Пушењето - зависност или навика?

  • Креатор на темата Креатор на темата mUv@ ThE DoGg
  • Време на започнување Време на започнување
Зависност е и тоа многу штетна....и по џеб и по здравје и по губење време и по правење жолто по ѕидови и т.н. Тешко е човек да се откаже, ја сум го јадел стапот, знам. Ама не му забранувам на никој, би им помогнал на сите со совети, дури и оние што се закоравени.
Една работа е дефинитивно така....нема ни една позитивна работа во цигарите, апсолутно. Оставање на цигарите е голема битка добиена во самоконтрола, а да не збориме за здравствени бенефити.
 
Втор пат ги оставам цигарите, првиот пат на година ипол, сега сум на една година.

Веќе ја заминав 30та година од животот, и почна да ме јаде јанза да живеам поздрав живот. Зголемив физичка активност, паднав килограми, сменав исхрана, редовен во теретана веќе година ипол...

Во секој момент можам да истрчам 5км, да возам точак 50км без да се заморам... нешто што изгледаше незамисливо пред година дена.

Но најголема промена осетив на сетилото за мирис. Ми се гади од мирисот на цигарите, по гаден мирис мислам дека нема. Сега сфаќам каква се тортура сум им правел на сите не пушачи изминативе години.
 
Јас мислам дека пушењето е навика. Ама сега не можам да кажвам толку многу оти пушам 3 години. Ај кажете ваше мислење. Јас имам пробано да ги остам и не пушам по 1 недела и после пак почнувам. Но во фамилијата имам роднини кои пушеле 10 години по 3 пакети па ги оставаат преку вечер. кажете мислење
Навика која постепено мозокот на пушач ја толкува како зависност, иако тој не е зависен од цигари (може да живее без нив, но тој не верува во тоа. Тој живее во илузија дека му се неопходни за живот.)
 
Пушачите немаат право да се жалат на загаден воздух пошто и самите се загадувачи.
Мудрост кажана на една друга тема.
Epten jaka mudrost, nema zbor tuka.
I sega posto zaklucivme deka site sto na nekoj nacin zagaduvaat( direktno ili indirektno ) nemaat pravo da se zalat, togas koj go ima toa pravo ?
Koj e bezgresen ? :cautious:
 
Ај на здравје за пушачите со нов закон. Пушење само дома

 
Ај на здравје за пушачите со нов закон. Пушење само дома

конечно нешто позитивно
 
Само има (повеќе од) еден проблем, а веројатно ќе ќаруваат некои (како и со марето) од тој проблем. Ќе се ограничи увоз и продажба (ако новинарот добро пренел), што е добар супстрат за црна берза, шверц и ред други нелегални активности. А ќе ги има. Сарај и Арачина добри пари правеа од цигари. Па тутун по пазарите уште потешко.
Следно, угостителството може да има удар врз прометот. Грците пример дозволуваа пушење по локали до пред 10тина години. Сега не знам како е.
Треба некој баланс, не тоталитарни забрани
 
Каде се служи храна нема цигари, баланс видов со свои очи во Гер бо локален ресторан, никаде не пишува забрането пушење туку сите надвор на едно место стојат и чадат. П.с. секое чудо 3 дена
 
Мене не ми пречи, не пушам.
Она што смета се тоталитарни севернокорејски забрани за отворен простор или на увоз и продажба кои ќе си ги протнат со измените, бонбона бизнис. Сите други забрани за пушење освен во кола и досега главно важеа.
Друга работа е економски последици по угостители и мали трговии па да не испаднат пишман за буџетот.
И трето, нека ги укинат субвенциите за тутун ако е штетен, нека ги затворат погоните, усје железара..Усје е бр 1 загадувач во Европа според странски извори.
Значи без јавна расправа, ова замајување народ може само да штети за Македонија.
 
конечно нешто позитивно
Позитивно е секако.

Али у моја фамилија сите се пушачи, и сега кога идеме некаде под дифолт морам ја да правам компромис и за пушачки маси, или за друштво за цигара и сл. Како и да ја вртиш исто ми се фаќа. Попасивен пушач од мене нема.
 
Само има (повеќе од) еден проблем, а веројатно ќе ќаруваат некои (како и со марето) од тој проблем. Ќе се ограничи увоз и продажба (ако новинарот добро пренел), што е добар супстрат за црна берза, шверц и ред други нелегални активности. А ќе ги има. Сарај и Арачина добри пари правеа од цигари. Па тутун по пазарите уште потешко.
Следно, угостителството може да има удар врз прометот. Грците пример дозволуваа пушење по локали до пред 10тина години. Сега не знам како е.
Треба некој баланс, не тоталитарни забрани
Како го кажа ова демек само пушачи одат по ресторани и кафани. Јас лично не одам во тие каде е дозволено јадење и пушење, за кафичи не правам ни збор, моја нога не стапнува во "аушвиц".
Нека им направат една просторија 2 на 2 со една пепељара и нека стојат таму нека пушат колку сакаат како секаде по Европа.
 
Не се само пушачи туку тие го прават најголемиот промет низ Македонските биртии. Демиркапијци сигурно не бараат веганска храна у биртијата зад општина него локаат мезат и пушат.
И не се само кафани него и мали трговии и трафики кои сигурно ќе добијат уште по некоја лиценца. Размислете малку пред да избрзувате со несмасни коментари, доколку вие се издржувате од тие мали бизниси.

Инаку ова е чисто замајавање јавност, евентуално свои бизниси и нови давачки. Лицемерни закони. Вака е Варшава (пушење на улица дозволено само на одредени места) ама коа искочи еден од трамвај кај гл автобуска, се пукна у вена сред булевар. Тоа можело.
 
Не се само пушачи туку тие го прават најголемиот промет низ Македонските биртии. Демиркапијци сигурно не бараат веганска храна у биртијата зад општина него локаат мезат и пушат.
И не се само кафани него и мали трговии и трафики кои сигурно ќе добијат уште по некоја лиценца. Размислете малку пред да избрзувате со несмасни коментари, доколку вие се издржувате од тие мали бизниси.

Инаку ова е чисто замајавање јавност, евентуално свои бизниси и нови давачки. Лицемерни закони
Друже 7 години живеам надвор од Мк и верувај дека од најмала биртија дали е тоа паб, бар, кафана па се до по елитни ресторани никој не пуши внатре и нон стоп има народ...или пушат надвор или имаат посебни простории што се за таа намена. Конзумеризмот никогаш нема да запре тоа е во крвта на народот само си има други правила.
Дали ми смета тоа што Усје сите колективно не труе секако дека да, ама ми смета и тоа што Станко и Петко решиле дека и тие мора да не трујат, фала богу па има и газди што почитуваат закон во нивните локали и имаат промет и народ нон стоп...се додека има такви јас како индивидуа имам избор и ќе ги избегнувам овие гасни комори на кои и Хитлер би им подзавидел.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom