А кога се пријавуваш како самовработено лице, обврзан си да си во работа одредено време? Трошоците така големи се? Ова изгледа како фино решение. Па некако ми е ептен незгодно што на толку фриленсери во државата, никој не сме пријавени, ниту пак имаме здравствено осигурување. Немам до сега...
Па ако се пријавуваш како занаетчија со еден вработен, тоа не е фирма, така? Фирма би требало да биде со над двајца вработени. И да, прашањето останува под каква дејност да се пријавам.
Дечки знае некој од вас дали има опција во државава да се пријавиш вработен како фриленсер? Или никој не е пријавен? Јас би сакала да плаќам даноци и да ми течи стаж и здравствено осугурување. Еднаш кога прашував ми кажаа дека нема опција за фриленсинг, треба како занаетчија. Any ideas or...
Дали некој од вас има искуство со аплицирање за студентска виза за Америка, а да бил запишан на постдипломски студии на приватен факултет? Јас сум 23 години, дипломирав на државниот универзитет, а моментално студирам на Универзитетот за туризам и менаџмент. Имам работено во Америка три лета по...
Имам колега кој исто напушти работно место заради лошиот работен однос од страна на работодавецот па ако сака да сведочи би било одлично. Но во право си, оние кои се се уште таму вработени не верувам дека би сведочеле во моја корист.
Закани во стилот на ако се прават грешки ќе се крати 20 посто од плата, или пак изрази како ,,ќе ве убијам", ,,ќе ве сокршам", ,,не ми се обраќајте бре алооо"
Договорот ми беше на неопределен период но да, сепак, требаше да кажам месец порано дека ќе си одам, а јас им кажав една недела порано. Се на се, изработив таму само две недели.
Да ми го раскинаа договорот и еве што ми пратија:
Вие како редовно вработена на неопределно работно време со бр. на договор 02-68 од 19.06.2015 година, Ве известуваме дека Ви го откажуваме истиот заради неоправдано изоставување од работа 3 последователни дена, согласно член 82 ст.1 ал: 1 од...
Да, пишува во членот од законот дека требало ги известам еден месец порано. Но, усмено се договоривме да изработам уште некој ден. Изработив да, но сега проблемот е што потоа повторно ме барале на мобилен за да изработам уште плус некој ден но јас бев надвор од државата.
Добровечер,
Ви пишувам бидејќи ми треба правен совет од Вас.
Имам 23 години и пред три недели се вработив во еден хотел како рецепционистка. Меѓутоа, поради лошиот однос и заканите од страна на работодавците ја напуштив работата, но наместо да изработам уште цел месец како што беше наведено...
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.