Ја доловуваш сржта на тоа што сакав да укажам. Не може да отпушташ тренер, ако не си му ги дал алатките за работа. Убав пример даваш, влегува Модриќ во игра. Ние сме десеткувани, што заради неквалитет, што заради АФКОН, што заради повреди. Ние немаме саглам измена која би внела жар во играта. Се се играчи кои не одговараат на профилот, сакаат во друг клуб, или едноставно немаат квалитет. Излегува Касемиро, влегува Угарте. Го нема Шо, игра Доргу.
Артета 2-3 години јадеше срам по срам од резултати. Изгубија 3-0 на почетокот на сезоната од Брентфорд, кои само што влегоа во ПЛ. Со години не можеше да дојде до полуфинале во било кој куп. Губеа кај скоро секој ривал. Не викам дека Аморим ке го достигнел Артета, но ако на било кој тренер кој ке дојде, му даваш недоволно играчи, и по квалитет и по квантитет, нема да има успех. И ова ке се врти во круг.