Во која насока оди македонското здравство во следните 10,20 години?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hey Arnold
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 август 2014
Мислења
598
Поени од реакции
2.112
Моментално има три државни медицински факултети во државата: Скопје, Штип и Тетово. Секој од нив испумпува по 150-200 дипломирани лекари по општа медицина годишно. Од нив огромен дел со суспектно знаење и квалифакации, овие од Штип голем дел, иако се повеќе има вакви и од Скопје. За Тетово нема ни да коментирам. Сега овој дефицит на кадар што постои пробуваат делумно да го решат властите со оваа хиперпродукција на кадри,ама неизбежно се руинира квалитетот на кадарот.

Секоја година од државата бегаат стотици лекари и се бројот се зголемува секоја година. Претежно се работи за млади штотуку дипломирани лекари или со неколку години искуство. Иако не треба да се занемари трендот на лекари меѓу 40 и 50 години,особено во Скопје,вработени како асистенти на медицински во Скопје кои се или на Клиника или другите болници,кои како готови специјалисти си одат претежно во Германија. Знам неколку вакви примери, генерациски закотвени на клиника, со родители, баби и дедовци професори, кои бегаат.

Овие е чудно зошто бегаат,најверојатно сакаат децата да ги растат во странство, ама овие младите лекари е потполно разбирливо. Да почнеме од тоа дека е невозможно да просперираш како лекар ако нема фамилијарни или партиски врски. Буквално секое вработување во државна болница е до најмал детаљ испланирано партиски или непотистички. За чистачка да се вработи треба врски,за медицински кадар да не правиме муабет. Конкретен пример постирав во една друга тема, како оди тој процес кај нас:

Без вработување на државно, не можеш да напредуваш во специјалист.Алтернатива ти е да запишеш приватна специјализација и да платиш од свој џеб преку 15 илјади евра за период од 6 години. Без никаква гаранција дека ќе бидеш вработен потоа. Тука постои уште поголема хиперпродукција на кадар, бидејќи факултетите од овие специјализации вртат милиони секоја година. Буквално се распишуваат стотици приватни специјализации секоја година., без потреба за места кои не постојат и нема никогаш да бидат пополнети.

Другата алтернатива е да бидеш матичен лекар, нешто за кое што бев доста наивен кога завршив факултет, признавам. Имав некоја замисла дека секој може да отвори ПЗУ, без врски, ќе можеш да береш пациенти и да земаш некои солидни пари. Реалноста е дека најголемиот дел од ПЗУ се во сопственост на лица кои се дел од ,, системот'' или пак се поврзани со такви лица. Голем дел од орданациите ги поседуваат доктори кои работат во болниците, специјалисти на клиника, локал бизнисмени кои немаат допир со здравство. Дури и да отвориш своја ординација, запишување нови пациенти во најголем дел од случаите знае да биде еден маратонски процес, да чекаш да оди некој во пензија па да успееш да запишеш нови пациенти итн. Кон ова придонесува лимитираната улога која еден матичен лекар ја има во овој систем.

Ова е особено истакнато во внатрешноста од колеги кои ми кажуваат. Отвори оглас по интернет за матичен и ќе видиш дека најголем дел од матичните лекари во Скопје без своја ординација работат за максимум 40 илјади, а надвор од Скопје околу 30 илјади. Буквално газдите те сведуваат на ниво на собарка(со почит кон сите собарка:D):
20250819_092042.jpg
Значи за најголемиот дел од младите лекари најдобра опција е да бараат работа надвор од Македонија или да се откажат од медицина и да се занимаваат со нешто друго. Ако гледаме дека ова се потекнува од лошите политики од владите водени низ годините, непотизмот и корупцијата, крадењето на пари од Фондот и Министерството итн., како очекувате да изгледа здравствениот пејсаж кај наз за 10, 20 години?
Меѓу другото прочитав некаде, треба да го побарам, дека медицинските факултети пи штипскиот универзитет и Уким, вложувале големи сили за привлекување на уште повеќе студенти од Турција, а исто така и правеле стратегии за запишување студенти на англиски програма за студирање од земји како Индија, Пакистан и некои од пост-советските исламски републики? :cautious:
 
Последно уредено:
Глобалното здравство ќе иде у лоша насока затоа што идните лекари ќе учат со чатгпт. Но што да ги обвинуваме нив, сите сакаме брза гратификација за што и да е у денешно време. На глобално ниво једина шанса е да се усоврши толку медицинската опрема и технологија за лекарите да се сведат на ниво на оператори/надзорници на истата, иначе црно им се пишува.

Он топик: Македонија уште бетер, додај чатгпт, а извади медицинска технологија и развој/инвестиции во истата. За приватното нема да зборам, таму може да иде у секоја насока, ама државното ќе тоне ко титаник и само ќе преоткрива ново дно.
 
Мојот доктор и сега се консултира со чат гпт.
 
Прегледај го приврзокот 453422

Za drzavata ne e problem kolku studenti po medicina ima.Tie sekako se bezkorisni dur ne steknat praksa i znaenje niz rabota. Nikoj ne se zamara so praat 1000 diplomirani so turizam, so kje rabotat i dali kje rabotat.

Problem e koga lekar so go ispekol zanaetot na drzavno, i drzavata investirala vo nego mn pari niz godinite, vrvot vo karierata go proagja vo privatna bolnica ili stranstvo. I nie potoa mora da plakjame za da se lecime za istiot, ili da bideme praksa za naredniot, iako plakjame za dvajcata za da se leicme a ne za nivnata kariera.

Ova drugovo, za koe veruvam deka e taka, e vo mnogu struki i e poise opis na makite na vrabotenite(doktoritr) nego na korisnicite(pacientite) na sistemot.
 
Глобалното здравство ќе иде у лоша насока затоа што идните лекари ќе учат со чатгпт. Но што да ги обвинуваме нив, сите сакаме брза гратификација за што и да е у денешно време. На глобално ниво једина шанса е да се усоврши толку медицинската опрема и технологија за лекарите да се сведат на ниво на оператори/надзорници на истата, иначе црно им се пишува.

Он топик: Македонија уште бетер, додај чатгпт, а извади медицинска технологија и развој/инвестиции во истата. За приватното нема да зборам, таму може да иде у секоја насока, ама државното ќе тоне ко титаник и само ќе преоткрива ново дно.
Напротив! Глобалното здравство е каде каде понапредно од било кога, како во услуга, така и во квалитет.

Тоа не го согледуваш поради тоа што нашето здравство, сеуште е заглавено во 1987 година и иако комуњарските "доајени" се или во пензија или заминати од овој свет, сеуште се користат нивните методи на работа.

Денешното модерно здравство во секоја специјалност има инвазивни интервентни процедури кои се предуслов за еден специјалист да може да се нарече и добие титула специјалист.

Во МК еден специјалист од периферија за еден обичен рез на абцес, го препраќа пациентот во Скопје за тој обичен рез биде направен од специјализант.

Што треба повеќе муабет?
 
Македонското здравство не иде никаде, туку пропаѓа...и за чудо, тоа пропаѓање никако да дојде до својот крај...што значи дека „некому„ му одговара вкавата состојба, а зашто и да не (му одговара), кога здравството пати од истите болести од кои пати целата „нашата земјата„: корупција невидена, партиско-рамковни вработувања, крадење до бесконечност...

Напросто, чо‘ек да посака токму вакво здравство, во кое фондот се полни, а „некој„ непрекинато го празни...а пациентите или се „шетани„ од град во град или се на пат за „оној свет„.
 
Последно уредено:
Мојата генерација од средно се запишаа 30тина на медицина. 100% пролазност и завршување сите во рок, во рок лиценца и сите цепаат специјализација. Абе ни еден не заглави еј, да завлечка година ова она.
На сите останати факултети имаше и такви и кои завршија и кои (под)заглавија и такви кои целосно заглавија и баталија или сменија струка.
Медицина 100% пролаз, 100% лиценци, 100% специјалазија во тек.
И тоа не сите имаа средно медицинско, имаше и гимназијалци кои се запишаа без ден пракса.
 
Напротив! Глобалното здравство е каде каде понапредно од било кога, како во услуга, така и во квалитет.

Тоа не го согледуваш поради тоа што нашето здравство, сеуште е заглавено во 1987 година и иако комуњарските "доајени" се или во пензија или заминати од овој свет, сеуште се користат нивните методи на работа.

Денешното модерно здравство во секоја специјалност има инвазивни интервентни процедури кои се предуслов за еден специјалист да може да се нарече и добие титула специјалист.

Во МК еден специјалист од периферија за еден обичен рез на абцес, го препраќа пациентот во Скопје за тој обичен рез биде направен од специјализант.

Што треба повеќе муабет?
Да да, сега е пикот, затоа што е комбо на знаење со технологија. Следните лекари, уште неиспечени, (ќе) учат со чатгпт.
 
Се додека не се инвестира сериозно во луѓе и ресурси, сите реформи се залудни, а реалните проблеми ќе продолжат да перзистираат.
 
Во луѓе се инвестира континуирано и сериозно-„нашите„ мораме некаде да ги вработиме, а бе ако треба и нови непотреби агенции ќе смислиме, само да ги „ухлебиме„...за пак да гласаат „за нас„, нормално...
 
Последно уредено:
Во контекст на темава за состојбата на Македонското здравство, Кедев со сериозни обвинувања се надевам ќе оди до крај бидејки ќе има подршка од народот. Не се сомневам дека дел од приватниве болници правеле вакви работи на штета на буџетот т.е фондот

Инаку интересно како Кедев не спомна име на болница ама овие од Систина се „пронајдоа“ и реагираат
Или пак намерно ја продолжуваат приказнава за да се оди до крај, а не се они посочените туку Филип 2 на Жан Митрев ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom