Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Единствен проблем што го имам со Оле е што бил лабав у односот со играчите. Аморим успеа да се избори да воспостави некаква култура и етика, да елиминира токсични играчи, карактери и незамарање, Оле може да биде чекор назад у тој поглед.
Во право си за ова, се надевам дека ја научил грешката.
 
Единствен проблем што го имам со Оле е што бил лабав у односот со играчите. Аморим успеа да се избори да воспостави некаква култура и етика, да елиминира токсични играчи, карактери и незамарање, Оле може да биде чекор назад у тој поглед.
И што им лижеше дупе на управата и газдите.
 

So you are telling me there is a chance? :rolleyes:

Би сакал да го видам Оле повторно на клупа, чисто сумњам дека би имал летечи старт ко првиот пат, али ситуацијата е скоро слична како првиот пат, па логичен потез би им бил овој, лик кој е омилен кај фан базата, да смират топка, да се тргни притисокот од нив бидејќи повторно гори дека не носат ни еден играч...

Инаку, од другата страна ништо не е сменето во функционирањето и нешање на неписмените во работи за кои појма немат. Кој кур фактор е Ратклиф да кажи дали треба со 3 или со 4 или со 5 назад да се игра бе?

 
Интересен момент е што за разлика од сите претходни тренери, за Аморим нема некои сериозни критики од позади сцената. Ги нема вообичаените проблеми со играчите, или players downed tools или players мислеле/сакале X, a добиле Y или се барало премногу да трчаат и да бидат професионални, а не им се свиѓало.

Дали е знак на прогрес во менталитетот и професионализмот на колективот, ќе видиме, но ми се чини го нема примадона моментот од претходно.

Затоа што го исфрли оние што му правеа токсичност во тимот.

За Луис Енрике, мислам дека шансите се минимални, ПСЖ му нудат бланко договор, и за плата, и за должина на договор, плус работи со еден од најдобрите спортски директори во светот, Луис Кампос. Млад и ултра талентиран тим, освојувач на Златна топка, еден од најдобрите средни редови во светот. 2 од најдобрите бека моментално.

Треба да си ултра глуп да го оставиш Париз, и да дојдеш во Манчестер, да се расправаш со разгален милјардер, и фудбалска управа која допрва стекнува искуство на работните позиции кои им се доверени. Да не зборам за длабочината на ростерот.

Не знам кој квалитетен тренер би се нафатил да го води тимот до лето, и потоа да отстапи место на некој друг. Оле веројатно би бил една од опциите, зошто би прифатил било каков договор.
 
Никој топ менаџер нема да се нафати да е марионета на ИНЕОС, Тунел ги одеба лани поради тоа што не дозволуваат менаџерот да има поголема контрола. Сакаат некој кој ќе игра како што ќе му свират.

Вивел наводно ќе бил повеќе вклучен околу нлв менаџер, така да сигурно ќе проба со Нагелсман.
 
Никој топ менаџер нема да се нафати да е марионета на ИНЕОС, Тунел ги одеба лани поради тоа што не дозволуваат менаџерот да има поголема контрола. Сакаат некој кој ќе игра како што ќе му свират.

Вивел наводно ќе бил повеќе вклучен околу нлв менаџер, така да сигурно ќе проба со Нагелсман.
Не верувам дека и Нагелсман ќе наседне после фијаското во Баерн, таму исто беше марионета на управата.
Всушност тешко да најдат некој таков, освен ако е млад и неискусен,или некоја тактичка тремка ко Саутгејт.
 
Нека дојдат Руд, Оле и Керик еден тренер другите помошници
Потешко изводливо е тоа, сите се пробаа како прв тренер, единствено љубовта спрема клубот да ги здружи, а пишува дека Оле кажал не му се битни ни парите, ниту пак должина на договорот
 

Ако неможат да се вклопат во "ПРОСТА" 343, сигурно ќе се вклопат во било која друга. И да им покаже и да им нацрташ џабе црепови си се црепови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom