Кој е најголемиот успех на македонската политика од осамостојувањето?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Најголемиот успех е што сите сфатија дека немаат иднина на оваа територија и дека секој сака да избега на кој било можен начин.

...........Наставничка од едно делчевско училиште вели дека од матурантите кои се запишуваат на факултет, околу 80 отсто се одлучуваат за студии кај нашиот источен сосед, а тројца, четворица за студии во Словенија.............

„Не гледам иднина во Македонија“: Средношколците од Делчево, Берово, Кочани масовно на студии во Бугарија.

Цели средношколски друштва топтан се преселуваат во Софија за да студираат. Сместени се во студентиски домови и добиваат стипендија

Билјана Богдановска
13/10/2025 10:15



Меѓународно признаена диплома, сместување во студентски дом (четири години во иста соба), финансиска поддршка од министерството за образование се дел од причините поради кои матурантите од Делчево, Македонска Каменица, како и од Берово, Пехчево, Кочани се одлучуваат да се запишат на факултетите во Бугарија, место на некој од македонските.


„Јас не ја гледам иднината во Македонија, а со оваа диплома ми е полесно и за мастер, односно продолжување на образованието на друго место и за понатаму. Тоа е главната причина зошто се запишав на факултет во Бугарија“, вели студентка за „Независен“, која веќе трета година студира на Биолошкиот факултет во Софија. Таа добива и по 240 лева (120 евра) месечна стипендија од бугарското министерство за образование кое ги поддржува странските студенти............................................................................................................................................................................................................................

https://nezavisen.mk/ne-ja-gledam-idninata-vo-makedonija-srednoshkolcite-od-delchevo-berovo-kochani-masovno-na-studii-vo-bugarija/
Роден, настрана пичкарењето татари, фашисти, монголоиди, синови аспарухови. Бугарската држава многу повеќе направи за Македонците одколку Македонската држава.

Ги посетивте Македонците во Албанија, им пруживте лекарски прегледи и совети, им давате европски пасоши.
Во Косово, Гораните (Македонци со исламска вероисповед) ги штитите како свои. Радев тоа јасно му го кажа на Курти, да не ги пипа ни под разно.
Дојде Радев во Бигорскиот Манастир. Беше пречекан ко дома да е.
Кога се случи несреќата во Кочани, вие први понудивте помош. Јас сум искрено од срце благодарен за тоа. Децата згрижени во Пирогов добија врвна нега.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom