Раста нелагодноста кај Грците кога Македонците преку панаѓурите покажуваат дека се тука. Свеста ја покажуваат со пеење Македонски песни, народни и патриотски. Некој пат се зборува дека имало список на песни кои биле забранети како „Не плачи мајко не жали“ но не најдов извори за тоа.
Сепак во исти правец оди еден обид да се забранат 26 Македонски песни, кои демек биле ирединтистички:
1. Запејте сите ангели
2. Го фатиле клети Турци
3. Вардаре Пирин кај ти е
4. Оган да го гори
5. Слушај кај шумат шумите
6. Абер од Солуна града
7. Кога падна на Пирина
8. Вардаре Пирин кај ти е (веќе под 3. пишана)
9. Во срцето на Балканот
10. Болка за Нерет
11. Излегов горе на Осогово
12. Кога падна на Пирина (веќе пишано под 7)
13. Лерински села
14. Оган да го гори (пишано под 4)
15. Ја сум чисто Македонче
16. Народе Македонски
17. И ние сме деца
18. Егејки Мајки
19. Бисер Балкански
20. До кога браќа мили Македонци (Бегајте Грци)
21. Александар, цар Македонски
22. Солза за Македонија
23. Името Македонско
24. Една мисла имаме
25. Песна за Мирка Гинова
26. Грци катили
Η Πανελλήνια Ομοσπονδία Πολιτιστικών Συλλόγων Μακεδόνων θέλοντας να συμβάλλει στην σωστή ενημέρωση σχετικά με τα τραγούδια που ακούγονται στα πανηγύρια,
www.newsbreak.gr
Остануваат 23 песни иако верувам уште многу други им пречат. Факт е дека масовно се пеат овие песни и на нив се игра. Поесбно им пречи ако се пее за Гоце Делчев, Јане Сандански, за Егеј и Пирин, за комитите. Факт е исто така, дека Бугарија не постои овде. Нема Булгарски песни ни нивни пеачи се викани, за разлика од Васка Илиева, Влатко Миладиноски, Спасен Сиљаноски, Јордан Митев кои имаа концерти во Егеј.
Секаде гледаат агенти од Скопје. Не сум упатен ама би ме чудело Егејците да добијат некоја поддршка од Македонската држава таа дури од нив се одкажа. Меѓусебни контакти или контакти меѓу организации има што не е ни чудно. Реално и поддршката на Егејците од Македонија не би била ни искрена кога Република Македонија буквално се одкажа од све Македонско.