Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Другари џабе се нервирате, не вреди, додека не дојде стабилен газда со многу пари така ќе е. Ќе трошиме тренери само ради името кое го имаме додека не почнат да не одбиваат сите, и не ги загубиме изворите на пари.
Демек не било ради резултатите ама било ради интервјуто вчера, јас сепак мислам вакви одлуки преку ноќ не се донесуваат. Така да смислено сценарио е. Големи пари се во прашање, нез колку е точно ама имал само 16победи од 60меча, тоа е сериозно намалување на стандардите, ако сте менаџер навивач ве разбирам, ако ова го пишувате само заради тоа што сте против газдите и хиерархијата пак ве разбирам, ама дека 16победи во 60меча се малку малку се.
 
Ако ништо друго, јасно е зашто амбициозни играчи и тренери како Гвардиола, Анчелоти, Клоп, Тухел и други не одбиваат изминативе 10 години. Ваков аматеризам не е нормален.
 
Дали му беа донесени играчи ? НЕ
4 играчи од кој 2 не се по негова желба, Шешко и Доргу
Колку играчи заминаа од клубот а?
И очекувате нешто да направи без никаква поддршка?
Без играчи?
Без ебана средина?
Одбраната раштимана
Не сте тачни

Па и сега кога ги нема најважните играчи, кога цела клупа е матуранти СЕГА го избркаа
Дно
Не се управуваме уште 10 години тоа да ви биде јасно
Прв пат изгубив желба да ги гледам
 
Другари џабе се нервирате, не вреди, додека не дојде стабилен газда со многу пари така ќе е. Ќе трошиме тренери само ради името кое го имаме додека не почнат да не одбиваат сите, и не ги загубиме изворите на пари.
Демек не било ради резултатите ама било ради интервјуто вчера, јас сепак мислам вакви одлуки преку ноќ не се донесуваат. Така да смислено сценарио е. Големи пари се во прашање, нез колку е точно ама имал само 16победи од 60меча, тоа е сериозно намалување на стандардите, ако сте менаџер навивач ве разбирам, ако ова го пишувате само заради тоа што сте против газдите и хиерархијата пак ве разбирам, ама дека 16победи во 60меча се малку малку се.
Заради интевјуто е 100%, да ќутеше ќе гураа до лето најверојатно. Вака излезе јавно да ги пљука и потпуно е у право за тоа.
 
Да се откажеме од клубов поарно, тешки пациенти и дебили има у управана. Си продолжуваат со Глејзер тип на дупешки, кај што не испорачуваат што договориле и секој менаџер излегува со два чекори назад во однос на комплетност на тим.

Со оглед на колку е сакат тимон, мање више резултатите се ок на големата слика и има напредок. Тешки дебили, влегуваш у сезона со мртов Каземиро кој држи 60 минути (со сета почит, генерално е ок), немаш бекап, Угарте очигледно дека е утка, Маину кој не може да покрие саглам ниедна од двете позиции и Бруно кој дефанзивно потфрла. Влагаш у сезона со бек ко Далот, неискусен шпиц ко Шешко, дрво бек у форма на Доргу, стаклени Маунт, Де Лихт, Лисандро, па и Мазрауи и Мегваер. Сето ова на куп, и пак (по)добро котира тимов на многу полиња со нагорен тренд. Бруно исто требаше да го шитнат, со оглед дека не е компатибилен на формацијата, на долгорочен план подобар потег.

Што мислеле мајмунине од горе, Зиркзе ќе воскресне и ќе почне да трча ко коњ и нема да се сопнува од топката на секој втор дуел ? На Доргу, Угарте и Далот дека наеднаш ќе им никнат 100 нови мозочни клетки ? Стаклениве ќе се регенираат магично и ќе газат цела сезона ? Ретардирани начисто.

И Аморим има грешки, ама се знае што е срцето на проблемот и не го решаваат со ваков потег. Едвај чекам да дојде нова будала и да се бламира со 442 или 4231, дур неписмени пациенти како Карагер и Невил ги дупат овие од управата и цел тим.
Се согласувам од збор до збор со постов.

Можеби Аморим можеше да биде малку пофлексибилен во однос на составот и формацијата, ама човекот се бореше на 5 форнта во исто време. Требаше да ги избрка паразитите од клубот, да ги менаџира крволочните медиуми кои за Јунајтед се стално залепени како слеп за стап, да ги моли умрените од управата да му ги донесат фудбалерите што ги сака и да го остават да работи на мира, да носи резултати и на крај и фановите се свртеа против него.

Пишав и пред 2 недели кога баш убаво го начна проблемот во клубот на една прес конференција дека од мене ја има и сезонава гратис, само нека се решат проблемите од корен веќе еднаш. Ама очигледно ние сме толку плитки како клуб и фан база, што пак избравме да гледаме само краткорочно и пак за 2 години ќе имаме нов Рашфорд, нов Гарначо, нов Мегваер и секако некој нов Аморим ќе биде жртвуван.

Тотално разочаран од ИНЕОС, ако веќе не беа спремни да го поддржат, требаше воопшто да не го донесат. А тие не само што го донесоа и не го поддржаа, туку го натераа да си даде отказ во Спортинг на сред сезона и да дојде тука да се заминава со гомнениците во кои Јунајтед беше оставен после Тен Хаг. Лузерски и непрофесионално.

Се виде и после пресот вчера дека има борба на ега во менаџментот на клубот и очигледно некој реши да си го спаси егото утрово. Целосен распад од луѓето на Ратклиф, почнувајќи од Ашворт, кој го платија милион фунти, за да го избркаат после 6 месеца, се до Вилкокс и Берада, кои очигледно исто така не знаат каде тераат во моментов. Секако дека сега ќе донесат некои нивно другарче за менаџер, кое ќе можат да го управуваат како сакаат.

Изгледа дека сепак единствен спас е шеикот да успее да го купи клубот и да функционираме на сличен начин како нашите градски ривали.
 
Заради интевјуто е 100%, да ќутеше ќе гураа до лето најверојатно. Вака излезе јавно да ги пљука и потпуно е у право за тоа.
Ја имаат спукано веќе месец дена сигурно. Потезине со ставање млади, Флечер, Лејси и остали, беше класично умилкување према дел од таборот, колку да си купи време. Истовремено и показна вежба дека не се спремни и треба нови играчи. Децана се далеку од спремни за прв тим и ПЛ фудбал.

Требаше Аморим изминатава година дека да биде поголем дипломат, претера со изјавине, претерано го има копирано Мурињо. Вчерашната му е на место.

Кога сме веќе на тема дебилна управа, треба и тоа да се дискутира:
- Трансферите потфрлаат: Доргу и Угарте дебили, Шешко се знаеше дека не се снаоѓа во 16ик и нема голем волумен, Зиркзе од прв момент се гледаше колку е саат со него, Де Лихт иако добар, се знаеше дека е стаклен.
- Чистењето на тимот одеше преспоро
- Скаутингот сериозно потфрла
- Глупи одллуки во форма на чување на Тен Хаг, Ашворт, дебилно справување со Аморим, иако знаеја што ги чека
- Планирањето на тимот исто е очајно. Знаеш дека имаш стаклени играчи, знаеш дека немаш комплетна и балансирана 11ка, правиш мал тим, а се ослонуваш на едно 5-6 стаклени играчи + 3ца битни играчи одат на АФКОН. Од авион се гледаше дека е рецепт за неуспех. Три птици у форма на Шешко, Куња и Мбеумо не прават пролет. Има разлика сериозна нападот споредено со лани, ама проблемите у средина и у одбрана висат. Ламенс да кошташе 60 милиони, верувам уште ќе го гледавме Онана на гол, евентуално Бајандир.


Пример: можеа да го зедат Калверт Левин за без пари на година две договор и мала плата, шитни го Зиркзе за 25-30м, шитни го Угарте, купи стабилен ДМ. Не дека пари беа во прашање. Баланс и стратегија. Знаеш дека Шешко нема голем волумен на активност во 16ик и е млад и неискусен, ротирај го со ПЛ проверена опција у форма на ДКЛ која доаѓа без ризик и профилно ги надополнува недостатоците на Шешко. Зиркзе секако не решава никаков проблем.


Еве и Куња вчера рече, полесно е да креираш шанси и да играш кога се назад првотимците. Он исто ќе лета ?
 
Последно уредено:
Ја имаат спукано веќе месец дена сигурно. Потезине со ставање млади, Флечер, Лејси и остали, беше класично умилкување према дел од таборот, колку да си купи време. Истовремено и показна вежба дека не се спремни и треба нови играчи. Децана се далеку од спремни за прв тим и ПЛ фудбал.

Требаше Аморим изминатава година дека да биде поголем дипломат, претера со изјавине, претерано го има копирано Мурињо. Вчерашната му е на место.

Кога сме веќе на тема дебилна управа, треба и тоа да се дискутира:
- Трансферите потфрлаат: Доргу и Угарте дебили, Шешко се знаеше дека не се снаоѓа во 16ик и нема голем волумен, Зиркзе од прв момент се гледаше колку е саат со него, Де Лихт иако добар, се знаеше дека е стаклен.
- Чистењето на тимот одеше преспоро
- Скаутингот сериозно потфрла
- Глупи одллуки во форма на чување на Тен Хаг, Ашворт, дебилно справување со Аморим, иако знаеја што ги чека
- Планирањето на тимот исто е очајно. Знаеш дека имаш стаклени играчи, знаеш дека немаш комплетна и балансирана 11ка, правиш мал тим, а се ослонуваш на едно 5-6 стаклени играчи + 3ца битни играчи одат на АФКОН. Од авион се гледаше дека е рецепт за неуспех. Три птици у форма на Шешко, Куња и Мбеумо не прават пролет. Има разлика сериозна нападот споредено со лани, ама проблемите у средина и у одбрана висат. Ламенс да кошташе 60 милиони, верувам уште ќе го гледавме Онана на гол, евентуално Бајандир.
Децата ги користеше затоа што мора фалеше уште некоја повреда да закачиме.

Иначе за следен се менаџер се надевам дека ќе размисливааат или за Гласнер или за Ираола.
 
Децата ги користеше затоа што мора фалеше уште некоја повреда да закачиме.

Иначе за следен се менаџер се надевам дека ќе размисливааат или за Гласнер или за Ираола.
И двајцата личат ко ок опција, но после Томас Франк и слични примери, мислам е преголем чекор. Секако и управат ќе ги дупи на големо.
 
багра неспособна на чело со фосилот...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom