Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Фифа и фудбал менаџер чуда праат :)
Никој не очекувал прво место или топ четири, ама извини кога четвртолигаш ќе ти ебе матер или умрена екипа како Евертон дома со играч повеќе не може да и поминеш пола терен ... нема врска со фудбал менаџер, туку со фудбалска неписменост. Ако сакаш и на друг јазик можам да ги преведам, дека брзо заборавивте какви бламови јадеше Аморим. Не е дека играл топ и случајно добил отказ, финалето ЛЕ му беше пенал кој на празен гол Рубен Аморим успеа да го промаши.
 
Знаеш како, кога работната околина ти станува неподнослива, мислам дека само со хероин некој ќе може да те мотивира, а голем дел за таквата работна атмосфера ја сноси Аморим со неговите глупости.
И тука си грешка атмосферата беше подобра, само што ја исчистивме соблекувалната од токсичните.
Со заврзани раце и нозе требаше да ги декласираат, али звездата Мино се изгуби против плу-аматери и добриот Угарте треба цуцли да им даваме и за рака да ги влечеме. Очигледно не заслужуваат да го носат дресот некои црепови.
 
Не ми е проблемот со тренерот кој не е безгрешен, колку што е со управата. За Аморим, си ги навел сите грешки што го има направено, но ликот доста од играчите што ниту еден тренер немаше муда да ги тргне од тимот, ги набрка.

Со управата, проблемот е што:
  • Знаеа како игра Аморим, и овој им кажа уште на почетокот како ке игра, немаше проблем, го договорија
  • Го набркаа Ашфорт кого го чекаа со месеци од Њукасл, дури платија и отштета за да го донесат зашто им кажал дека Аморим не е за во Јунајтед
  • Го извадија од Спортинг на почната сезона, условувајки го со сега или никогаш, и му купија анонимец од Лече
  • Го поддржаа со фантастични 250 милиони потрошени за 14 месеци. За споредба, Сити лани во Јануари потроши 300 милиони фунти
Некако, потребата да укажам дека управата ја има дебело засерено делува дека го бранам Аморим, но двете не се ексклузивно повржани. Можно е во исто време и управата да има засерено, и тренерот да е недоволно добар. Но имам чувство дека и да ставиш било кој тренер место него, без прописна поддршка со играчи, тешко дека би се вмешал во топ 4 со моменталниов состав. Јунајтед со години го нема решено проблемот со квалитетни играчи на средина.

Арсенал викендов на клупа имаше играчи на кои вкупна вредност им е 300-350+ милиони фунти. Јунајтед беше со Зиркзе, Маласија и деца од академија. Дел од фановите шокирани што тренерот не можел да измисли нешто со овие играчи, небаре од академија имаме таленти како Јамал и Меси.

Она што сакав попрецизно да го кажам е кој и нов тренер да дојде, ако управата продолжи со исто темпо на "засилувања", за 12-18 месеци пак ке слушаме како тренерот се налутил заради X причина.

Аморим имаше утакмици со целосен состав каде што изгледавме како аматери, и тоа никој не може да го негира. Против Брентфорд, Тотенхем финалето, Евертон. Премногу искрен и директен во изјавите, во земја каде што медиумите не опростуваат ни најмала грешка, и си прават наслови од истото.

Но најмногу делува дека испи отказ заради тоа што управата сфати дека не може да купи квалитетни играчи во Јануари за 3-4-3, а тренерот не сака да си ја смени формацијата кон играчите што ги има по налог на управата. Пак ке кажам, нешто што уште пред да биде тренер беше договорено. Додатно мислам дека доброто прво полувреме против Њукасл со 4-ца позади уште толку им го има зацементирано тоа мислење, и затоа и сакаат да продолжат со 4-ца позади, во обид да се докопаат до топ 4. А штом тренерот не сака да игра по нивните ноти, постои само една опција.
Автоматски споено мислење:

"Некако, потребата да укажам дека управата ја има дебело засерено делува дека го бранам Аморим, но двете не се ексклузивно повржани. Можно е во исто време и управата да има засерено, и тренерот да е недоволно добар."

Многу сложен концепт за некои тука. Истиот муабет за Де Геа и Онана, ако Онана фејлнал, не значи ни дека Де Геа бил / е решението. И еден куп други теми од сличен калибар.
 
Последно уредено:
Никој не очекувал прво место или топ четири, ама извини кога четвртолигаш ќе ти ебе матер или умрена екипа како Евертон дома со играч повеќе не може да и поминеш пола терен ... нема врска со фудбал менаџер, туку со фудбалска неписменост. Ако сакаш и на друг јазик можам да ги преведам, дека брзо заборавивте какви бламови јадеше Аморим. Не е дека играл топ и случајно добил отказ, финалето ЛЕ му беше пенал кој на празен гол Рубен Аморим успеа да го промаши.
Никој не очекува борба за титулата али требаше сите да ги тепаме досега. :D
 
И тука си грешка атмосферата беше подобра, само што ја исчистивме соблекувалната од токсичните.
Со заврзани раце и нозе требаше да ги декласираат, али звездата Мино се изгуби против плу-аматери и добриот Угарте треба цуцли да им даваме и за рака да ги влечеме. Очигледно не заслужуваат да го носат дресот некои црепови.
Нема врска со токсичност, туку со лузерски менталитет кој го наметна самиот Аморим, ќе тераме 3/4/3 а другите кои сте тука ако не ви се свиѓа умрете .. тоа би било тоа во превод и она што го направи Аморим со одредени играчи.
 
Лузерски менталитет има уште од Оле останато, за 343 ќе видиме пак како што гледам по Саутгејт или го Гласнер ќе одат најверојатно.
 
Никој не очекувал прво место или топ четири, ама извини кога четвртолигаш ќе ти ебе матер или умрена екипа како Евертон дома со играч повеќе не може да и поминеш пола терен ... нема врска со фудбал менаџер, туку со фудбалска неписменост. Ако сакаш и на друг јазик можам да ги преведам, дека брзо заборавивте какви бламови јадеше Аморим. Не е дека играл топ и случајно добил отказ, финалето ЛЕ му беше пенал кој на празен гол Рубен Аморим успеа да го промаши.

Другар, не си прозван со коментарот. Фанови што играат фудбал менаџер и Фифа, мислат преку ноќ се решава проблемот. Аморим имаше грешки и тоа е неспорно. Револтот е на друго место т.е. управата, која личи небаре аматерска. Од гомно торта не можеш да направиш, па кој сака нека е тренер. Сите коментираме какви пациенти имаме малтене у секој дел од теренот, а бога ми и Аморим индиректно си кажа колку е саат.
Автоматски споено мислење:

И тука си грешка атмосферата беше подобра, само што ја исчистивме соблекувалната од токсичните.
Со заврзани раце и нозе требаше да ги декласираат, али звездата Мино се изгуби против плу-аматери и добриот Угарте треба цуцли да им даваме и за рака да ги влечеме. Очигледно не заслужуваат да го носат дресот некои црепови.

Џабе се објаснуваш, еден не видов да рече дека 4от гол на Боурнемут на ОТ е кривица на Маину. Си функционираат стварите како у партија, еден сакаш друг нејкеш и до крај така ќе се мрчи на празно.
 
Лузерски менталитет има уште од Оле останато, за 343 ќе видиме пак како што гледам по Саутгејт или го Гласнер ќе одат најверојатно.
Ќе ти направам паралела фудбал со шах, стратегија е во прашање. Секој противник има различни отварања и потези, не можеш ти секогаш истото отварање да го имаш против сите, предноста е секогаш да бидеш чекор пред противникот за да стигнеш до крајната цел а тоа е победата. Аморим против сите играше исто дали е прва лига или четврта истите глупости и не проба ниту еднаш да се адаптира на противникот дека он тоа играл и така на сон му се сторило дека 3/4/3 е непобедлива. Тоа го прави самобендисана фаца која мисли дека е измислила топла вода и дека е новиот Никола Тесла. Беден самобендисан лик со лош мајндсет, немање визија, основни фудбалски познавања и општо фудбалска писменост. Дури и шахистите кога играат меѓусебе се студираат кој како игра што игра како се отвара како напаѓа итн, тоа е суштината на шахот но и на фудбалот. Тактички да победиш и кога ја имаш загубено својата најдобра фигура (во случајов играч)
Автоматски споено мислење:

Другар, не си прозван со коментарот. Фанови што играат фудбал менаџер и Фифа, мислат преку ноќ се решава проблемот. Аморим имаше грешки и тоа е неспорно. Револтот е на друго место т.е. управата, која личи небаре аматерска. Од гомно торта не можеш да направиш, па кој сака нека е тренер. Сите коментираме какви пациенти имаме малтене у секој дел од теренот, а бога ми и Аморим индиректно си кажа колку е саат.
Автоматски споено мислење:

Џабе се објаснуваш, еден не видов да рече дека 4от гол на Боурнемут на ОТ е кривица на Маину. Си функционираат стварите како у партија, еден сакаш друг нејкеш и до крај така ќе се мрчи на празно.
Не му вади алиби на Аморим, управата не е крива што Аморим изгуби ЛЕ финале .... момент кој можеше да смени многу работи, како за него така и за клубот од финансиска и кадрова (играчка) точка. Не видов он нешто да се потресе за тоа што изгуби од аматерска екипа, а тука се виде и кој е неговиот капацитет.
 
Ќе ти направам паралела фудбал со шах, стратегија е во прашање. Секој противник има различни отварања и потези, не можеш ти секогаш истото отварање да го имаш против сите, предноста е секогаш да бидеш чекор пред противникот за да стигнеш до крајната цел а тоа е победата. Аморим против сите играше исто дали е прва лига или четврта истите глупости и не проба ниту еднаш да се адаптира на противникот дека он тоа играл и така на сон му се сторило дека 3/4/3 е непобедлива. Тоа го прави самобендисана фаца која мисли дека е измислила топла вода и дека е новиот Никола Тесла. Беден самобендисан лик со лош мајндсет, немање визија, основни фудбалски познавања и општо фудбалска писменост. Дури и шахистите кога играат меѓусебе се студираат кој како игра што игра како се отвара како напаѓа итн, тоа е суштината на шахот но и на фудбалот. Тактички да победиш и кога ја имаш загубено својата најдобра фигура (во случајов играч)
Сакаш да се помириш со овој факт или не ќе го плеснам, Аморим со 343 го декласираше Сити и со Спортинг и со најлошиот Јунајтед на сите времиња. Исто и Ливерпул го тепавме у Ливерпул што не се случило последниве 5 години.
Системот функционира проблем беа играчите, нема што повеќе да додадам.
Никад нема да се подобриме ако се адаптираме на играчите, или они ќе се адаптираат у систем на менаџерот или колцање БЕЗ РАЗЛИКА КОЈ Е.
 
Реалити чек, разликата на табела помеѓу нас и Челзи е еден факинг бод. Извини дали ти гледаше вчера Манчестер Сити - Челзи ? Кога сме краткогледи да разлика сме само еден бод и факинг 10 години разлика од она што Челзи моментално претставува како фудбалски колектив и ние како фудбалски колектив. Според играта ние сме многу поблиску до ФК Вардар отколку до премиер лига клуб. Да табелата лаже, моментално заслужуваме да сме 20-ти на табела ( па дури и чемпионшип ), се друго е сплет на околности и случајност. Се смееме на Челзи, Пул и останати кои се во криза, па они и да губат барем имаат допадлив фудбал, ние и кога победуваме и кога губиме сме класичен очобол.
 
Епа со потегот сабајлето управата не врати уште 5 години назад, значи сега сме 15 години позади нив.
Иначе имаш нешто статистика да потврдиш или на часна партиска реч ќе веруваме.
 
Реалити чек, разликата на табела помеѓу нас и Челзи е еден факинг бод. Извини дали ти гледаше вчера Манчестер Сити - Челзи ? Кога сме краткогледи да разлика сме само еден бод и факинг 10 години разлика од она што Челзи моментално претставува како фудбалски колектив и ние како фудбалски колектив. Според играта ние сме многу поблиску до ФК Вардар отколку до премиер лига клуб. Да табелата лаже, моментално заслужуваме да сме 20-ти на табела ( па дури и чемпионшип ), се друго е сплет на околности и случајност. Се смееме на Челзи, Пул и останати кои се во криза, па они и да губат барем имаат допадлив фудбал, ние и кога победуваме и кога губиме сме класичен очобол.
Како тогаш имаме постигнато повеќе голови и од Челзи и од Ливерпул? Плус имаме убедливо повеќе стативи погодено и најмногу шанси креирано?

Ти го гледаш само тоа што сакаш да го видиш, и тоа е проблемот кај тебе. Вчера 5 пати пиша дека Лидс изгледал како прајм Барса, а Манчестер беше подобар противник низ целиот тек на мечот. Истиот тој Лидс кој против нас изгледал како "прајм Барса" и тоа било срамота за Аморим, го размонтира "твојот" Челзи 3-1 пред нецел месец и два пати изигра нерешено со Ливерпул. И тоа на едниот меч го делеа 20 цм од победа (дадоа гол од мал офсајд). Ама тоа не одговара во муабетот.
 
Уште тоа комунистите ве лажат.
 
Ќе ти направам паралела фудбал со шах, стратегија е во прашање. Секој противник има различни отварања и потези, не можеш ти секогаш истото отварање да го имаш против сите, предноста е секогаш да бидеш чекор пред противникот за да стигнеш до крајната цел а тоа е победата. Аморим против сите играше исто дали е прва лига или четврта истите глупости и не проба ниту еднаш да се адаптира на противникот дека он тоа играл и така на сон му се сторило дека 3/4/3 е непобедлива. Тоа го прави самобендисана фаца која мисли дека е измислила топла вода и дека е новиот Никола Тесла. Беден самобендисан лик со лош мајндсет, немање визија, основни фудбалски познавања и општо фудбалска писменост. Дури и шахистите кога играат меѓусебе се студираат кој како игра што игра како се отвара како напаѓа итн, тоа е суштината на шахот но и на фудбалот. Тактички да победиш и кога ја имаш загубено својата најдобра фигура (во случајов играч)
Автоматски споено мислење:

Не му вади алиби на Аморим, управата не е крива што Аморим изгуби ЛЕ финале .... момент кој можеше да смени многу работи, како за него така и за клубот од финансиска и кадрова (играчка) точка. Не видов он нешто да се потресе за тоа што изгуби од аматерска екипа, а тука се виде и кој е неговиот капацитет.

Знам дека упорно бараш караница, но еве ќе ти одговорам само уште еднаш - проблемот е горе. Се додека се понашаат како што се понашаат, нема ништо да се смени и ќе се вртиме во круг. Аморим, Петко, Станко, небитно, името е различно само, исто ќе биде. Дур носат Зиркзевци, Доргувци и Угартевци, прават аматерски потези, ќе се вртиме у круг. Толку.

Аморим е донсен за она што е, избркан е за она што е. Да ти го банализирам, исто е ко да речеш сакам латино американка, и после да ја шутнеш пошто е латино американка. Ретардирано е, како сакаш да го вртиш. После низа грешки, редно е прстот у тој што диригира да го впериш.

Автоматски споено мислење:

Челзи бил светлосни години напред :ROFLMAO: Единствената разлика меѓу нив и нас, е што задоволуваат фудбал менаџер соништа со голем волумен на купени / продадени играчи. 2 милијарди фрлени, уште се падни стани.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom