Моментално технолошки вишок до пензија, како магистер по туристички науки. Роден во с.Оздолени, Охридско, завршив Природно-математчки факултет - географија, а поголемиот дел од мојот работен век го имам поминато како новинар во Радио Скопје и Радио Охрид. Сум бил директор на Радио Охрид десетина години и главен уредник на локалниот весник „Езерски глас“ и списанието „Далги“ кои излегуваа во осумдесеттите години. Еден мандат бев директор на Охридскиот архив, а во Собранието на општина Охрид бев главен уредник на „Делегатски информатор“.Се занимавам со истражување на населбите во Охридскиот регион и пошироко (особено за Дебрца), за што имам напишано десетина книги, претежно монографии за селските населби: Велмеј, Ботун, Куратица, Д.Лакочереј, Љубаништа,Скребатно, Белчишта, Оздолени... и други во подготовка. Работам на составување на родословни стебла.
Како новинар имам направено стотина репортажи од охридските села, така што сите ги имам посетено и од сите имам прибрано основни податоци за постанокот на селата и потеклото на фамилиите. Во оваа насока подготвувам книга за исчезнати населби во Југозападна Македонија.Имам подготвено и над десетина документарни телевизиски емисии.
Хоби ми е планинарењето, собирање на планински чај, лековити билки и печурки.
Имам идеи за теми на форумов кои подоцна ќе ги предложам.
- Роденден
-
13 септември 1948
(Возраст: 76)
- Локација
-
Охрид
- Пол
-
Машко
- Занимање
-
самостоен истражувач,магистер по туристички науки
-
25
Честитки! Три години Кајганџија. Добивате 25 поени.
-
1
Напишете едно мислење на форумот за да го освоите овој трофеј.
-
15
На нашиот форум сте регистрирани точно 1 година. Како награда за верноста добивате 15 поени.