Мартинез ке чини дупло во трансфер износ, има 32 години, ке бара 4-5 годишен договор, и ке бара плата како Касемиро. А не дека и тој не е склон на грешки во последно време. Сметам дека требаше порано да се реши ситуацијава со голманите, а не од 3 напада, да примаме 2 гола. Се надевам дека ликов нема маргарин раце, како Онана и Бајиндир. Ке помогнеше да беше со тимов уште летово, колку толку да се воиграше.
На крајот на денот, за оваа сума, може и резервен голман да биде, доколку наредното лето мора да се носи нов број 1. Мартинез ако сака како резерва, на помала плата, бујрум. Само да се откачиме од Онана и Бајиндир.
Купен е зашто има нереални бројки зад себе. Ke бев посреќен да имаше поголем % добиени воздушни дуели, зашто тука ни е маката. Е сега, колку од ова ке се преслика во ПЛ, ке видиме. Ако направи кикс во првите 4-5 утакмици, толку и од него ке биде.