Класика. Веднаш да ги вратат поените што ги освоија на сила викендот.
Денеска изигравме утакмица која требаше да ја добиеме рутински. Од 20та минута, па се до голот на Дало играа многу добро. Притисок, борба за одбиени топка, константни напади и неколку шанси од изгледни позиции. Стабилен тим со победнички менталитет ја решава оваа утакмица до 75та минута со уште еден или два гола и после тоа си игра лабаво и веќе размислува за следниот меч.
А овие говедата, само што поведоа престанаа да трчат. Како да заврши мечот. Да не зборам за откако примивме гол, општа паника позади, многу лесно можеше Вест Хем да си оди и со три бода на крај.
Индивидуално, Мазрауи беше чиста 10ка, Амад исто така многу активен во напад. Шо беше добар до примениот гол, а Доргу е најлошиот фудбалер што има заиграно за Јунајтед. Апсолутна катастрофа од играч и во офанзива и во дефанзива.
За Бруно не ми се троши веќе зборови. Имаше на крај две (полу) шанси да го реши мечот. Класа фудбалер ќе најде начин една од нив да ја реализира, посебно ако е за победа. Овој паничи и ја ака на сила, како да му е прва утакмица во кариерата. Додека овој е капитен, од Јунајтед екипа не бидува.
И за крај, веќе не гледам табела до април месец. Тимов дефинитивно продолжува со истата нестабилност како и претходните 2-3 години. Денес може да го тепаат ПСЖ, утре да изгубат од Салфорд. Не се способни да добијат една утакмица лесно и рутински, а не пак да изградат некаков моментум. Се додека не видаж дека вакви утакмици ги решаваме лесно, за мене тимот ќе продолжи да тапка во место, па макар биле и втори во некој дел од сезоната.