Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
И Југославија ни е виновна што има толку дивоградби? И што ги легализираа за едно евро? Ептен застрани со омразата против претходниот систем, муабетов ти нема врска. Ниту Социјалистичка Македонија е виновна за дивоградби, уште помалку за нивна космички глупава легализација.
Најголем дел од дивоградбите се направени за време на СФРЈ. Чисто за информација. После само се легализираа.
 
Југославија не е виновна, виновни се тие што биле главни овде во Македонија тоа време. Ништо не работеле, да не им бил Кензо Танге да им направи урбанистички план, којзнае на што би личел градов сега. И затоа тие проблеми со дивоградби влечат многу наназад пошто никој не створил ред до сега.
 
Последно уредено:

А сегашни над 200000 дивоградби од каде? И секоја година нови?
Најголем дел од дивоградбите се направени за време на СФРЈ. Чисто за информација. После само се легализираа.
Извор за информацииве?
 
А сегашни над 200000 дивоградби од каде?

Извор за информацииве?
Извор на информација се твоите очи. Очигледно и не разбираш што е тоа дивоградба.

Од 1992-2008 година во Македонија слабо се градеше било што затоа што имаше 40% невработеност и 200 евра плата. Тоа што го направи Груевски не беше решение, туку уште поголем хаос, но дивоградбите постоеја. Кое беше решението? Уривање на 200 илјади дивоградби? Тогаш ќе имаше социјални немири и пад на владата.

Дивоградбите си постоеја за време на СФРЈ. Еден куп населби и улици, а да не зборуваме села уште имаат проблем со основна инфраструктура и канализација не пак да зборуваме за некои урбанистички планови и ред.
 
Не е битно ја што сум.
Тука си помешал со статусната категоризација на етникуми во СФРЈ. Народи 6, народности повеќе.
Мала корекција.
5 пет народи, (симболика)првиот грб имаше 5 (пет) факели, само народ твори држава согласно тоа има право на сојузување (федерација-конфедерација) како и на САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ!
Извор за информацииве?
Лист од зелка, дошол Зеко го изел :)
 
Извор на информација се твоите очи. Очигледно и не разбираш што е тоа дивоградба.

Од 1992-2008 година во Македонија слабо се градеше било што затоа што имаше 40% невработеност и 200 евра плата. Тоа што го направи Груевски не беше решение, туку уште поголем хаос, но дивоградбите постоеја. Кое беше решението? Уривање на 200 илјади дивоградби? Тогаш ќе имаше социјални немири и пад на владата.

Дивоградбите си постоеја за време на СФРЈ. Еден куп населби и улици, а да не зборуваме села уште имаат проблем со основна инфраструктура и канализација не пак да зборуваме за некои урбанистички планови и ред.
Значи немаш податоци него тресеш од ракав. Ок.
Очигледно и не разбираш што е тоа дивоградба.
не, ти разбираш
Уривање на 200 илјади дивоградби?
не беа 200 туку над 400000. И 300000 од нив легализирани. Од кои со едноставна математика ќе се дојдеше до бројка од над 1.5 милијарди евра комуналии, башка редовните даноци.
 
Легализацијата само ја влоши состојбата со урбанистичките планови. Во тоа време тие урбанистички планови, не се носеле специфично зошто разбирале дека има огромен проблем со непланско градење но државата немала финансии за да ја поправи ситуацијата. Ако донеселе Урбанистички планови ќе требало да се руши/ Поради истата причина и некој од најдобрите локации во градот за градење биле оставени празни, како сегашниот Мериот, Џамбо, паркингот на ГТЦ, кејот спроти ГТЦ итн ... зошто тогашните архитекти не мислеле дека имаат ресурси правилно да го искористат просторот и било оставено за идни генерации. Можеле и они да земат да лупнат згради, за толку имале средства али не сакале.

Да ги тргнеме на страна зделките со градежната мафија и парцели на атрактивни локации. Со легализацијата се направи катастрофа од урбанистички аспект. Им дадоа да ги легализираат дивоградбите и потоа направија урбанистички планови според моментална ситуација. Па имаш ситуација каде што цигански маала се сега спред ДУП. И што е уште полошо таквите диви населби, сега кога се легализирани и се платени комуналии, нормално очекуваат и да се воспостават комунални и секакви други услуги како што им следува. Проблемот е што комуналиите не покриваат ниту 30% од цената на инвестициите кои се потребни за да им се доведат овие услуги. Редот што се создава во моментов е ред според цигански шиптaрски, чифлиганец/стентон и компанија ситуација на терен. Буквално градежни фирми им ги донираат ДУП`овите на општините.

Правилното решение ќе беше да им се легализираат објектите но да се нацртаат дупови според урбанистички правила и со забрана за реновирање и проширување на домовите. Додека стојат стојат, чим градежен инспектор ги прогласи за небезбедни се руши и се гради според урбанистички план според стандарди. Така кратко рочно ќе немаше некои драстични промени врз самите луѓе, додека на долг рок после едно 10+ години ќе почнеше да има подобрување и средување на ситуацијата.
 
Значи немаш податоци него тресеш од ракав. Ок.

не, ти разбираш

не беа 200 туку над 400000. И 300000 од нив легализирани. Од кои со едноставна математика ќе се дојдеше до бројка од над 1.5 милијарди евра комуналии, башка редовните даноци.
Во СР Македонија најголем дел градеа објекти кои денес на еден или друг начин се доживуваат како дивоградби затоа што немаше потреба од вадење дозволи. За паралела огромен број на луѓе почнаа да вадат катастарски листови или да ги впишуваат своите имоти во заводот за катастар кон средината на 2000тите кога тоа почна да се регулира и се изгласа нов важечки закон.

Хаосот во урбанизмот дел можеш да си бараш вина во менталитетот на луѓето, но и хаосот на властодржците во тој период со нивните социјалистички догматики и глупости.

Како информација Законот за сопственост и други стварни права беше донесен во 2001 година.

Да не зборуваме кога се вршеше национализација на имотите и колективизација. Колку само луѓе беа оставени без ништо, колку само од тогашната комунистичка буржоазија на таканаречено општествено или претходно конфискувано земјиште си градеше викенд населби. Затоа и во Македонија никогаш не се спроведе лустрација до крај да се види што се правело во тој период.

Да не се заборави револтот на Вевчани против тогашната комунистичка буржоазија и власт за водоводот.

Легализацијата само ја влоши состојбата со урбанистичките планови. Во тоа време тие урбанистички планови, не се носеле специфично зошто разбирале дека има огромен проблем со непланско градење но државата немала финансии за да ја поправи ситуацијата. Ако донеселе Урбанистички планови ќе требало да се руши/ Поради истата причина и некој од најдобрите локации во градот за градење биле оставени празни, како сегашниот Мериот, Џамбо, паркингот на ГТЦ, кејот спроти ГТЦ итн ... зошто тогашните архитекти не мислеле дека имаат ресурси правилно да го искористат просторот и било оставено за идни генерации. Можеле и они да земат да лупнат згради, за толку имале средства али не сакале.

Да ги тргнеме на страна зделките со градежната мафија и парцели на атрактивни локации. Со легализацијата се направи катастрофа од урбанистички аспект. Им дадоа да ги легализираат дивоградбите и потоа направија урбанистички планови според моментална ситуација. Па имаш ситуација каде што цигански маала се сега спред ДУП. И што е уште полошо таквите диви населби, сега кога се легализирани и се платени комуналии, нормално очекуваат и да се воспостават комунални и секакви други услуги како што им следува. Проблемот е што комуналиите не покриваат ниту 30% од цената на инвестициите кои се потребни за да им се доведат овие услуги. Редот што се создава во моментов е ред според цигански шиптaрски, чифлиганец/стентон и компанија ситуација на терен. Буквално градежни фирми им ги донираат ДУП`овите на општините.

Правилното решение ќе беше да им се легализираат објектите но да се нацртаат дупови според урбанистички правила и со забрана за реновирање и проширување на домовите. Додека стојат стојат, чим градежен инспектор ги прогласи за небезбедни се руши и се гради според урбанистички план според стандарди. Така кратко рочно ќе немаше некои драстични промени врз самите луѓе, додека на долг рок после едно 10+ години ќе почнеше да има подобрување и средување на ситуацијата.

Прилично точно, но новите ДУП-ови, како што напишав, не значат и решавање на урбаните проблеми, туку дозбогатување на веќе „пуната„ урбана мафија.

Азбучно читање на новите ДУП-ови води до едноставни и очебијни заклучоци; ДУП-овите се „пумпани„ со објекти и со квадратури кои се не надвор од урбанизмот, туку надвор од умот, но тоа не е битно, битно е дека мафијата ќе гради и продава „квадрати„ а општината ќе си наплаќа комуналии, плус „доплнителен трошок„ за да има „и за тате у за бате.„.

Сите задоволни, а купувачите нека си кршат глајте од кај ќе најдат 2000Евра/м2.
 
Последно уредено:
Во СР Македонија најголем дел градеа објекти кои денес на еден или друг начин се доживуваат како дивоградби затоа што немаше потреба од вадење дозволи. За паралела огромен број на луѓе почнаа да вадат катастарски листови или да ги впишуваат своите имоти во заводот за катастар кон средината на 2000тите кога тоа почна да се регулира и се изгласа нов важечки закон.

Хаосот во урбанизмот дел можеш да си бараш вина во менталитетот на луѓето, но и хаосот на властодржците во тој период со нивните социјалистички догматики и глупости.

Како информација Законот за сопственост и други стварни права беше донесен во 2001 година.

Да не зборуваме кога се вршеше национализација на имотите и колективизација. Колку само луѓе беа оставени без ништо, колку само од тогашната комунистичка буржоазија на таканаречено општествено или претходно конфискувано земјиште си градеше викенд населби. Затоа и во Македонија никогаш не се спроведе лустрација до крај да се види што се правело во тој период.

Да не се заборави револтот на Вевчани против тогашната комунистичка буржоазија и власт за водоводот.

Да се направи ревизија на денационализацијата, повеќе луѓе ќе треба да лежат затвор одколку за национализацијата. Не може да бараш национализација на земјиште ако си добил за истото земјиште, два стана во карпош тогаш. Да не ни зборам за поделбите на земјоделско земјиште по селаните во 60тите, 70тите и 80тите. Прадедо ми како земјоделец и сточар ( плус повеќе деца ) добил скоро 10 хектари, пасишта и ниви. Нема фамилија во селото која не добила минимум 2 хектари земјиште, а реално не верувам дека просекот е под 4-5..

Тоа земјиште после 90тата секако не беше вратено назад на државата. Да во 40тите и 50тите имало насилна и неправедна национализација али тој период е и виновен за може 80-90% од сите вакви случаи. Тој протест што си го постирал од Вевчани за викенд населбата и нивната вода. Па денеска во Македонија има 100 вакви локални протести за истата причина во секој момент.
 
што добиле од Југославија жити се, на мои подалечни предци им ги земале најдобрите ниви. Добиле курац, уништување на све што имале. Едина што профитирала е номенклатурата, мазноглавците од тој систем расипан. Затоа тоа срање да не се повтори на човештвото.
 
Денес протести има затоа што МОЖЕШ да протестираш, а притоа ГУЛАГ да не ти е крајната дестинација. Тогаш за протестирање ќе ти се закачи цела полиција и локални комуњарски чиновници на врат затоа што си кажал нешто против тие безгрешни комунисти.

Буквално во 60тите, 70тите, 80тите имаш класично празнење на селата во Македнија и егзодус. Баш ќе ја најдам картографијата со депопулација на селата и ќе ја постирам тука. Да не зборувам само колку се бегаше да се работи во Западна Германија тој период (не во Источна Германија кај нивните комунистички браќа хахаха) и во прекуокеанските земји. Нормално дека давале земја за луѓе да работат по села, генерално на нивни комунистички партиски пиунчиња затоа што имаше константен недостаток на храна и не можеше да се врши рамномерна дистрибуција на храна.

Во СССР беше уште пострашно. Кон крајот 1989 година пред падот на тој режим преку 80% од европските Руси, Белоруси, Украинци, Балти живееја во хрусчовки станови и со просек 1 дете по семејство. Да не зборувам за тие нивни комуналки што ги граделе и каква болест беше тоа. 50 семејства делат исто веце, иста кујна, спална итд итд...Колективизацијата во Југославија беше мала маца за споредба со тоа што се случување во бољшевичка Совјетија каде стотици илјади настрадаа од глад поради нивните реформи.
 
што добиле од Југославија жити се, на мои подалечни предци им ги земале најдобрите ниви. Добиле курац, уништување на све што имале. Едина што профитирала е номенклатурата, мазноглавците од тој систем расипан. Затоа тоа срање да не се повтори на човештвото.
Да не била Југославија, сега немаше да пишуваш на форумов, затоа што уште на газиена ламба ќе гледавме во темница. Една капитална инвестиција немаме во поглед на изградба на државни производствени единици на електрична енергија во самостојна Македонија.
Да не коментирам за изградба на школи, патишта, железници, како функционирале туристичките места, бројот на фабрики итн.
 
Југославија како идеја не била лоша, системот бил лош, се базирал на лага. Да бил капитализам од старт можеби сеуште би постоела и многу повеќе од тоа би се изградило, но не бил капитализам и затоа не постои.

Романтизирање на комунистите можат да праат само некои кои не знаат историја. Јас знам историја, затоа тој период не ми е ни малце романтичен.
 
Стандард се бламираш Ронче. Цели енергетски капацитети ти се од време на Југославија, овие сегашните лопови “капиталисти“ во независна патиштата железницата и болниците не можат да ги реновираат и одржуваат а не пак да направат нови.
За хидроцентрални и вештачки езера да продолжам да пишувам или ќе наброиш ти во последниве 35 години колку се направени ?

Од ништо направиле држава тие комунисти и социјалисти, а овие сегашниве капиталисти ја искрадоа и го избрка народот
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom