Ќе пазариме уште нешто до крај на летниов период. Е сега имаме сериозни ограничувања ова лето како данок од глупостите од минатите трансфери, како и од лошите пласмани од минатите години.
Нема да преплаќаме и тоа е добра страна на култутрата што ја наметнуваат Берада и Вилкокс. Ми личи дека стратегијата е да се атакува по ПЛ играчи и донекаде е добра.
Топ таргетите ги реалзиравме доста рано во Куња и Мбеумо. И иако не се доведени како звезди, можат многу да понудат на клубов.
Играме само ПЛ плус куповите. На секоја позиција и без отпишаните имаме по 2 играчи. Треба само да се надоградиме на 9ка и да подобриме на реализација, како и голманската позиција. Искрено ни фали и добар енергичен играч во средината, но имаме премногу играчи за тие 2 позиции. Касе, Угарте, Мејно, Бруно, Колиер, а може да се придодаде и Маунт и да не ги заборавиме младинците. Кога некој би ослободил место од нив, може да се размисли и таа позиција.
Лимитирани сме со средства за да пукаме по 70м и јак договор и затоа ќе се ценкаме по Воткинс некој период според мене. Другата позиција е голманската...Мартинез би ми бил привлечен бидејќи е појак карактер од Онана и може играчите пред него да ги командува доста добро. Белгиецот не знам каков голман е.