Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Дали Енцо и Каиседо се сеуште „преплатени играчи“ ?
Какви два бисера имаме во средина, одамна не сме имале вакво дуо што дишат еден со друг заедно на средина и да се потсетиме, ние уствари играме со двајца на средина со тоа што Џејмс се убацува ама колку терен покриваат офанзивно, дефанизвно, најбољи 200м потрошени у наша трошачка историја, гајле ми е кој што мисли. Респект до двајцата како го водат тимот, се преку нив иде, душа и срце на тимов дури и без Палмер.

Господинот Бадиашил денеска изигра лагана Тијаго Силва партија, командант, стабилен, што му се случи на братов, да не го контролира некој преку џојстик? Наеднаш стана интелигентен играч.

Кукуреља лагано си реди мастерклас утакмици ама пошто е меме играч со она од светското или европско што и да беше, никој не го рачуна озбилно а ликот ора, напред, назад и тоа денес баш имаше мавачка со оној од Ливерпул, секоја чест.

Естевао е бисер, бисер. Овој ако не појде по стапки на Нејмар и Јамал со курвање и журки, ќе биде опасен играч. Го има курчот, го има фудбалското во него и нема страв, ни фалеше ваков жар.

Генерално денес освен Густо ретардот, сите одиграа партија на ниво и неможам да разберам како со оној полу умрен тим на Јунајтед изгледавме толку очајно.
 
Многу добро, тимски изиграно беше ова. Особено прво полувреме колку трчаа и каков пресинг правеа. Цел натпревар имав чувство дека имаат контола, дури и после голот на Ливерпул. Бадиашил и Џош изиграа супер, среќа немале некои вистинки повреди и ќе бидат ок. Бадиашил и на претходниот натпревар делуваше стабилно. Ако се врати во формата во која беше кога го направи трансферот, ќе биде од голема помош додека го нема Колвил. Нето и Гарначо од еден до друг крај на теренот не престанаа да трчаат. Неверојатно е како Лавиа секогаш кога ќе се врати од повреда, инстантно игра добро. Мора да успеат да го чуваат здрав подолго време. Дури и Гитенс кој до сега немаше покажано никаков знак дека ќе го биде, изгледаше опасно кога влезе. Естевао секогаш кога игра е одличен, му фалеше само гол за вистински да ја започне кариерата во Челзи, и дојде во најдобриот момент.
Мареска заслужи критики во претходните натпревари, но за овој заслужува пофалба за измените. Во перфектно време го замени целиот напад и одеше на победа.

 
Штета што Лавија и Џејмс се склони на повреди, со нив фит цела сезона Челзи би бил многу подобар.

Интересен меч, отворен фудбал од двете страни, многу дуели и трчање, ми се свиѓа што Мареска конечно отиде отворено да победи замените му беа топ овој пат.


Не ми е никако јасен потегот зошто го форсираше Џорџ на неприродна позиција на сметка на Гиу, која знае да прави пресинг, игра со грб и трчање во простор како права 9-ка.
Мора сезонава да му се даде рамноправна минутажа како шпиц заедно со Делап.


Гарначо и Нето супер, цело време дирекно напаѓање на бековите за да со правовремени замени Гитенс и Естевао завршат работа.
 
Мора голман, мора, да имаме голман што ќе е барем нет позитив.

Вака повеќе изгубени поени имаме од голманот него добиени.

Топ 3 најлош голман имаме во Премиер лигата. Ливерпул има 2 голмани што се 2 класи над нашиов.

Друго, ако може да ги задржат Фофана и Колвил здрави, тогаш имаме супер стоперски тандем.

Меѓутоа мора да има уште еден таму, мора. Ван Дер Вен или Ван Хеке се одлични играчи и мора за загризаат за нив, па и ако може некако (ама не верувам) Геи (Геј, Гехи, Гуехи) од Палас.

Супер се движат напред, само им треба костур да се направи сега, а тоа без голман и грамада стопер не може (Чех и Тери).

Средина имаме одлична, крила имаме многу добри, можеби може шпиц ама не е приоритет во начинот на игра што ја фура Мареска.

Сеуште се гледа дека се млади и дека им фали уште некој играч.

Играат и победуваат против посилни екипи како Ливерпул а губат поени од слаби екипи како Борнмут и Јунајтед најмногу заради неискуство.

Естевао е оган играч, одлична замена на Палмер, па дури и со тек на време да игра до него.

Граначо не е дека е лош ама е сличен со Мудрик, некако немав очекувања и пак ме разочара.

А да, и Густо е многу уназаден во играта. Што му се случува оваа година, не знам ама овој период му е најлош до сега. Среќа што се врати Џејмс иначе ќе дуваше промаја по таа десна страна.
 
Палмер уште шест недели нема да е достапен. Бадиашил пак повреден до декември. Енцо, Каиседо и Нето немаат тренирано и не се сигурни за утре.
:popce:

 
Држ не дај ќе биде денес, средина со Лавиа, Џејмс и Сантос. Вили Кабаљеро ќе ја води екипата пошто Мареска црвен доби претходната.
Автоматски споено мислење:

Колку се трудат сами да си дадат гол...
 
Последно уредено:
Си ги частиме со шанси, никаква идеја како да се изнесе топка.

Како не гледа дека со бек во средина се прави гужба и полесно ни играат пресинг
 
Си ги частиме со шанси, никаква идеја како да се изнесе топка.

Како не гледа дека со бек во средина се прави гужба и полесно ни играат пресинг
Алтернатива ќе беше Лавиа и Сантос во двојката и Буонаноте 10ка,што не знам дали е идеално.
Автоматски споено мислење:

Педро Нето!!
Автоматски споено мислење:

Густо колку е глуп...

Колку црвени сезонава...
 
Последно уредено:
Густо нема грам мозок, на 3-0 во 90 ти правиш фаул за втор жут, позитивно од целата ситуација е што нема да му биде достапен на Мареска па овој и покрај очајна форма нема да го форсира во прв тим.


Конечно Мареска се пробуди со замени и си ја призна лошата селекција во прво полувреме, престана да измислува топла вода и одма Челзи одигра подобро и покреативно.

Колку лесно противниците ни прават шанси тоа е чудо, ај ние што ги частиме со лоши пасови имам впечаток дека само треба да се нафрли од крило и секогаш противнички играч ја зафаќа.
Нашивме стојат далеку еден од друг, нема никаква комуникација.
Бековите исто побитно е да играат плејмејкери од што да се фокусираат на дефанзива.

Ако нешто позитивно е деновиве тоа дека Мареска почна да прави замени како што треба.
Наредна се надевам дека Гиу ќе почне како шпиц а Педро позади него, затоа што не функционира Педро како шпиц.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom