Во светот на рокенролот правилото е "Live fast, die young". Само тројца успеаа да му пркосат на тоа правило. Прв од нив замина Леми на 70. Денес отиде вториот. Така што честито за Кит Ричардс, финалистот и шампионот во оваа категорија.
А што се однесува до Ози Озборн може да се каже дека исживеа филмски живот. Секс, дрога, рокенрол, пионер во металот, рок икона, идол на скоро секој поединец и бенд што реши да се занимава со таа музика и шлагот на тортата, концертот во Бирмингем пред само 17 дена за финале и одјава каква што само му доликува и каква што скоро секој на негово место би посакал, со собрана целата метал елита на едно место па чак и Џејсон Момоа во публиката да се шутка. Ако некогаш прават а сигурно ќе прават филм нема да има потреба од нашминкани и преувеличени работи какви што обично се додаваат во биографски филмови за филмот да биде поинтересен.