Треба возраста на двајцата партнери да е складна, сепак..успевале врски и од буквално 20 години разлика...останете со тој што го сакате а не со тој што го претпочитате заради некои ,,критериуми,, или стереотипи. (поставени од општеството)
Сакам и ќе ти кажам, дека си ништо повеќе од обичен човек, си собрал мани и доблести во твојот скромен живот, ама немој мене да ми кажуваш дека сум мала зашто на тоа не ти текна кога доаѓаше во мојот град да ме побараш да пополнам некоја празнина...штета што премногу дадов. Болни се далечините...
Во моментов сакам и знам дека не ме сакаат, се потрудив да ги разберам причините за тоа и да престанам да бидам пречка за остварување на нечии соништа и желби (макар и со каприциозен карактер)..едноставно не сакам да стојам на патот на никој. Ако Господ не ме предодредил за тој човек, барем ќе...
Хаха..е мојата љубов е практично..километри далеку...што се однесува до љубов..не треба никоја љубов да се потценува, а првите љубови се најчисти и никогаш не се забораваат...следствено...секој знае да сака (ако тргнал во тоа искрено).
Што се однесува до физички изглед...може така подолга косица, права!...да не е многу повисок од мене...мора да има зелени очи, не сакам црномурести, не мора да има широки рамења и значителна машкост зашто сепак машкоста е именка од женски род хихи...многу повеќе би зборувала за внатречен изглед...
Ако човек се води според разум никогаш нема место за случајност..а оној кој верува дека се се случува со причина ..исто така верува и во судбина...јас верувам дека се е со причина иако не ја барам утехата во тоа секогаш (ако ми се случило нешто лошо па да забегувам накај тоа).
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.