Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Истото сакав да го кажам, имаше сано една грешка коа пак не му излезе на Хал на шут коа погоди пречка, другото све беше одлично.
 
Напротив во прво полувреме без Бруно имавме топ полувреме со доминација, со гол, со Мартинез како капитен.
Што саботажа се деси во второ не знам...
Далеку од доминација...Дадовме гол ала Стоук по изведен аут во петерец. Соло шансите на Куња и Доргу не ме восхитуваат...Не бевме којзнае колку доминантни кога од 45 минути поседот и контролата беше кај нив.

Структурно ради 4-2-3-1 имавме поголем баланс поради дефанизвниот двоец Касе-Угарте, плус Мартинез и одличниот Хевн назад. Не игравме пинг понг фудбал. Маунт истрча, за пофалба е скроз, но ја нема таа креација и осет за простор кој го има Бруно.

Бруно во ваков меч ќе креираше еден куп шанси, а вечерва ни во прво, ни во второ немаше кој да изнесе топка.

Најдобри и за пофалба Доргу и Хевн плус Ламенс кој беше на ниво (освен на крајот кога ја испушти топката).
 
Прејако искуство и атмосфера, посебно после голот. Кој не бил препорачувам барем еднаш на ОТ да појди.

За играта кажано е погоре нема што да се коментира, би додал само дека Шешко ми изгледа како воопшто да не сака да е тука и можно е уште на лето да си замини, буквално се влечеше по терен освен тој еден пат кога проба да ја земи од голманот.

Немав многу среќа што голем дел од првотимците не играа заради повреди или афкон, ама здравје следен пат, сепак атмосферата и пред наторевар и за време на натпреварот беше на врвно ниво.

IMG_3894.jpeg
 
Наредните три натпревари ни се против 16,19 и 20тиот тим во лигата и ако победиме ке бидеме во топ 4, така да очекувајте 2 бода од можни 9.
А може ќе ги зезне Аморим, да искочи на терен со 3 голмани, 7 одбрамбени и Касе најистурен напред ;)
 
По вчерашниов напревар дефинитивно се виде дека овој тренер не е дораснат за клуб како Јунајтед, прво полувреме со формација што не ја сака и без многу првотимци одиграа подобро од 95 % од натреварите под негово водство за второ да ја усере што со замени, што со формација.
Не е ова Норич па дома да се браниш 45 минути против факинг Њукасл, којшто патем беше ужасен во првото полувреме за Аморим да му дозволи да изгледа како прајм Барса во второ.
 
Незнам зашто лупате зелни дека у второ кога ја сменил формацијата Аморим не доминирале Њикасал, уште од почетокот на полувремето не стисна Њикасал а фирмацијата се смени во 60та минута.
15953.jpg
Иначе и у првото немавме конторла на топката туку бевме поконкретни и правевме повеќе шанси.
Прв сум да се критикува било кој али не да се лупаат глупости, измените некои од нив беа глупи пример вадењето на Каземиро.
 
Во тимот имавме 2ца играчи што знаат со топка - Куња и Маунт и еден од нив излезе на полувреме. Шансите за креирање нешто во напад во второ ни беа минимални и така и така. Уствари, реални да сме, ни во прво не направивме нешто коннретно.

Така да, ја разбирам одлуката на Аморим да се затвори, кога веќе имавме резултат. Само ми беше чудна измената на Касемиро, ама да се потсетиме дека и така не му држи газот за повеќе од 60 минути, а не пак во следниот период каде имаме 5 меча за 20тина дена. Ваљда затоа беше и изваден, иако кас би го држел бар до 75та.

Другото е тоа, погледнете го тимот, погледнете ја клупата, погледнете го резултатот. Повеќе од ова, здравје.
 
Не бе секогаш тука мора да има едно криво дрво што ќе контра, нејсе дајте тогаш да не критикуваме кога ете изгледа треба да разбереме оти не играме со прв тим. Инаку ми немат врска коментарите на тие што викат вчера во ред дека бил Аморим, врска си немаше ни тактиката второ полувреме ни замените, туку дополнително не ослабе, а притисокот врз одбраната стана огромен, не притискале уште на почеток од второ, не беа толку блиску до голот можеа да притискат на 40 метри колку сакат, кога ги направи измените и тактиката само среќа беше што не примивме гол, по две шанси у минута ни правеа, немој да се залажувате со резултатот, она здрав клуб три ќе ни дадеше за 10 минути.
 
Не бе секогаш тука мора да има едно криво дрво што ќе контра, нејсе дајте тогаш да не критикуваме кога ете изгледа треба да разбереме оти не играме со прв тим. Инаку ми немат врска коментарите на тие што викат вчера во ред дека бил Аморим, врска си немаше ни тактиката второ полувреме ни замените, туку дополнително не ослабе, а притисокот врз одбраната стана огромен, не притискале уште на почеток од второ, не беа толку блиску до голот можеа да притискат на 40 метри колку сакат, кога ги направи измените и тактиката само среќа беше што не примивме гол, по две шанси у минута ни правеа, немој да се залажувате со резултатот, она здрав клуб три ќе ни дадеше за 10 минути.
Како не биле блиску до голот, кога имаа 5 корнери во низа меѓу 50та и 55та минута? Па измените дојдоа после тоа.

Еве јас нека сум криво дрво, кажи ти што требаше да направи Аморим и како требаше да се движи текот на мечот? Да те потсетам дека Вила ни даде 2 гола од 2 шута, Борнмут ни плесна 4 гола на ОТ пред тоа. Очигледно поучен од искуството од претходните утакмици, каде бевме подобар тим, а освоиме 1 поен место 6, Аморим реши, кога веќе има водство тука, да "ризикува" и да фрли се на дефанзива, со цел да освоиме 3 поени. Седни изгледај го второто полувреме уште еднаш, ќе водиш дека ситуацијата на терен беше иста и пред измените и дека едноставно бевме послабиот тим.

Ама (индиректно) кажав и некни пред мечот со Вила - во фан клубов само плачковци во последно време. Ако тепаме, играта не ја бивало, кога играме и губиме играта не е битна. Буквално во се се гледа само негативното и сами си правиме таква умрена атмосвера околу клубот.

Дај бидете малку позитивни и почнете реално да ги гледате работите. Лани завршиме 16ти, сега сме во игра за ЛШ.. што треба повеќе не ми е јасно, шампиони ли мислевте дека ќе бидеме?
 
Вака-така, три поени во торба.

Со 7 недостапни играчи (горе-долу сите првотимци), и со деца (се уште во пелени) на клупа - нема што да бараме повеќе.
 
Се заборава дека мечот го завршивме со Фридриксон, Маласија, Јоро и Хејвен во одбрана. Двајца по 19 години, Маласија кој 2 години нема играно саглам фудбал, Мартинез прв подолг меч по 11 месеци пауза, и дебитант во средина на терен.

Додај на сето ова дека фалат Бруно, Мегваер, Амад, Мбеумо, Мазрауи. Кај Њукасл влегоа во второ полувреме Барнс, Џоелингтон и Виса. Кај нас деца на клупа, двајца никогаш не заиграле претходно во првиот тим.

Малку контекст не е лошо да се стави на она што се случи вчера.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom