Размислував во која тема да ја постирам сликава, нејќев да создавам непотребна тензија меѓу навивачите на Вардар/Пелистер, па затоа овде на неутрална тема ја прикачив.
Уште очи се нема измиено чудовиштето од Локнес, за добро утро излегува со ново соопштение и видео запис, кои се за во рубриката ,, Без коментар ".
Во контекст на циркузот приреден од ФФМ овие два месеци, би дал идеја и би сакал да ги слушнам вашите, дали имате некаков начин, макар нека е и симболичен, кој би бил во функција на заедничка борба против овие лешинари.
Секој искрен љубител на мак-фудбалот и нашата бедна лига, кој размислува објективно, а не субјективно, на подолг временски рок, многу лесно ќе сфати дека дури и да не му се наштети на неговиот клуб директно, индиректно е /ќе биде засегнат од овој криминал кои го имплементираа Масар Омерагиќ и компанија, со поддршка на Пандев.
Финалната последица како одминува времето ќе се одрази во тоа што и она малку публика која доаѓа на стадионите, ќе престане, постепено процесно и со поддршка од извршната власт, ќе се врши притисок, подоцна и репресија врз навивачките групи, а кога сме кај фудбалскиот дел тоа ќе значи еден куп млади индивидуи да се откажат од фудбал, неможејќи константно да се борат против неправдата ( врските пред квалитетот), моментот на фаворизирање на одредени клубови од сезона во сезона, всушност ќе резултира со ефект, да се помалку луѓе (и така на една рака прсти се бројат), да престанат да финансираат.
Привлекување на инвеститори во клубовите т.е спонзори ќе биде мислена именка итн. Итн. , да не пишувам километарски пост, и да се дефокусираме од темата.
Не знам дали воопшто некој е свесен, дека овие ќе го погребаат и така живо закопаниот македонски фудбал.
Или пак воопшто не ве интерсира оваа тема, од причина што дали 15% од луѓето кои живеат во Македонија, ги поддржуват своите локални клубови, останатите живеат во илузија како симпатизери на странски клубови.