Едно мое објективно гледање на натпреварот: Ќе почнам од судиите, мислам дека одлично судеа, во прво полувреме направија една компензација со 'спорниот гол' и Павле врз Хорига (мислам беше) кога свиреа пенал за нив,а не беше 2 мин исклучување. Вториот дел исто, за секоја спорна ситуација гледаа ВАР. При крајот, пак компензација за 2 мин на Хориха во псоредба со кога на Фитиљ му судеа грешно водење (или како и да беше). Пред се, немам никакви забелешеки према судењето. Двата тима започнаа добро и ја користеа секоја дадена шанса. Голманите во прво полувреме не се покажаа и кај двата клуба. Ние одлично игравме и мислам '
ми ги послушаа' мислите и погоренаведеното и во даден момент го внесе Хенингман во напад, сепак скромно време доби и искористи 2/3 мислам беа. Бековската игра не беше лоша, ама Тајник некако најотзечен беше... Ниту гол ниту топка од него

- а ќе речам (најблагородна позиција во ракометот). Исто имав пишано и за крилната игра, па и таму '
ме послушаа' и баш ми е мило што во тие две мои видувања се покажаа како одлична игра. Крилата топ! Не му тргна на Хакбарт и одма замена Радивијевиќ, користеше се додека не почна да промашува, е тука МОРАШЕ да проба пак со Хакбарт - (дечкото игра прво дерби на гостување и нема никаква замерка за првите 5 мин кога два пати промаше). Манасков ОДЛИЧЕН, Филип добар, Хосни и Цехте просечни и фали малку подобар напад на бековите. Огромна маана ќе ни бидат голманите оваа сезона

, Никуч освен кратки секвенци ништо не покажа. Ракометните 'непишани правила'велат, ако немаш над 10 одбрани губиш натпревар,и така е. Се на се, задоволен сум од играта и прикажаното и честито за противникот кој немаше слаби моменти и пад во играта. Пак и пак паѓаат психички и на провокација, Фитиљот почнува провокации, пцуење и слично, како не сфатија дека така не се добива натпревар?!?! Како некој не ги седни и да му објасни дека во дерби е најважно да ги добиеш, и да му кажат колку таа победа нас ни значи! Црна точка беше палењето бакли и фрлање према публиката, кој го искоментираа и коментаторите и навистина вакво дерби треба да биди ДОБРОТО на ракометот, кој 35 год не го научивме. На крај што се доби?! Прекин на натпревар кој можеше да го смени текот на играта и непотребна тензија,а и тие кои патуваа пола ден на полувреме ги истераа и не го догледаа натпреварот до крај. Ќе видиме како ќе стојат работите во наредиот месец, имаме интересни натпревари, долга е сезоната, со тешки натпревари во ЛШ.