Драга,
по темине за дигитални телевизии како читам, изглеа луѓе уште гледале телевизија бе...
па и бараат URLs за онлајн да гледале.
јас последно пуштив ТВ пред недела дена и тоа сабајле пола саат.
Ким кеј, (ова со Кардашиан ти се обраќам не како навреда, туку како убава и ортодоксна Ерменка)
зедов да слушам шо музика прат новите изведувачи од кај нас, пошто како стареам зарѓав, па сакав да видам шо има ново на пазарот. Ова Лара нашава не е лоша - реално. Има две три песни, шо се онака баш еуро поп, софистицирано, убаво средени. Се разбира, "Некогаш ќе помине" е фаворит. Само ок, светот убав е, вели, па и без тебе и без нас ќе осамне. Ама зошто и без нас да осамне? Тежок текстот. Тој светот, остај нека си е убав, ама нека не осамнува без нас, со нас уште поубав.
Ѕирнав и кај соседите, па дознав за Александра Пријович. Чунки дамава е кур се тресе во ладна вода, не само во братска Србија, туку и во Хрватска, полнела Загребски Арени, веројатно српското идно најзвучно име. Премотав неколку песни. Значи, the whole claim to fame на (рака на срце) убавицава и е то шо личела на млада Цеца и гласот го праела ко незе? Стварно е авион, епитом за балканска убавина, а го има то ѕвезденото во незе, го има тој карактер, не е лесна жена. Дај нека најдат некој да и напиши барем убај песни, гревота е таков потенцијал на момата да пропадни. Какви албумишта вадеше на времето Византијката и тоа во така лоши времиња. Туку, речи денес нема кој да им напиши.
Григор Копров какви песни му напиша на Тоше, текстој, текстишта, не е чудо шо Балканот му беше врака.
Драга, сречен ноември.
Последниве 3,4 месеци, мајка ми редовно ме апдејтира за љубавен хороскоп. Овој пут среќна ми соопшти и додаде едно ,, дај Боже" на крај. Викам, мајче, нели и на родена мајка сум ѝ досадила, тешка работа.
Бреј, шо сторив, на ангел мајка како мојата да ѝ здосадам... И тоа илјадници км оддалечена.
Ѝ викам, мајка коа више пратиш, кажи за пари шо вика, еднаш да успеам да имам барем една собичка кадешто сакам, на целава мака, закачени хипертензии на млади години и све у пуста надеж да решам некои прашања. Веќе љубов ако иде да го олесни секојдневиево, не да го отежни.
When I be on the mic
Hardcore, real ill niggas
I'm internationally known, yo
Hardcore, real ill niggas
I'm internationally known
When I be on the mic
Hardcore, real ill niggas
So all hail the honorable
Прв пат во животов 3 децениски досега, си ја пуштам песнава пред 3 минути.
Го.знам.текстот.од.прва.до.последна.строфа. Со радискиот дел на почеток. И во исчекување да втаса до делот кај шо че речи НИСАМ ПРЕЖИВЕО НЈЕВЕРСТВО ТВОЕЕЕ, осејчам некоја вена кај шо пулсира. И Исус, и Метал и Фолк и Грчко-Византиско - и пак одлично спакувано. КАКО Е ОВА МОЖНО?
Мени сви сметају!!! И мене Аце. Се надевам на комшилакот швајцарски елитен тивок пензионерски им се допадна нумерава. Рачунам дека да, досега че пријавеа.
Наочаре црне. У џебу бели цвет.
Автоматски споено мислење:
Сепак за најмадлеста од сите ја прогласувам, ова. Со соодветно име СВЕТЛАНА (Хелена).
Да извајш вакво Албумиште 1999та кога Светот ти ги бомбардира градовите и онака напатени. Со дуетот со ликот погоре - Црни Снег, отпеано за снегот црн што падна над Косово. Че ги втаса некој грев.
Да имав временска машина ќе се вратев таму пред Среден Век кај Македонската Династија. Да му кажев на Василиј Македонецот, што се случи. Исто и на Даниелис Гркинката. Ништо ново, ќе ми речеа.
Ама прво ќе им го пуштев Аца да се повеселат. Ја замислувам незе кај шо ги крева рацете и шлака со нив полна ентузијазм, а тој кај шо меша со мускулите во баце стил.
Венац од ловора бацам из реку, за љубав највечу у овом веку. О, зар се твое тело дира.
Јас мојот дабов венец го фрлам над реаката во Арта, Епирус, Визнатијски.
Градот на Царот наш Константин, нема да ни го чува грбот денес. Ама затоа Атина... Атино толку стара, Македноцеов доправа чека да узрееш.
Една повозрасна Персијка до мене во метро седната, се замуабетивме, ми гледа на профилна како се имам сликано со деца од едно тукашно детско село и ми вика „Кога стигна бе девојче и работа и 3 деца и сите со плави очи, на мајка.“
Ме усреќи она девојче, нема да лажам сеа.
Ѝ велам, не се мои, бевме да ги посетиме.
Ми вика многу имаш мајчински став, ни на крај памет не би ми паднало дека не си мајка.
Ме замисли. Мајчински, пожртвуван и заштитнички пристап ми се малтене начин на живот, оттаму и имам добиено пар ножиња в грб.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.