СДСМ е многу повеќе правен и политички наследник на СКМ, отколку што ВМРО-ДПМНЕ е на ВМРО. Во СКМ-СДСМ релацијата имаш илјадници луѓе кои се физички наследници на функционерите на КПМ.
Не знам и не ме интересира до толку дали СдСесовците се правни наследници на КПМ, но во никој случај не се политички наследници.
Зошто антикомунистите го тераат тој наратив (дека се работи за ист субјект) претпоставувам е повеќе од јасно.
(не се работи само за промена на името КПМ, СКМ, СКМ-ПДП, СДС туку има суштествени промени во политичките концепти!)
И не, не тоа само мое видување туку реалност, ете изнеси некој пример во кој ќе се види дека овие денес СДСесовци во некој смислол се политички наследници на поранешна КПМ, или сакаш да речеш дека КПМ самото би си го уништило “чедото-АСНОМ“ кое самото го направило!
„ВМРО-ДПМНЕ“ е уште помалку политички наследник на ВМРО, додека ВМРО е револуционерна организација во која се испреплетуваат разни (леви и десни) идеологии и има првенствено за цел создавање на македонска држава (барем според симболиката која е создадена и ја има за ВМРО кај Македонците), денешново “ВМРО-ДПМНЕ“ е класична политичка партија (има една класификација која не би знаел како точно да ја преведам постојат
партии и
политички странки и има големи разлики помеѓу едното и другото) која се бори за ВЛАСТ, не заради реализација на политчка програма туку за долари и евра.
Види факт е дека се сложуваме дека не се сложуваме, имате своја според мене искривена перцепција за настани од историја која се одвивала пред повеќе децении и ја толкувате според денешниве параметри (веројатно ... мислите за мене дека мојата е искривена), при што “заборавте“ дека кога се создавала Н.Р. Македонија над 98% од Македонците било елементарно неписмено денес повторно се оди кон тоа да се направи функционално неписмено, да знае да чита и пишува ама да има потешкотии при разбирањето.
Не гледам потреба од понатамочна конверзација.
Е сега, ти ставаш знак на еднаквост помеѓу АСНОМ и СКМ(КПМ). СКМ има неспорни заслуги за АСНОМ, ама АСНОМ не е само СКМ.
Ова дали е сериозно или се мајтапиш?
Ете не е АСНОМ дело на само на КПМ ами на Ванчета Михајлов и неговите, задоволни?
(мислам дека скоро па 103% од иматели на бугаски пасоши че речат дека АСНОМ е дело на Ванчета ама тоа не е вистина

)