На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје во неделата починала пациентка со грип. На оваа клиника моментално имало хоспитализирано околу 25 пациенти со грип, од нив дел со полесна, а други со потешка клиничка слика. Добивај вести на вибер Директор на...
a1on.mk
...веќе втор ден низ јавните медиуми и социјални мрежи добивам некако слика на намерна паника за заразени, за почината пациентка со кормобидитети на инфективна клиника, а колку такви пациенти умираат на другите клиники од кормобидитети, зашто толку потенцирање и правење вештачка паника имало дваесетина пациенти со сезонски грип на клиника повозрасни, па нормално да има затоа е инфективна клиника и нормално е да се со сезонски грип, таков е периодов- зимски мрдаат вируси.... или во прашање е нешто друго, на пример останати во залиха непотрошени вакцини против сезонски грип, па сега да се направи „јавен притисок на страв“ за да се потрошат, друг одговор не гледам!
зашто не гледам?
... ајде вака, секоја почит за верските празници, па и на други празници, убаво е да се одбележи на вистинско мето и вистинско време празниците, но сум противник за секаква инпровизација, на несоодветно место и во несооддветно време, па одозгора со фалење низ социјални мрежи со фотографии за работно време токму во инфективна клиника,
Прегледај го приврзокот 466886Прегледај го приврзокот 466887
па како јас да го протолкувам ова од една страна медиумите прават паника, зголемен број на пациенти ова ова, а од друга страна во ходниците на инфективна клиника и во просториите се гледаат Новогодишни украси, Новогодишна елка, поставена маса со храна?
Прегледај го приврзокот 466889Прегледај го приврзокот 466891
... обележи скромно, без фалење низ социјални мрежи, па каде е тука интрахоспиталната стерилност и тоа во инфективна клиника, па после МРСА и резистентност кон антибиотици, што стана ваков циркус во здравството, нека ме извини празникот Василица, верник сум, ама се знае каде се слави и со кого,
Прегледај го приврзокот 466897
... што е ова инпровизација во работни простории на инфективна клиника, а ваму во јавноста фама од многу болни и смртен случај во самата инфективна клиника, а во позадина вакви слики, ич не личи, ич, не можам да не искоментирам колку ниско ни падна здравството, болницата се знае зошто служи, па после ќе напишат „Забрана на посета“, а ваму на маса, месо, јадење, надворешна контаминација со храна колку сакаш, па одозгора напишале „после работно време“, па зарем се има слобода да се направи вакви прослави низ ходници на инфективна, идете бре во ресторан, кафана како луѓе или на соодветно место, па одозгора ви почина пациентка два дена се зборува за починатата пациентка на инфективна, а овде сите насмеани со лепче во рака, нехристијански, вака не смее да биде Василица, ниту смее инфективна клиника!
Прегледај го приврзокот 466894
... невкусно, нехумано, неетички, неморално,
ДА, Василица да се слави, ама не низ инфективна ходници и не на ваков начин со работни униформи и стетоскопи околу врат, а маса полна со јадење месо, ова она ... па уште фотографии низ социјални мрежи видете не' кумови, паричка паднала еве ја, а стетоскопот ќе и' се слизна од вратот, каде се протоколите за инфективна клиника, а интрахоспитална комисија за заразни болести што прави?