Ми изгледаш како некој дедо стар пред кооперација, испрати документи или било каков доказ на темава дека е договорено да знам да верувам во овие тврдења, а не едно па исто. Да не правам спам нека биде последно од мене..
Некој документи да не бараше
Гратис софтверот за онлајн попис води до поранешна шефица на кабинет на Анѓушев
Еден ревизорски извештај го отвори прашањето. Како Државниот завод за статистика добил гратис апликација за онлајн пописот на дијаспората? На фирмата која го донирала, претходно и е одобрена финансиска помош за инвестиции, а е управувана од поранешната шефица на кабинет на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев.
Апликација за онлајн попишување за „Попис 2021“ на незаконски начин е дадена гратис од фирмата „Скеил фокус“, утврдија ревизорите Шефицата на кабинет на вицепремиерот Кочо Анѓушев, Софче Јовановска, по заминување од Влада, станува управителка на „Скеил фокус“
„Скеил фокус“ потпишува договор за финансиска помош од Владата од 470 илјади евра додека Кочо Анѓушев е вицепремиер Јовановска била претседател на Комисијата за евалуација на Владата која одлучувала за финансиска помош на “Скеил фокус“.
Истата комисија на чело со Јовановска одлучуваше за државни пари за фирми на Анѓушев, од кои се повлекоа откако тоа беше објавено во медиумите Јовановска вели дека станала управител на „Скеил фокус“ како најсоодветен кадар, а Анѓушев бара да не му се споменува името Гратис попис со „прашалници“.
„Ти си повеќе од бројка“. Ова беше слоганот со кој државата се обидуваше да го убеди населението да учествува на пописот во пандемиската 2021 година со оглед на тоа што од повеќе извори се ширеа апели за да се бојкотира најголемата статистичка операција со која треба да се преброи населението, домаќинствата и становите. На власта и беше особено битно да го реализира бидејќи податоците би биле показател за инвестиции и развој, опозицијата се сомневаше дека ќе има манипулации па собираше потписи против референдум.
Последниот попис беше одржан пред 20 години, во 2002 иако државите членки на ООН се обврзани да го спроведуваат максимум на секои 10 години. Во атмосфера на голема неизвесност за успешноста на пописот, во „загреана“ политичка реалност, Државниот завод за статистика беше институцијата надлежна за негово спроведување. Попишувањето се одвиваше во две операции : за дијаспората започна на 1 март 2021 преку онлајн апликација, додека со одложување теренскиот попис се спроведуваше од 5 до 30 септември истата година.
Но, еден извештај на Државниот завод за ревизија за ИЗВРШЕНА РЕВИЗИЈА НА УСОГЛАСЕНОСТ „ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО, ДОМАЌИНСТВАТА И СТАНОВИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 2021 ГОДИНА“ откри необјавена информација.
Дека апликацијата за онлајн или само-попишување на дијаспората е „набавена без надомест, без притоа да се уреди дали станува збор за донација или спонзорство“. Ревизорите утврдија дека е изработена за кус период, без јавна набавка, со договор во кој има промоција и со управител на фирма кој претходно бил член на Советот на Заводот за статистика (ДЗР).
Статистика добила гратис апликација од Скеил фокус, нема „црно на бело“ дека е спонзорство
Медиуми во кои се цитираа ИТ експерти после само два дена од започнувањето на онлајн попишувањето тврдеа дека само со промена на ИП адреса може да се попише и граѓанин кој живее тука, а не во странство. Јавноста беше под притисок дека е можно податоците на македонските граѓани кои живеат во странство да бидат злоупотребени од странската фирма, особено во време кога односите со соседна Бугарија се нарушени.
Тогаш беше објавено и името на бугарска фирма „Скеил фокус“која ја изработила апликацијата. Директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски и од фирмата смируваа дека нема шанси за злоупотреба на податоците. Податоците во Централниот регистар покажуваат дека „Скеил фокус“ на крај на 2019 та отворила фирма-ќерка во земјава и македонската фирма ја дала апликацијата.
Ревизорите откриваат друга спорна работа – управителката на фирмата, претходно била дел од советодавното тело на директорот на Статистика, Симовски.
Тоа е Софче Јовановска која Собранието на Македонија ја именувало за член на Советот за статистика со мандат од мај 2019 година до септември 2020 година. Со останатите членови има задача да дава мислење на директорот на ДЗС за методологијата, за мерките за заштита на податоците и за обработка и објавување на резултатите. Но, во исто време, и тоа неколку месеци била и член на совет и управител на „Скеил фокус“, фирмата која решила гратис да изработи софтвер. Јовановска заминала од Статистика, но како управител го потпишала договорот за гратис апликација за онлајн попишување.
„Констатиравме дека фирмата изработувач на апликацијата е управувана од лице кое во периодот од 25.05.2019 година до 23.09.2020 година е член на Советот за статистика, што може да влијае на неговите јавни овластувања и службени должности“ се вели во извештајот на ревизорите.
Апликација за интернет попишување на ден пред стартот на пописот
Радио Слободна Европа дојде до договорот за користење на апликацијата каде од една страна стои потписот на директорот на статистика Симовски, а од друга страна на неговата поранешна „советничка“, управителката на фирмата, Јовановска. За ревизорите е спорно тоа што апликацијата воопшто не е внесена во деловодните книги на Статистика. Во исто време не е запазен Законот за донации и спонзорства во јавните дејности.
Во членот 7 од договорот се гледа дека сепак Статистика има обврски кон фирмата донатор. Се договориле дека апликацијата за само-попишување, во долниот дел ќе има линк до сајтот на бугарската фирма „Скеил фокус“, со логото и со назнака дека е изработувач на ова софтверско решение. За фирмата уште со договорот е регулирано дека на апликацијата мора да стои и нејзиното лого, но и дека Статистика се согласува своето име и лого да ги даде на користење на „Скеил фокус“ за да може да ги користи во маркетинг кампањи.
Според ревизорите начелото на конкурентност е загрозено. За тоа дали смее преку „спонзорство или донација“ да се дојде до апликација, иако е со закон пропишано дека мора, од Министерството за правда не е побарано мислење дека апликацијата е од јавен интерес.
Според документите кои ги има РСЕ, интересно е тоа што на само четири денови пред да започне само-попишувањето се договараат сите услови за апликацијата, а ден пред стартот е предадена на статистика. Меморандумот за соработка е склучен на 25 февруари 2021, договорот е потпишан на 26 февруари, а записникот за примопредавање на 28 февруари. Веќе следниот ден на 1 март само-попишувањето започнува. Токму ова е исто така е спорно и за ревизорите уште повеќе што оваа апликација не влегла во јавната набавка за софтверското решение за целиот попис. Статистика една година претходно имала тендер за софтвер за попис и пронашла оператори за оваа услуга, но не побарала и софтвер за дијаспората.
Директорот Симовски и фирмата со ист став: Се работи за општествено одговорен потег
За директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски нема ништо спорно во тоа што го напишале ревизорите бидејќи ако не била гратис апликацијата, ќе „пропаднело“ само-попишувањето. Институцијата имала многу кус период да го реализира, оти законот е донесен во јануари 2021 година, а тие чекале да се прецизира на кој начин ќе се попишува дијаспората, дали онлајн или преку конзуларните претставништва. Вели дека уште сто пати да му се повтори истата ситуација, исто толку пати би постапил идентично.
Но, тој не крие дека на идејата за апликацијата дошле заедно со неговата поранешна „советничка“ Јовановска, и ја смета за многу корисна.
Извор:
Радио Слободна Европа