Какво мислење имате за Driver Recruitment? Преку близок пријател ми нудат вакво нешто, немам до сега искуство со trucking, сум сакал од порано но ете не се погодило ситуација, немам проблем со комуникација со луѓе имам работено b2b sales cold calling, јас сакав повеќе dispatch да се пробам, али моментално имаат тука само отворено позиција/тренинг, е сеа платата е стандард мислам ми спомнаа околу 500 долари, на минималец пријавен, другото бонусите се пуштале по Wise/Payoneer и стандард тоа дека се зголемувала платата по неколку месеци, па ме интересираше како што се бонусите отприлика, дали искрено вреди да се работи 10 саата за ова, и што би се случило ако месецов не донесеш ниеден шофер, ваљда само на минималецот ќе бидеш така?