Ja читам темава одамна, ме интересира, затоа што недвижностите се алтернативен бизнис со кој се бафтам, покрај примарната работа што ја работам. Сметам дека пазарот полека доаѓа до својот пик, каде што ке почнат цените да се стабилизираат на некое време, дур пазарот полека почне да се регулира самиот со понуда/побарувачка. Дека ке паднат надолу, не верувам дека ке се случи, особено со станови во централно градско подрачје.
Моментално располагаме со 5 стана со сопругата, што од родителите, што самите си купивме:
- Стан бр 1 - Купен 1986-та, за тогашни 30000 марки, цирка, 15000е. Денешна вредност - меѓу 90-100.000Е, пред се, заради локацијата. Се издава за краток престој, носи околу 300-400е месечно, во просек.
- Стан бр 2 - Купен 2018-та за 70.000Е. Денешна вредност околу 150.000, заради локација, мала зграда, поглед, и модерно уреден стан. Купен за живеење.
- Стан бр 3 - Купен 2022-ра за 120.000. Денешна вредност 140-150.000. Има простор да расне цената, на самиот кеј на Вардар е, на минута од плоштад. Се издава месечно, 450е кирија.
- Стан бр 4 - Купен преклани на дупка, за 80.000Е, рок на вселување крај на 2026-та. Има простор да порасне цената, иако сметам дека овој стан е купен скапо. Едноставно, сам центар на град, нема поефтино.
- Стан бр 5 - Купен лани за 120.000Е во изградба, рок на вселување почеток на 2027-ма. Овој стан е преплатен, но е купен со различна намена.
Сите станови се на локации на кои секогаш се бара стан повеќе, пред се од аспект на тоа дека ако утре се решиме да си заминеме од тука, дека ке може секогаш да ги продадеме за минимум за колку што ги имаме купено, во најлошо можно сценарио. Како што ви покажува погоре листата, кој купил станови пред 2020-та, растот на вредноста на становите е огромна.
Последните 2 стана ги купивме за синовите, за да кога ке наполнат 21 година, да има каде да живеат. Не беше воопшто до план тоа да се направи, но локациски ни одговараше премногу, а не верувам дека ке има пак некоја прилика слична. Планот е да се изнајмуваат на краток престој, или кираџии за стално, зошто се низ центар, со обезбеден паркинг, нови згради и сигурно нема да стојат празни. Идејата е сите становите да носат околу 1500-1600Е месечно приходи, како тие пари би се ре-инвестирале секој месец во акции, злато и индекс фондови, зашто целото портфолио е во недвижнини, и планирав да правам диверзификација уште пред 2-3 години, но последните 2 стана ми го одложија истото.
Грубо пресметано, од кирии во наредните 10 години, би се зеле измеѓу 170-200.000к евра. Доколку цените на становите пораснат за 20% во наредните 10 години, тоа се уште ~ 120.000E. Значи на околу 600.000Е капитал во станови, околу 300.000Е во добивка, што преку ефективни пари, што преку порасната вредност. Ма да, мислам дека станови во центар ке идат многу повеќе од 20%, но ајде, да не кобиме пред време.
Дали
сега би купил уште станови како инвестиција, да имав нешто вишок пари? Апсолутно не. Дали би ги продал да има market crash? Апсолутно не.