Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
Уште чекаме да паднат цените на становите, графичките, процесорите...

Невидлив човеку, за која локација се работи?
Рачунај грубо :
1. стан во m2 -> x евра.
2. осигурување на станот мора -> х евра.
3. паркинг места (немој да се зезнеш да не земеш, барем 1, а пожелно 2 места) -> х евра.
4. опремување на стан -> х евра.
 
Како што разгледав, Халк Банка имаат некако најповолни камати (фиксните за 10 години) од 2.9%.

Дали некој има скоро земано станбен кредит од било каде?
Ми требаат совети, совети....
Ако ти е со таа камата ти е океј. Ама на страната не им ја гледам јас таа камата, туку пишува 3.4%. Освен ако не идеш преку луѓе.
Истата камата од 3.4% ти е во Комерцијална, тие две моментално даваат најдобра понуда. Со тоа што Халк немаш нотарски трошоци, тоа ти е 500 евра помалце.
Ама во Халк бараат огромно учество, 25% од цената на станот.
И ова ти кажувам без животно осигурување, со животно во комерцијална ти е 3.2%. Ама јас ако се прашувам не би идел со животно, огромни се премиите.

Најдобро ако имаш луѓе во банки да ти дадат поволни камати. Јас кога зимав НЛБ имаше огромна камата ама преку човек ми ја спушти на 3%.

Не знам што совет бараш стриктно.
 
Последно уредено:
Мораш да прашаш колкава ќе ти е премијата за осигурување. Тука ти игра улога цената на станот и на колку години ќе го исплатиш.

Џабе ти даваат тебе 2.9% камата ако ти речат дека треба да платиш 10 000 евра премија. Тогаш подобро ти е да одиш со таа опција што е без животно, а со поголема камата.
 
Да да, јасно е тоа...Нема поента ниска камата, а скапо животно.

Крајна опција е Стопанска, имаат и без осигурување, а каматата е иста како со (ова за прво купување на стан, во соработка со градежните).
Автоматски споено мислење:

Уште чекаме да паднат цените на становите, графичките, процесорите...

Невидлив човеку, за која локација се работи?
Рачунај грубо :
1. стан во m2 -> x евра.
2. осигурување на станот мора -> х евра.
3. паркинг места (немој да се зезнеш да не земеш, барем 1, а пожелно 2 места) -> х евра.
4. опремување на стан -> х евра.

Штип.

За подземен паркинг е 9000€ (за ~15m2).
Надворешен паркинг има вклучено. И има доста места секако, со оглед на локацијата

За 9000 евра ќе го опремам станот, искрено.
Мене ми е планирано 10-12к за уредување (за стан до 60m2).
 
9000 евра паркинг место во Штип? Што направија бе, Скопје не е таа цена.
 
9000 евра паркинг место во Штип? Што направија бе, Скопје не е таа цена.

Ужас е, што да ти кажам. Ама добро, тоа е подземен (не дека е за оправдување), мене не ми треба.

И нема да запре тука...
 
Штип е развиен град, со универзитет.
Ако не грешам странските студенти ги кренаа цените таму.
Ама 9000евра е богами луда цена.
 
Толку е и во Куманово паркинг место, 690Е по квадрат. Чисто од љубопитност, колку ви се широки паркинг местата?
 
Толку е и во Куманово паркинг место, 690Е по квадрат. Чисто од љубопитност, колку ви се широки паркинг местата?
600 евра квадрат за 14 квадрата, на -2, купено летово. На -1 беа 650евра.
Местата беа од 13 квадрата до 25 квадрата.
 
Негде 12, негде 15м2. Два подземни паркинзи по 12м2 и еден 15 м2. Гаража немаме, исклучиво подзем паркинзи. До пред некоја година подземен паркинг (не гаража, заградена) беше 2500 е со можност за затварање за 4000е. За пред година ипол подз паркинг да се качи на 5000 во иста улица. Сега веќе не следам, не знам колку одат на исто место.
Вас ве читам, многу скапо цениве.
 
Како што разгледав, Халк Банка имаат некако најповолни камати (фиксните за 10 години) од 2.9%.

Дали некој има скоро земано станбен кредит од било каде?
Ми требаат совети, совети....
Не ги гледај каматните стапки кои вклучуваат животно осигурување, тешки превари, ќе фрлиш еден куп пари.
Цепај во Комерцијална. Халк и Комерцијална (далеку посигурна банка) имаат иста каматна стапка за 10 годишен фиксен станбен кредит, најмали од сите банки во Македонија. Барем така беше пред една година, кога земав кредит. Сите банки ги поминав, been there than that :D Со тоа што Комерцијална има бесплатно рефинансирање (што не значи дека ќе го има во иднина), односно не плаќаш казни ако направиш рефинансирање на постоечкиот кредит при некакво можно поповолно променување на каматните стапки во иднина (што исто така е дискутабилно, бидејќи имаат скриени ставки со кои пак ќе ти ја кренат повисоко).
 
Зошто мислиш дека кредит со животно осигурување е превара?
Јас имам таков кредит и не му ја мислам ако нешто ми се деси дека кредитот ке треба децава да ми го исплаќаат.
 
Зошто мислиш дека кредит со животно осигурување е превара?
Јас имам таков кредит и не му ја мислам ако нешто ми се деси дека кредитот ке треба децава да ми го исплаќаат.
Sorry, but на наша возраст не мислиме на умирачка :D
Џабе фрлени дополнителни пари од аспект на помлади луѓе. Особено ако земаш фиксен на 10 години, без дополнителен варијабилен период. Во тие договори има еден куп фалинки, што им остава простор на банките за манипулација и ништо да не исполнат на крај. Имав случај со починат човек што го знам, му најдоа некоја ставка во договорот за животно осигурување, неговите добија шипак после, си го плаќаа кредитот ко попчиња.
 
Никој не мисли на умирачка, но кога ке земеш голем кредит на отплата од 30 год.боља варијанта е со животно осигурување.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom