а дошле тука од тимови од србија, шо искрено не знаев ни дека постојат, ама не се криви тие, крив е тој шо ги донесе и треба да одговара и да си плати пенали за овај криминал, ова ти е исто како некој од општинските од Битола од Вашерејца или Беранци да земиш некое копито и да го пуштиш србија да игра 1 лига, ама пак ќе кажам ич не ми се криви играчите, Пелистер за нив во кариерата му е како во Бундес лига да потпишале....
Од ко дојде играорецот јас ми беше како ден дека нема да не биди сезонава, чекаја и чекат да се распаднат и да ги исфрлат Шкупи и Башкими па лагано да се опстанати со лигата, иначе печени сме за 2 лига, ние со толку одвоени средства да сме на дното во ова помочана лига, па не знам шо да кажам. Не заслужва толку пари фудбалот, тие пари нека одат инфраструктура барем нештото ќе остани трајно, вака спичкани пари за 12 месеци и другата година јово на ново дај пак, не ја научија лекцијата веќе времиња...и после имало револт, е ќе има !!
А за работата на клубојте тие шо се борат за Европа, можиме да му се фатиме за најдолгото влакно од јајцата, ние сме далеку зад нив од такво работење. Па со ова враќањето на Стеф и на Кире сега, нема каде и ај кај нас како битолчани демек елате тука завршете ги кариерите, а тие моментално ни Поешево не можи да играт, капак ќе биди уште Брда да го вратат и нека ја исклучи последниот ламбата во клубот....
Кратење на буџетот и праење тим за стабилен прволигаш од средина на табелата оти од Европа сме далеку, или втора лига и нека не се враќат ич џабе нерви и трошење непотребно пари, ни се скурчи на сите од падни стани клуб. Не ги болат парите и си играт ташак со нас, да ги удриш по џеб одма како пауни ќе се исправат.
Го заборај и битолскиот Бекам,мацата и таман нека се пријават во јуниор куп на а1 шо одеше.
 
Кога сме веќе кај составите, овај состав на ФК Пелистер за мене е еден од подобрите, се работи за сезона 97/98 во состав, Новевски, Рутевски, Стисниовски, Ставревски, екс селекторо Игор Мрме Ангеловски, Димов, Саше голмано, Николче Здравевски, и да не ги заборавиме првите бразилци во Битола, Џеферсон (шпиц) и Алвес (центар халф). Таа сезона немаше организирано навивање во есенскиот дел од сезоната поради бојкотот на Чкембари, се сеќавам му зедовме бод на Вардар сред Скопје и то на славењето на 10 годишнината од формирањето на Комитите, во пролетниот дел се вративме на матичната трибина со организирано навивање, го тепавме Вардар 3:2 и малце фалеше да обезбедиме пласман во купот на УЕФА.
Џате :pijanco:

Кае Мрме на сликата, неможам да го препознам?

Пола екипа носи lotto опрема, пола adidas :ROFLMAO:
 
Џате :pijanco:

Кае Мрме на сликата, неможам да го препознам?

Пола екипа носи lotto опрема, пола adidas :ROFLMAO:
Лото опремата беше донација ама тој што ја донираше беше сељаче и затоа го нема амблемот на Пелистер, а адидас дресовите се нешто од Општина Битола и спонзори.
 
Кире Ристевски на позајмица ни го пуштиле шум-љум. :busi:

1М еур буџет дами и господа. :facepalm:

Киј криминал се дешава тука човече, страшна пара крадат општинарите од клубот. Зато сакат и ракометот да си го вратат целосно под ооштинска капа, за да можат и таму шеми да прат.
 
Нема пилот во авионот се е во слободен пад !
Не толку буџетот многу е по мал но тоа не битно и знајш шо е најјако шо Кире ќе биде најзвучното име ко ќе го видите другите сите скоро ги пишав не знам шо да речам освен дека врска немаат од водење клуб или тренерот зема пари дели со менаџерот шо му ги носи играчите трето нема резил вакви трансвери во шкендија ниту вардар но шкендија од арачиново и вардар од брвеница
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom