Ова е катастрофална грешка колку да се спасат и дај клубот пошто зошто а на сите му е јасно демек турци а стој друг зад клубот ова е полош од самата да биди општината нема ништо во преддогоцор8т за заштита на клубот баш напротив се му даваме на тие шо организиралее некој турнир ...
ПОЧИТУВАНА ЈАВНОСТ, ПОЧИТУВАНИ НАВИВАЧИ, ЗЕЛЕНА АРМИЈО !
Како што СЕКОГАШ до сега сме биле транспарентни со вас и СЕКОГАШ на страната на вистината и интересите на името ПЕЛИСТЕР, чуствуваме потреба јавно да го објавиме прелиминарниот преддоговор за купо-продажба на ФК Пелистер, од страна на Наноок ФК.
Најпрво за тоа што 'изглуглавме' за Наноок ФК, односно кои стои зад овај евентуално иден инвеститор на во Пелистер.
● Наноок Спортска Академија е меѓународна спортска академија / организација
● Главен раководител е Adam Garipoğlu, со турски корени и мрежа во спортски инвестиции
На официјалната веб страна на ФК Наноок стои дека имаат соработка со неколку клубови, меѓу кои и Бешикташ, Ѓозтепе, Емполи, Хатаиспор, Гуадалајара, но се решивме да направиме подлабоко истражување и ова е тоа што го најдовме:
● Во Бешикташ - Официјален договор потпишан од двете страни за откривање и развој на млади таленти во Северна Америка.
● Во Ѓозтепе - наведен партнер, неофицијално потврдено само од Наноок.
● Во Емполи - На сајтот на Наноок стои во ,,Partners" но не е јасно дали има официјален договор или само промоција/несклопена партнерска ознака. Најчесто ова подразбира дека Наноок сака да се поврзе со клубот за изборни настани, тренинг или можности за играчи, но нема јавни информации што Емполи директно потврдуваат договор.
● Во Хатаиспор - На сајтот на Наноок е наведено Хатаиспор како партнер.
- Има и новинарски извештаи од Турција кои зборуваат за работни односи помеѓу Наноок и Хатаиспор, вклучувајќи активности како избори на играчи и кампови поврзани со Хатаиспор.
- Кај Хатаиспор ситуацијата е повеќе проект/соработка отколку формален долгогодишен договор во стилот на стапување на сопственички удели.
● Во Гуадалајара - На официјалната страница на Наноок е наведено дека работат со Гуадалајара како партнер.
- И ова е наведено како дел од интересната мрежа партнери – најчесто за избори/изведување на играчи на турнири и тренинзи.
Тоа за Наноок.
Сега малку за прелиминарниот преддоговор, кој иако јасно и гласно стои ПРЕЛИМИНАРЕН ПРЕДДОГОВОР, има низа нејаснотии, на кои треба да се обрни посебно внимание и тоа:
● Член 3 ЕКСКЛУЗИВНОСТ И ЗАБРАНА ЗА ПРОДАЖБА
- Клубот нема да смее да ги преговара или продаваа акциите на трета страна без писмена согласност од Наноок.
Односно доколку произлезе фирма гигант и сака да ги купии акциите, со овај преддоговор тоа ќе е возможно само со согласност од Наноок.
Член 9 – БРЕНДИРАЊЕ, ИДЕНТИТЕТ И МАРКЕТИНГ
- Клубот веднаш да го промени името во Пелистер Наноок ФК
Бренд како Пелистер треба да го промени името, за засега непознати годишни вложувања, визија, план...
Член 10 – СПОНЗОРСТВА И КОМЕРЦИЈАЛНИ ПРИХОДИ
- За потписот на Кемал Ататурк да се најде на дресот на Пелистер, наводно Наноок има некаков прелиминарен договор со некаква Банка, која за истото би платила над 200.000 евра годишно.
Пелистер, покрај промена на името, за засега непозната сума на годишно ниво треба да стави и потпис од Кемал Ататурк на дресот, со што според нашите информации не се знае дали е во согласност со правилата на ФФМ и УЕФА и нивните регулативи поради политика.
Член 11 – ЈАВЕН ИНТЕРЕС И ИНФРАСТРУКТУРА
- Целта на проектот е меѓународно промовирање на Градот Битола и Клубот. Согласно тоа, Нанук бара имињата на одредени објекти да бидат ПРОМЕНЕТИ во најкраток можен рок, со цел усогласување и обединување со идентитетот на градот.
Промена на објекти во најкраток рок - Наноок покрај промена на името, потписот на Кемал Ататурк на дресот, во прелиминарниот преддоговор бара и промена на објекти и тоа не е наведено на кои објекти, еве замислуваме пример наместо ,,Петар Милошевски" стадионот да се вика ,,Кемал Ататурк Арена" или ,,Наноок Арена" и тоа не е толку лошо, има такви случаеви многу во фудбалскиот свет, но за кои пари/спонзорства? Сигурно не за средства и грчевита борба за опстанок.
Член 12 – ФИНАНСИСКИ И ОПЕРАТИВНИ ЦЕЛИ
- Со влегувањето на Нанук како стратешки инвеститор, вкупниот буџет на Клубот ќе се зголеми на 2.000.000,00 евра до 2029 година.
Иако е прелиминарен преддоговор (впрочем како и се во истиот од страна на Наноок ФК), во истиот каде се зборува за промена на име, објекти, некакви инвестиции од банки итн., па и тоа за колку би изнесувал буџетот до 2029 г., НИКАДЕ нема план за 5-10 години, НИКАДЕ нема како би оделе инвестициите етапно од година во година, НИКАДЕ нема кои услови треба да ги исполнува Наноок, односно целите на клубот, амбициите, напредокот во секој сегмент или па инвестиција во инфраструктура.
ЗАТОА, БАРАМЕ ВЕДНАШ ПРОМЕНА НА ОВАЈ ПРЕЛИМИНАРЕН ПРЕДДОГОВОР КОЈ ЌЕ СЕ НАЈДЕ ПРЕД НАРОДНО ИЗБРАНИТЕ СОВЕТНИЦИ НА 29ти ДЕКЕМВРИ, ЦЕЛОСНА ЗАШТИТА НА КЛУБОТ, ОДНОСНО ДА СЕ ДОДАДАТ МИНИМУМ СЛЕДНИТЕ ТОЧКИ;
● Овој документ мора да се третира како квази-инвестициски договор, не како Меморандум.
● Општината задржува право на супервизија, ревизија и вето за прашања од јавен интерес.
● Името ФК Пелистер, грбот, боите, годината на основање, седиштето се заштитено нематеријално јавно добро и не смеат да се изменат, заложат или отуѓат, како и промена на имињата на објекти.
● Да се вметни минимална годишна инвестиција, банкарска гаранција, автоматско намалување на удел ако не се вложи.
● Општината да има право на вето за: промена на име, грб, бои, продажба на удели, задолжување над одреден износ, релокација на клубот, престанок на дејност
● Обврзувачки годишно вложување, инвестициска клауза, минимално годишно вложување (пр. 500.000 € годишно), јасен инвестициски план по сезони, рокови и намена на средствата.
● Наноок да достави банкарска гаранција или escrow сметка како обезбедување за преземените инвестициски обврски
● Санкции ако не се исполни инвестицијата, автоматско намалување на уделот на Нанук или право на Општината да ги откупи акциите по номинална вредност
● Забрана за понатамошна продажба или залог на уделот без писмена согласност од Општината / Right of First Refusal за Општината
● Регулаторна клауза, секое спонзорство со политички, национален или историски симбол мора претходно да биде одобрено од ФФМ и УЕФА и нотирано од Совет на Општината.
● Општината да има право:
да се повлече да ги врати акциите
ако се загрози јавниот интерес или идентитетот на клубот.
● Обврзувачка годишна независна ревизија, право на Општината на целосен увид во финансии, договори, трансфери
ПЕЛИСТЕР Е НАД СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ !
☘️ САМО ПЕЛИСТЕР, САМО БИТОЛА !