Recent Content by BuktopMKD

  1. BuktopMKD

    Кампување во Грција

    Точно, на Xina нема никаков проблем, таму не доаѓа ни туристичката полиција, а на таа крајна плажа може стварно да бидфе пуста, супер за кампинг.
  2. BuktopMKD

    Кампување во Грција

    Грешка!!! Во претходниот мој пост, насловот треба да биде КАСАНДРА,.... така е кога работиш со неколку отворени табови и пишуваш. (патем не знам како да го едитирам тоа и дали воопшто може, ако знае некој, помошта е добредојдена) Да нема збунка, се извинувам. :)Патем и јас бев на Портокали...
  3. BuktopMKD

    Кампување во Грција

    СИТОНИЈА (прв крак) Ситонија кампував 2015 година во јуни месец. Посвежо и помалку гужва. Идеално. Најпрво да знаете за Касандра е да ги избегнувате плажите во урбаните места. Пренатрупани, закрчени со сообраќај, крпа до крпа, галама, и не се ништо посебни ни како поглед, ни како околина...
  4. BuktopMKD

    Кампување во Грција

    Дечки здраво, Голем поздрав за камперскиот ентузијазам, споделувањето информации и совети со сите нас. Јас би направил една анализа каде бев летово и каде поставив шатор, што див кампинг, што организиран, и искуства од мои драги другари и пријатели кампери. Се надевам споделените локации...
  5. BuktopMKD

    Сарти

    Крајот на Јули Не бев, со агенција, со кола бев. Ако одиш со агенција рентај мотор или кола и шетај накај Вурвуру, Лагониси, Арменитис, Каламици,.... и уште многу други. Не бев во вила сместен не знам каков е нетот таму, во кампинг бев сместен (ако ти значи нешто, таму нетот одличен беше :)).
  6. BuktopMKD

    Сарти

    Јас бев, нема врска дека е ветровито, баш напротив мирна е и водата и ветерот. Цените за ресторани, гиро, пиво се исти како и останатите делови во Грција. Има супермаркети доста, ЛИДЛ на северниот дел од полуостровот во Никити, паметно е кога ќе одите накај Сарти таму да застанете. Ноќен живот...
  7. BuktopMKD

    Кампување во Грција

    Јас кампував двапати летово во Грција. - Првиот пат Пиерија (потег Паралија, Лептокарија, Неа Пори) Митикас кампинг 14еур од вечер, без разлика колку луѓе, наплаќаат само кампинг место. Евридики кампинг 13еур од вечер исто така без разлика колку луѓе, наплаќаат само кампинг место. Оатанатите...
  8. BuktopMKD

    Сарти

    Точно ли е дека северно од Сарти, на Portokali (Orange) Beach или на Κavourotrypes е бесплатен кампингот? Ќе го возам целиот полуостров со мотор па ми треба некаде да преспијам за вечер - две во мало шаторче.
  9. BuktopMKD

    Неи Пори

    ај ја малку за патот до таму да замарам :) Имам одено со автобуси или други ме возеле пред некои 6-7 години, ама јас немам возено натаму, па затоа и не сум се замарал со патот. За плажа, вода, инфраструктура и остали тракаташки знам, ок е, не е да се усереш, ама ок е според...
  10. BuktopMKD

    Тасос - островот на сирените

    И јас да споделам искуство од Тасос: Пат: 420км од Велес до Лименарија или околу 7 часа пат вкупно по правец автобус+траект (со кола и побргу) *од Скопје 470км или околу 7:45 часа пат *траект од Кавала или Керамоти (од Керамоти е пократок патот со траект, околу 45мин, поефтино, ама 35км...
Back
На врв Bottom