JustMyLife

Сама, сосема сама, изгубена во времето и просторот, назад, премногу назад со чекорот на животот, во безсознание, насекаде, во секој поглед, во секој потег, кревка како пердувче кое чека во секој момент ветрот да го дувне, без ништо на светот, ни другар, ни пријател, ни рамо за плачење, а во себе ни љубов, ни тага, ни среќа, ни болка, ни чувство дека дишам, како камен фрлен покрај патот на кого не му е гајле дали е ден или ноќ, дали е бура или сончев ден. Во очите немам веќе солзи, во мене повеќе немам душа, низ вените не тече крв, а срцето полека се гуши и се потешко пумпа од сета блокада. Живеам од што морам, а полека и тоа оди од мене, се движам безживотно, полека и без волја. Совеста одамна ме има напуштено, а живеам како паразит од кој повеќе има штета отколку корист. Паѓам во длабока депресија, се обидувам да скријам, а очите кажуваат повеќе од доволно пропаднати, измачени полни со бес и разочараност, тага, страдање, осаменост. Сама со себе оставена во свет на изгубените души, а никој да ти подаде рака за помош. И неможам да разберам, а барам каде е избледениот излез од оваа грда просторија, и неможам да дишам полека се гушам, неможам да мислам кога за тебе слушам со сигурност во себе и со многу храброст го убивам и последното делче од мене, ја одземам последната капка живот. Во моето тело видот е матен, се губам, сегде сивила од кои се создава паника, паѓам во длабока дупка, немам свест, црно пред очите.............
Роденден
16 јануари 1994 (Возраст: 30)
Пол
Женско

Заследени членови

Трофеи

  1. 1

    Прва порака

    Напишете едно мислење на форумот за да го освоите овој трофеј.
На врв Bottom