- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.955
- Поени од реакции
- 12.376
Ја менува целосно финансиската структура врз која опстојува економијата на една држава.Штанцале не штанцале не менува ништо на ситуацијата ако сме реални.
Распаѓањето на Југославија започна на таков начин, и југословенските комунисти веруваа дека можат да печатат пари до бескрај и економијата ќе функционира на таков начин, па на потешкиот начин открија дека не може така да функционира една економија.
Венецуелските социјалисти веќе ја однесоа Венецуела во социо-економска бездна и сега се натпреваруваат меѓусебно кој може да ископа уште подлабока дупка во бездната, а тоа е денес во 21-от век, а не во 1980-те или во 1990-те години.
Разликата помеѓу венецуелските социјалисти и американските социјал-фашисти е во тоа што американците имаат кој да го откупува нивниот долг - најголем доверител иронично им е Кина, на која и` се ку_чат со технолошки санкции и ембарга, за разлика од венецуелските социјалисти чии што долгови никој не сака да ги купува и да им даде покритие.
Но за разлика од американците кои уживаат во бесплатен оброк, кој во пракса не е бесплатен бидејќи некој друг им го плаќа - во случајот со американскиот бесплатен оброк, истиот го плаќа Кина како најголем доверител на американската економија - Венецуелците од друга страна или гладуваат или се распослуваат до каде им стигнува чергата, односно не глумат светски дами и господа.
А токму американците треба да обрнат најмногу внимание на венецуелските агонии и патешествија бидејќи доколку најголемите доверители на американската економија - на пример Кина - одлучат преку ноќ да го повлечат своето покритие на американските долгови, венецуелското сценарио и тоа како само ќе може да стане реалност и во САД, кои како држава зависна од увоз за многу работи, ќе треба или да скратат на буџетските трошоци - попрво би започнале Трета Светска Војна отколку да врзат ремен - или да воведат монетарна реформа, нешто што и венецуелските социјалисти се обидоа да го направат со формирање на сопствена криптовалута, а која не придонесе на никаков начин за подобрување на економската состојба во таа држава.
Ова на 8:10 е ептен реално можно сценарио, не само за американците, туку за секоја економија која опстојува врз долгови.
Последно уредено: