The Time Machine (1960)
Ги обожавам приказните на Х. Џ. Велс. За жал имам само гледано филмови снимани според неговите книги, а немам сеуште ниедна прочитано.
Приказната е доста интересна, човек има раскажува на своите пријатели како открил машина за патување низ времето и за неговите...
Being There (1979)
Многу симпатично филмче. Ми остави голем впечаток уште првиот пат кога го гледав.
Питер Селерс во ретка сериозна улога каде што е одличен.
Филм за едноставен човек кој по игра на случајност ќе стане влијателен член на општествениот крем. Човек кој не е затруен од модерните...
Brotherhood of the Wolf (2001)
Немав големи очекувања за филмов кога го гледав прв пат, ама ми беше изненадувачки забавно доживување. Обожавам вакви филмови, period piece, мистерија и трилер.
Може и да сетиш кои се негативците од почеток, ама пак немаш потреба да се замараш да размислуваш за...
Z (1969)
Филм кој го имам прегледано безброј пати и сеуште ми е интересен како првиот пат.
Дејството е инспирирано од вистински настани во Грција во 60те, иако Гаврас во филмот не спомнува имиња на држави и градови (дејството се случило во Солун) а имињата на ликовите се сменети. Режисерот по...
Il est vivant!
Бидејќи почнува да се вжештува политичката сцена кај нас со приближување на изборите, си реков дека е вистинско време да предложам политички трилер базиран на вистински настани.
Мојот предлог за вас е Z (1969).
Гледам дека е прв филм предложен од режисерот Коста Гаврас кој...
Eat Pray Love (2010)
Да бев женско може и ќе ми се допаднеше филмов или ќе се пронајдев или ќе ми имаше смсла, but alas I am not.
5/10
Моја теорија, кога женско бара да се пронајде себеси се снимаат вакви филмови, со патување, романтики, медитација, а кога машко бара да се пронајде себеси се...
Nobody’s Fool (1994)
Одлично филмче за овој период од годината.
Мало градче со необични ликови, но секој посебна и интересна приказна. Одличен setting за ваков филм.
Пол Њуман си е одличен, како и секогаш. Иако беше прилично бавен филмот во своето дејство, воопшто не беше досаден.
Мислам го...
Le Trou (1960)
Навистина напнат трилер до сам крај. Овој филм ми стоеше во watchlist подолго време, мислам го најдов на некоја листа, не ни знаев што се случува, ни дали е добар толку.
Дејството е многу едноставно, притвореник е пренесен во нова ќелија каде што новите цимери му кажуваат дека...
The Gambler (1974)
Ќе треба да го прочитам Достоевски.
Прв пат слушам за филмов, и некако ми имаше vibe на Mean Streets од Скорсезе, иако тој филм ми избледна многу брзо од сеќавање по гледањето.
Ако претходниот филм во клубов беше feel good овој, барем мене ми беше feel bad. Секогаш ми се...
Like Stars on Earth (2007)
Најдов време конечно да го изгледам, со два дена задоцнување.
Солидно feel good филмче. Иако на моменти може беше премногу детско, ама па и за деца се работи, а и би го препорачал на деца да го гледаат.
Може Злате да беше во право за првите две третини од филмот...
01. LA LA LAND - Damien Chazelle (2016)
Класичен филм за boy meets girl но светот, околностите, желбите и аспирациите во случајот се многу повеќе предизвикувачки и посилни што дополнително ја комплицираат оваа љубовна приказна. Навидум веќе видено, но тоа што го дели La La Land, освен што е...
Where the Wild Things Are (2009)
Филмов го дознав за прв пат поради режисерот кога му ги гледав неговите филмови, овој му беше најнепопуларен. Имам измешани мислења за сите негови филмови, па може и тоа да влијаеше на моето мислење за овој филм.
Многу сакав да го гледав како дете филмов иако и...
Falling Down (1993)
Прво директно да кажам, очекував многу подобар да биде т.е. да ми остави поголем впечаток кога го гледав прв пат, бидејќи имаше голем hype.
Интересна тема обработува, но сепак некако не се поврзав со главниот лик.
Мајкл Даглас си беше супер. Други замерки немам освен што...
The Mission (1986)
Мислев дека многу повеќе ќе ми се допадне филмот кога го гледав за прв пат, но тоа не значи дека не ми се допадна. Истиот впечаток го имав и за претходниот филм на режисерот The Killing Fields, добри филмови се, држат внимание, само моите очекувања беа дека ќе бидат многу...
Central Station (1998)
Секогаш ми е тешко да пишувам рецензии за драми. Да знаев да пренесувам емоции во текст, ќе бев писател.
Многу ми е депресивен Бразил со несреќниве приказни, сиромаштија, криминал, вистинско чудо е оваа држава како функционира до ден денес. Покрај тоа, приказната ми беше...
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.