Кој е поголем проблем: корупцијата или неписменоста?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.462
Поени од реакции
35.251
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Кога ќе се зборува за проблемите во Македонија, секогаш испливуваат две работи на врвот - корупцијата и неписменоста. Едната уништува институции, другата - генерации.

Ама што е полошо?

Ако институциите се полни со корумпирани, дали воопшто има надеж за напредок?

Или, ако луѓето не знаат што гласаат, што читаат и што бираат, дали воопшто има кој да се бори против таа корупција?

Што мислите вие - што е поголем и поопасен проблем за нашето општество? Ако мора да се реши прво едното, кое би било?
 
Не се проблем корумпираните, проблем се неписмените, гнидите од луѓе без достоинство, себичните гнаси кој се спремни да газат преку лешеви, не се криви курумпираните ѓубрина, зашто ако нема кој да ги подмитува нема што да земаат.
Пред две години бев дома, ја носев мајка ми на некој рутински преглед, и нормално чекам во ред ко секој нормален ама тука имаше и некој ненормални. Се појави една скапаница постара и само што се појави од одма се забележа дека нешто сака да мати вода, да се истурка преку ред, глуми жртва како нејзиниот маж бил болен, не знам што, како другиве тука да се дојдени на забава.
Било како дојдов на ред да влезам, сестрава ми ви вика почекај тука, сега докторкава бла бла. чекам мирно, и слушам на вратава бум бум, и влегува (да не речам на сила) будалава и сестрава и вика, ама не можеш така, плус ви кажав ...ова влегува и вика, ама само минута , излгува докторкава, и, и кажува, ама ти кажав нема потреба повеќе да доагаш, средивме работа за мажот ти ( мислам се работеше за некоја операција, али небитно), да да докторке, продолжува гнасава, знам, ама само малку да ве почестам, и почна да вади од торбата кока кола, чоколади и слично, докторкава и вика, ама жено не треба... ова пак , ако , ако, блал бла. Еден куп проблеми напрај само да ја почести докторква што веќе завршила работа со мажот на скапаницава.
 
Кога ќе се зборува за проблемите во Македонија, секогаш испливуваат две работи на врвот - корупцијата и неписменоста. Едната уништува институции, другата - генерации.

Ама што е полошо?

Ако институциите се полни со корумпирани, дали воопшто има надеж за напредок?

Или, ако луѓето не знаат што гласаат, што читаат и што бираат, дали воопшто има кој да се бори против таа корупција?

Што мислите вие - што е поголем и поопасен проблем за нашето општество? Ако мора да се реши прво едното, кое би било?
Ако гледаме далекусежно, секако неписменоста, а акутно корупцијата.

Ако сме створеле писмена генерации уназад, немаше сега да имаме толкаво ниво на корупција.

Писмените луѓе освен во приватниот сектор, тешко доаѓаат до израз, бидејќи знаат што е тоа интегритет и народски кажано „до каде можат да одат“, и не може да се манипулираат лесно, да се контролираат лесно, а системот сака послушници и климачи со глави (барем овој нашиот).

Решението е да се стават писмени луѓе на раководни позиции, и длабоки резови. Само така ќе не биди...
 
Комбинација од двете.
Коруптивен лик можеш да го репрограмираш ако му дадеш соодветна плата и строга казна ако не се придржува.
Неписмен можеш да го описмениш и му дадеш соодветно образование.
Глупиот останува за навек. Е ова третото е комбинација меѓу погорниве две.
 
И корупцијата и неписменоста се огромни проблеми и поврзани се едно со друго, ама јас сепак верувам дека се почнува од образованието. Корупцијата ја уништува државата, ама неписменоста е таа што и дозволува да опстане. Затоа, прво би вложила во образованието, со надеж дека со посвесни, и образовани граѓани корупцијата полесно ќе се исчисти.
 
Корупцијата. Таа е канцер и го труе целото општество. Доведува до нефункционалност во сите сфери. Сите социјални групи се ѕасегнати.

Неписменоста има исто сериозни последици ама и во понеписмени општества има писмени луѓе кои во идеален случај се на клучните позиции и ги водат институциите, фирмите итн. Исто така како се дефинира писменост и кои степен на писменост е доволен?
 
Корупција, што пописмен тоа попогоден за коруптивни дејанија.
 
И корупцијата и неписменоста се огромни проблеми и поврзани се едно со друго, ама јас сепак верувам дека се почнува од образованието. Корупцијата ја уништува државата, ама неписменоста е таа што и дозволува да опстане. Затоа, прво би вложила во образованието, со надеж дека со посвесни, и образовани граѓани корупцијата полесно ќе се исчисти.
Тоа со образованието е долг процес, и еве харикирам да земеме да почни од утре како што треба резултатот ќе го видиме за едно минимум 10 години кога ќе излезат од процесот кадрите, а толку време мислам немаме. Паралелно со тоа, треба да преземеме чекори што побрзо ќе ни го решат проблемот со корупцијата.

Корупција, што пописмен тоа попогоден за коруптивни дејанија.
Не ти се доказ 30 и кусур изминати години, за соодносот неписмени - корупција?

Значи по твојава логика треба да не водат луѓе што немаат завршено ни основно образование?
 
Кога ќе се зборува за проблемите во Македонија, секогаш испливуваат две работи на врвот - корупцијата и неписменоста. Едната уништува институции, другата - генерации.

Ама што е полошо?

Ако институциите се полни со корумпирани, дали воопшто има надеж за напредок?

Или, ако луѓето не знаат што гласаат, што читаат и што бираат, дали воопшто има кој да се бори против таа корупција?

Што мислите вие - што е поголем и поопасен проблем за нашето општество? Ако мора да се реши прво едното, кое би било?

Тешко се одвојуваат ове два „феномени„ по злото кое го остваат зад себе, ама еве еден одиб за разјаснување.

Во „нашата земјата„ (речиси) да нема лик кој влегол во политиката, небитно на кое политичко ниво‘, а да не украл нешто од она кое не е негово, а е јавно добро. Крадењето се изведува „елегантно„, правно е покриено, ама не и морално-етички оправдано.

Корупцијата е токму тоа; крадење, односно заработување без пот и без свој труд и тоа (крадењето....) не е непосредно поврзано со писменоста, туку со губење на основните морално-етоички начела на битисувањето. Неписмен лик не значи дека е неморален. Корупцијата секогаш е поврзана со фаќањето одредена позиција на (поголема или помала моќ), а на такви позиции не би требало да биде „востоличен„ неписмен лик, кој нема грам квалификации за функцијата на која е поставен.

Неписменоста во реално време сама по себе е проблем, затоа што поседувањето одредено образованите, небитно кое и какво, не не‘ прави и писмени по автоматизам. Од неуки луѓе нема што посебно да се очекува, но истите се склочни кон „решавање„ на нивните проблеми „по пократкиот пат„, каде „високо„ место завзема и корупцијата.

Ете, во „нашата земјата„ власта во секое село отвори по еден факултет, а тоа не значи дека станавме (колективно гледано...) пообразовани и/или материјално побогати. Просто кажано, не „важиме„ за писмен народ и тоа е лесно видливо во секојдневието.

Јасно е од светските искуства дека народи кои подолго време се прпелаат во сиромаштија или се персонално-институционално силно искорумпирани или ги владее некоја хунта, инсталирана токму со таквата „намена„.
 
Последно уредено:
Па не знам каква корелација најде помеѓу корупцијата која ја има/постои само ако има држава власт, а според Ниче о Голем Ниче волјата за Моќ е една од оние карактеристики која води до појава на корупција, но ако пак ја нема има поголема опасност нихилизам/декаденција во моментов ја гледаме на просторот на ЕУропска.

Образованието е само инструмент кој еден човек ќе го подготви полесно да се вклопи во машината и во зависност од потенцијалот на секој добиваме даден производ.
Проблемот е што од тој процес се исклучи ВОСПИТУВАЊЕТО, на знам која генерација си ама имаше порано воспитување и образование, само преку воспитување можеш да интервенираш па и за запознавање со корупцијата и штетата од неа, преку образование не знам како би интервенирал 2+2=4
Проблемот со образованието е што е на принцип: мајмум гледа, мајмун повторува, мајмун научил!
ама ќе помине

Комбинација од двете.
Коруптивен лик можеш да го репрограмираш ако му дадеш соодветна плата и строга казна ако не се придржува.
Неписмен можеш да го описмениш и му дадеш соодветно образование.
Глупиот останува за навек. Е ова третото е комбинација меѓу погорниве две.
Така ами што глупиот е виновен што е глуп, па нема да биде виновен оној што е паметен и ја користи неговата глупост нели, значи има моарални квалитети на ниво на животно ама глупиот ќе го едуцираме :yid::yid:
Ама не е ова само сега така е со милениуми, девојката е виновна што носела мини и на тој начин потикнала некој да ја силува кој е винивен па девојката нели се разбира, е овде недостасува образование :yid:

И корупцијата и неписменоста се огромни проблеми и поврзани се едно со друго, ама јас сепак верувам дека се почнува од образованието. Корупцијата ја уништува државата, ама неписменоста е таа што и дозволува да опстане. Затоа, прво би вложила во образованието, со надеж дека со посвесни, и образовани граѓани корупцијата полесно ќе се исчисти.
Без воспитување само со образование ќе добиеш монструм.
 
Дефинитивно неписменоста.
Корумпироноста доаѓа отпосле, кога човек ќе се описмени и ќе знае да го работи системот за себични и лични добивки што е одлика на злобен човек.

Неписменоста, би можел овде многу да пишувам ама би рекол ова е зачеток, извор на 90% од кои страдаме во Македонија. Ајде да не претерувам ама генерално луѓе долу се неписмени, не во смисла не знае да чита и пишува туку во смисла на немање култура, резонирање и морал. Ајде што е така, сите се раѓаме неписмени и без морален водич ама најголем дел луѓето долу уживаат што се такви, нити сакаат да се вметнат во некој систем на вредности и понашање, ниту да размислуваат за некој друг осим себе, буквално е систем на хаос и егоисти. Многу потенцијални пријатели и врски изгубив ради ова, прилики за работа зошто сфатив дека нема фајде, нити некад ќе биде боље кога човекот ужива да е неписмен и само да крева рамења и да вика тоа е. Уживаат во систем на корупција и безредие, уживаат во тоа да не се потрудат за ништо и ќе се задоволат со било каква платичка, само он да не се замара со ништо и никој. Колку само време ми требаше да се освестам и да пресечам дека неможам да се пронајдам таму и тоа е, одев по можда и најтешкиот пат, останав и без пари и без работа и без девојка за да сфатам дека е време да пресечам и дека неможам да се вклопам во систем со чии вредности сум тотално спротивен. Цело време бев нервозен и со некоја негативна енергија од која ми требаше многу време да сфатам дека ми штети и дека треба промени од корен да направам.

Како ќе се реши овој проблем, не знам ама за да се речи корупцијата, прво мора да се описмени народот а тоа е освен да чита и пишува, да развие емоционална писменост, етичка и морална писменост и малце да почнеме да размислуваме за средината и местото во ко живееме. А ова дека ќе се деси во Македонија во скоро време, не верувам. Новиве генерации од што ги гледам, се ултра посебични и безобразни, со лесно достапниот интернет и слично, уште помалце има вера во гриндање и развивање здрави навики и размислување зошто се им е сервирано од ТикТок и брзи пари, маркетинг така да не знам, јазот ќе биднува уште поголем и пострашен. Мада ова е тренд за светско ниво, не само за Македонија ама кај е поизразено зошто немаме функционален државен ситем, морален систем на вредности и разбирање за средина.
 
Корумпираните се дефинитивно најголемиот прблем.Значи корумпирани судии,адвокати директори,стечајни управници,инспектори,корумпирани професори,извршители и обвинители,политичари,сите тие заедно ја донесоа државава до ова дереџе.Мене никогаш во животов ме нема заебано некој неписмен овчар.На пример со во аферата ТАТ писмената Соња во содејство со тогашната власт мамата им ја расплака на многу љуге од југозападниот регион.Камо Соња да беше неписмена и некорумпирана.Професорите по фкултетите и нивната коруптивност се епски,со чесни исклучоци.За обвинители да не правиме муабет.Колку само љуге и судбини имаат упропастено извршителите.Така да корупцијата е најнегативно нешто во секоја држава.
 
... корумпирани (партиски) учители, наставници и професори ги создаваат генерациите неписмени, а младите родители чии потомци се на корумпираните (судии, адвокати директори, стечајни управници, инспектори, корумпирани професори, извршители и обвинители, политичари) создаваат генерации (свои деца) без основно домашно воспитување како основа на човечки вредности, мислејќи дека воспитањето за своите деца се добива во градинка и прво одделение, а не дома додека се мали, сето тоа ќе се реши ако се почитуваат законите и политиката нема да биде присутна во образованието и ќе има ученици со слаби оценки и повторувачи на учебна година, а не сите одлични!

ocjene.jpg

„ Северот доле, се граничеме со Грција!“
„ 8 Ми Септември, првите пушки“
„На исток се граничеме со Албанија“

:facepalm:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom