Василиј II vs Самоил

Член од
26 јануари 2007
Мислења
807
Поени од реакции
7
Еве уште еден бугар шо се праи на енглез:lud:
 
Член од
13 март 2007
Мислења
41
Поени од реакции
2
Цар Самуил Македонски

Сeверна и централна Македонија била окупирана од бугарскиот Цар Крум. Не можејќи да го истрпат ропството под туркобугарскиот окупатор, синовите на брсјачкиот кнез Никола во 969 г. креваат бунт против Бугарија. Бугарија е тогаш исцрпена од борбите со Византија, умира бугарскиот цар Петар, а неговите синови Роман и Борис Втори се заробени од Византијците, па македонските благородници ја искористуваат оваа лоша ситуација на Бугарија, за да се оттргнат од бугарскиот јарем. Македонските принцови, Давид, Арон, Мојсеј и Самоил ја ослободуваат Македонија и ја прошируваат слободната македонска територија и на тло на Византија. Од ваквите успеси на македонските господа, Византија е исплашена и во 970 г. ги ослободува бугарските принцеви Роман и Борис Втори, за да ја обноват Бугарија, а воедно ги наоружува во борбата против Македонците (Skylitzes.255.73-80). Скилица, најголемиот самоилов историограф вели дека Македонците и Бугарите биле две најголеми спротиставени сили (Skyl.328f).
Но, бугарската историографија вели дека македонските принцови- четворицата комитопули се Бугари и директни продолжувачи на лозата на бугарскиот цар Борис, поради тоа што по византиските книги од 11 век и понатаму, Цар Самоил и неговата фамилија се терминирани како Бугари, а Македонија како Бугарија. Но, тоа не е точно. Византија, поради нејзината големина не ги знаела народите кои живееле на нејзина територија, па за полесно да ги разликува, луѓето ги нарекува по територијалното име, а не по етничкото. Од 972 г. бугарската држава не постои и територијата на Бугарија е поделена на повеќе административни единици тнр. Теми. Но, за да ги асимилира различните етникуми во својата држава, Византија ги менува имињата на окупираните територии; така, територијата на Тракија станува тема Македонија, територијата на Македонија, Црна Гора, Албанија, сегашна Србија и некогашна Панонија до Срем, стануваат тема Бугарија (Воулгариа), а територијата на права Бугарија станува тема Парастрион (Ibidem, p. 43-49./Vezi P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 112-115, N. Iorga, Les premieres cristallisations d'État des Roumains, “Bulletin de la Section Historique”, 5-8, 1920, 1, p. 33-46; N. Bănescu, Les premiers témoignages byzantins sur les Roumains de Bas-Danube, “Byzantinisch-Neugriechische Jahrbücher”, 3, 1922, p. 287-310 / N. Bănescu, Les duchés byzantins de Paristrion (Paradounavon) et de Bulgarie, Bucarest, 1946, p. 101; P. Diaconu, Les Petchénegues..., p. 101). Така, тракијците во византиските извори ги нарекуваат македонци, македонците, србите, албанците, власите кои живееја во темата Воулгарија ги нарекуваат бугари, бугарите ги нарекуваа мизи или парастрионци итн. Како туркобугарите биле мнозинство во права Бугарија, земјата меѓу Стара Планина и Дунав, византијците ја одделуваат во посебна воедноадминистративна тема Парастрион или Парадоунавис (The 'Second Bulgarian Empire.' Its Origin and History to 1204 , R. Wolff), со цел Бугарите- несловенски народ да ги од оддели словенските народи, кои пак Византија ги сместува во тема Бугарија.
Кедринос вели: Охрид е метрополис на цела тема Бугарија, но не на права Бугарија (Kedrinos II 462,468.1,652); многу јасно ни е укажано дека византијците кога мислат на Бугарија, мислат на нивната тема Бугарија, не на држава Бугарија. Георги Кедрин, соопштувајќи за навлегувањето од север на Печенезите (кои биле сродни со Турко-Бугарите) во 1032 година, исто така го користи политичкото (а не етничкото) име на остатоците од Аспаруховите Бугари, кои останале во нивната земја. Тој пишува: "... Печенезите го преминале Истар (Дунав) и ја опустошиле Мизија" (ГИБИ, том 6., стр. 299). За повторните напади на Печенезите, Кедрин повторно го користи политичкото име на оваа земја, па вели: "Печенезите повторно ги нападнаа Мизија, Тракија и Македонија" (ГИБИ, том 6., стр. 200).
Правите Бугари, од 972 г. почнуваат да бидат нарекуваани од византијците Мизи, а нивната земја Мизија или пак Парастриноци од тема Парастрион. Византискиот писател Лав Ѓакон од 11 век бугарите ги нарекува Мизи, а Бугарија ја нарекува Мизија (ГИБИ, 5. том, стр. 247). Царот Петар е наречен водач на Мизите (ГИБИ, 5. том, стр.248-249). Особено важно да се истакне е, дека тематската поделба во Византија не е етничка и нема никаква врска со етничноста. Ако се земе за пример темата Македонија, во неа живееле Ерменци, словенизирани Траки, Ромеи (Грци и останато гркофонско населени), православни Турци тнр. Карамани, Евреи, итн. Сите тие во Византија биле наречени со едно име- Македонци, иако немале ништо македонско во нив. Впрочем, тоа било и целта на Византија, да ги премавне етничките разлики меѓу различните народи кои ја населуваа Византија и создавање еден Византиски, Ромеjски народ.
Скилица - Кедрин (11 век) исто така пишуваaт за Мизи и за Мизија, а не за Бугари и за Бугарија (ГИБИ, том 6., стр. 293-294). Да потсетам, дека бугарската пропаганда најчесто ги користат Склица-Кедрин за пропагирање на бугарштина на Цар Самоил, а овие средновековни автори јасно кажуваат дека кога пишуваат за Цар Самоил како Цар на Бугарите (Воулгарои), мислат на жителите на темата Бугарија, а правите Бугари ги нарекуваат Мизи. Византија никогаш не ја признала средновековната македонска држава на Самоил, Константинополскиот Патријарх не сакал никако Самоил да го признае за Цар, па како сите знаеме Самоил добил царско признавање од Ватикан, па поради сево ова, за Византијците, секогаш сме биле дел од нивната Византија и Бугари- жители на византиската тема Бугарија.Така, Македонците од 972 г. станаат Бугари за Византија, а Бугарите станаа Мизи. Ако пак Македонците некој византиски писател ги наречел Мизи, веднаш додавал дека тоа не е нивно име и дека само им е ставено тоа име и името Бугари (ГИБИ, т. VI, стр. 160).
Од овие цитати гледаме дека уште пред уништувањето на бугарската држава, на Бугарите им било дадено ново, политичко, име, па нивниот последен реален цар кој 42 години владеел со Бугарите од "цар на Бугарите" наеднаш се престорил во "цар на Мизите" (Цитати по Сарита Параос од „Македонско Сонце“, македонски историчар од Бугарија).
Најважно е да се истакне дека византијците, секогаш, Бугарите и нас Македонците не разликуваат и ни даваат две различни имиња! Бугарската пропаганда иде дотаму, па вели дека античките Македонци се иселиле во Тракија, со цел жителите од темата Бугарија да ги направи Бугари. Тоа тврдење е абсурдно, нема ниту еден историски извор за такво нешто; Македонската Династија е етнички ерменска, но поради нивното место на живеење во темата Македонија, наречени се Македонци, како и сите останати етникуми таму: Ромеи, Евреи, славотраки итн.. Притоа, „забораваат“ бугарските пропагатори да спомнат дека правата Бугарија е византиска тема „Паристрион“, што следствено на бугарската пропаганда, во денешна Бугарија живеел народ Паристрионци, а не Бугари и не би требало да се нарекуваат Бугари, ами Паристрионци.
За византиските историчари и писатели, Македонци се жителите на темата Македонија, а тоа е територија на источна Тракија со метрополис Адријанопол, денешно Едрене (Leonis Grammatici Chronographia, ed. Bonn, 1842, pp.208, 231-233; cf. GSBH, V, pp.155-156;) . Во темата Македонија, околу Едрене, живееле главно словенизирани Тракијци, Ромеи и Ерменци, но според византиската номенклатура, тие биле Македонци. По логиката на денешниве Бугари, требаше и ние Македонците да полагаме право на југоисточна Тракија со Едрене, бидејќи по византиските книги, Македонци живеат до Босфор!

Како што истакнав погоре, не само Македонците, туку и сите жители на темата Бугарија од страна на византиските хроничари се наречени Бугари (Воулгарос). Михаил Псел, цела денешна Србија ја окарактеризира како земја на Бугари. Трибалите (име за средновековни срби, а инаку тоа е предсрпски народ кој живеел на тлото на денешна Србија ) т.е. србите, истите византиски автори ги нарекуваат Бугари, бидејќи и тие се жители на темата Бугарија. Византискиот историчар Лаоник Халкондил вели “Трибалите (средновековно архаично име за Cрби т.е. рашкани) сега (средниот век) се нарекуваат Булгари” (Laonicus Chalcondyles, P.G., т. 159, Op. cit., кол. 26). Дали и Србите се Бугари, бидејќи и Србите во истите историски извори кои Македонците ги нарекуваат Бугари, се наречени Бугари?

Кедрин, најголемиот хроничар на средновековната македонска држава и Црногорците ги нарекува Бугари, а црногорскиот принц Константин Бодин, син на црногорскиот кнез Владимир и Самоиловата ќерка Косара го нарекува „Цар на Бугарите“, а целата негова војска составена од црногорци, која потоа собирала и косовари, е, окарактеризирана како војска на „Бугари“ (Georgius Cedrenus loannis Scylitzae ope ab L Bekkero suppletus et emendatus 11, Bonnae, 1839, pp 714-719) т.е. војска составена од жители на темата Бугарија. Според бугарската историја, ова би значело дека и Црногорците се Бугари. Не само Бодин, туку и неговиот татко Јован Владимир, кнез црногорски, византиските хроничари го нарекуваат секогаш Бугарин (жител на тема Бугарија), па затоа и бугарската црква побрза да го прогласи црногорецот за бугарски светец и денеска неговото име се слави од БПЦ на 22 мај (Види православен календар на Бугарската Православна Црква).
И самите “бугари” од второто бугарско царство, Самоил не го сметаат за бугарски цар. Околу 1344-1345 г. по порачка на бугарскиот цар Иван Александар (1331-1371) преведенена е Манасиевата хроника на невпактскиот митрополит Константинос Манасес (р. ? - у. ок. 1187 ), каде по византиската традиција, Цар Самоил е деклариран како бугарски цар, а жителите на Македонија како „бугари“. Но, бугарскиот преведувач на Манасиевата хроника не сака да направи забуна дека се работи за етнички Бугари во Македонија и појаснува што значи „бугарите„ од Македонија, за кои вели дека тоа се словените, србите и власите т.е. дека се работи за територијални „бугари“ од темата Бугарија (Извор: втора забелешка на преведувачот на Манасиевата хроника од грчки на словенски, 1344-1345 г.).

На една минијатура на Манасиевиета хроника глостарот од XV век „го ставил - покрај кирилскиот текст - изаразот „De Cruma rege Macedonie“ [Се однесува бугарскиот кан Крум (802-814).] и „Cruma rex Macedonie“. На една друга страна, пак, на минијатурата, под ликот на бугарскиот цар Иван Александар (1331-1165) напишал дури: Sanctus Johannes Alexander Macedo (Македонец - С.А.), односно Иван Александар Македонец! Да не заборавиме дека преводот на Манасиевата хроника е направен по нарачка на бугарскиот цар Иван Александар (1331-1371), кој ете самиот си се декларирал како Македонец.
Нема што повеќе да се спори, Византијците ги декларирале луѓето по нивната географска припадност, а не по националноста во 11 век. Скилица сосема јасно вели дека Скопје е главниот град на Бугарија, а луѓето од Бугарија се Бугари (ЗА ВОСТАНИЕТО НА ЦАР ПЕТАР ДЕЛЈАН ВО „ХРОНИКА" ОД СКИЛИЦА). Скопје бил главен град на ТЕМАТА БУГАРИЈА, не на држвата Бугарија и Јоан Силица самиот кажува дека под Бугари подразбира жители на темата Бугарија! Доколку државата на Самоил била и се нарекувала навистина Бугарија, тогаш Скилица би говорел за Охрид како главен град на Бугарија.
 
Член од
13 март 2007
Мислења
41
Поени од реакции
2
Случај Василиј Втори Македонецот- Бугароубиецот

Најубаво ќе ја разбереме византиската терминологија на луѓето по теми, ако го разгледаме случајот со византискиот император Василиј Втори Македонецот, Бугароубиецот. Василиј Втори Македонецот припаѓа на лозата на Македонците, чиј родоначенлик е Василиј Први, по потекло Ерменец, од ерменска фамилија или мешано словеноерменска, која стотина години живеела во Адријанопол-Едрене, и, поради тоа што е роден (811 г.) во тема Македонија, во сите византиски извори е наречен Македонец, а неговата династија Македонци - „Македонос” (Извори: 1. Ibidem, p. 228; cf. GSBH, V, p. 155 / 2. "Basil I." Encyclopædia Britannica. 2005. / 3. Abstracts from the International Conference ARMENIAN CONSTANTINOPLE organized by R.G. Hovannisian, UCLA, May 19-20, 2001, UNIVERSITY OF CALIFORNIA, LOS ANGELES, DICKSON AUDITORIUM). Така, Ерменците и сите останати националности што живееја во темата Македонија (историски Тракија) станаа по византиските книги Македонци, а Македонците оти живееја во тема Бугарија станаа Бугари. Василиј Втори Македонецот е најлутиот непријател на Самоил. Во 1014 г. кај Беласица, Василиј Втори Македонецот ја победува македонската армија на Самоил, каде убива неколку илјади македонски војници. По оваа битка, Василиј Втори Македонецот од страна на византиските хроничари е наречен Бугароубиецот т.е. убиец на жители од темата Бугарија, а не етнички Бугари. Како што Ерменецот Василиј II стана Македонец за Византијците, така и Македонецот Самоил стана Бугар за Византијците.


Ѓорѓи Војтех, внук на царот ни Самоил, во 972 г. од Унгарија доаѓа во Македонија, каде крева востание против Византија, со цел обнова на средновековната македонска држава. Главен византиски војсоводец во задушувањето на македонското востанието е Управникот на Драч, Никифор Вриениј, кој Македонија ја нарекува Бугарија (како тема), но сите жители на Македонија по народност ги нарекува „племето на Словените” (ГИБИ, том 7, стр. 115, цитат по Сарита Параос од „Македонско Сонце”, македонски историчар од Бугарија). По востанието на Ѓорѓи Војтех, Никифор Вриениј бил назначен за управник на цела Македонија. Целта на ова назначување била, како што признава самиот Вриениј, "...преку него да се смири засилениот словенски народ" (ГИБИ, том 7, стр. 116, цитат по Сарита Параос од „Македонско Сонце”, македонски историчар од Бугарија).

Државното име на Самоиловата држава, најверојатно e Славинија.

Венецијанскиот дипломат Јован Ѓакон, во најстарата Венецијанска хроника (која го опфаќала времето од 980 - 1008 год., т.е. од времето на цар Арон и на брат му Самуил), во описот за решението на венецијанскиот дож Петар Урс (980-1009) да го испрати на заточение својот син во Византија, го соопштува следното:"По извесно време Јован, кој бил на заточение во Зара (Стара Загора, з.м.) избегал најпрво во Славинија, а потоа отишол во Италија." (ЛИБИ, 7. 2. стр. 348). И одовде се гледа дека Јован Ѓакон ја нарекол новата македонска држава, т.е. Самуиловото царство, со името Славинија!

И археолошките извори целосно докажуваат дека Цар Самоил немал врска со Бугарите, ниту со царевите од првото бугарско царство. Во 1965 г. грчкиот археолог, проф. Николос Муцопоулос во црквата Св. Ахил на островот Голем Град го отворил гробот на Цар Самоил. Грчкиот археолог во интервјуто за бугарскиот весник Стандард Њувс од Софија вели дека нашиот Цар бил завиткан во скапоцена пурпурна облека (Standard News, Sofia, 03.09.2001, наслов: Счупена р'ка доказва, че гроб'т е на б'лгарскија монарх); во ваква пурпурна облека погребувани се само античките македонски цареви, додека ниеден бугарски цар од првото бугарско царство не е погребан по антички обичаи, во пурпурна облека. Воедно, во царската катедрала Св. Ахил се најдени записи на старословенски, најверојатно од 998 г., со содржина „тоа се троновите на Патријархот Герман, на Митрополите на Скопје, Велбужд, Сердика, Бер итн., но никаде не пишува нешто за Бугари или Бугарија (Standard News, Sofia, 03.09.2001, наслов: „В ц'рквата има спис'к на епископствата”). Во Св. Ахил мора да постои и запис на која држава и на кој народ Цар Самоил бил Император, но дефинитивно не се работи за Бугарија и бугарски народ, туку за нешто што не им одговара на нашите соседи, оти грците и бугарите по однос на ова прашање мудро молчат! По обичај, македонската историографија воопшто за ништо не се интересира, а целата историја нашите „историчари” ни ја препишуваат од Бугарите или Србите, па затоа имаме доста контрадикторности.

Заклучок:


1. Македонците (заедно со Србите, Црногорците, Власите и Албанците) после 972 г. од страна на Византија се крстени со политичко име Бугари, по византиската традиција, како жители на византиската тема Бугарија, додека правите Бугари се наречени Мизи, а нивната земја, правата Бугарија- Мизија. Македонци се наречени жителите на темата Македонија, која била околу Адрианопол, денешно Едрене. Во Византија, луѓето ги декларирале по административната тема од која што потекнувале, а не по народноста.

2. Затоа, Василиј Втори Македонецот, поради што потекнувал од Едрене, византиската тема Македонија, е наречен Македонец, а по ослепувањето на неколку илјадна самоилова војска е наречен Бугароубиец т.е. убиец на жители од темата Бугарија.

3. Најверојатно името на средновековната македонска држава е Славинија.


Битолската плоча
На бугарските историчари специјализирани за средновековна бугарска и византиска историја, сево ова многу добро им е познато. Самоил и бугарската држава биле непријатели, кој подоцна создал самостојна македонска држава. Но, големобугарските апетити на буржујската бугарска држава за македонската територија, од крајот на 19 век и почетокот на 20 век, мораа нешто да сторат за Бугарија да полога право на Македонија; тоа што мораа да го сторат е фалсификација на македонската историја и представување на се’ македонско како бугарско, бугаризација на Македонците итн. Затоа, во тој мрачен период за Македонија, бугарите се најактивни во фалсификација на македонската историја: фабрикуваат божемни натписи од Цaр Самоил и членови на неговото семејство во кои тие се декларираат како Бугари; тие плочи бугарските пропагандисти ги закопувале низ македонската земја. Така, до сега се пронајдени неколку такви фалсификат плочи, во Битола, Воден, Петрич, Благоевград. Сите од нив се напишани со доцна аглеста кирилица, која не е користена во 11 век, кога е користена валчестатат кирилица. Во Бугарија, испитана е воденската фалсификат плоча во Бугарскиот Национален Музеј од Софија, чиј директор г-н Божидар Димитров јавно кажа дека е фалсификат, по што се најде на тапет од бугарските шовинисти, па сега и тој сиромашкиот со сите сили сака да „докаже” бугарштина на Македонците. Интересна е битолската плоча, каде може да се види дека бугарин е напишано како „Бл'гарїнь” или бугари како „Бл'гаромь„ (Р.У. - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 43-44.), запис во бугарска словенска редакција од 13/14 век; поимот бугар во 11 век се пишувал „болгар”. Се мисли дека битолската плоча е поставена во јули 1916 г. во Чауш Џамијата во Битола, од страна на Стефан Л. Костов, „етнограф при П'рва б'лгарска армија”, кој ја харал Македонија за време на бугарската окупација на Македонија или пак е од 13 век, зошто по јазикот и писмото, плочата одговара исклучиво на подоцнежниот период.. Наивноста на бугарските фалсификатори на Битолската плоча иде дотаму, што таа ги содржи термините "Цар" и "Самодржец". Имено, поимот "Цар" кај словенските народи се јавува од крајот на 12-ти век, како скратеница од латинскиот збор "Цезар", што го потврдува и бугарскиот историчар Бакалов (Бакалов, "Владeтел", стр. 155-8). Во старословенскиот јазик до 12 век, се користел поимот Књаз или Цезари (Цри) за терминот Цар. Поимот самодржец (словенски) т.е. автократ (лат.) се јавува за време на Второто бугарско царство, во 13 век (Г. Острогорски, ”Автократор и самодржац„ Глас Српске краљевске акадамије CLXIV, Други раздред 84 (1935), стр. 95-187), а Битолсkата плоча би требало да датира од почетокот на 11 век!
Познатиот славист Др. Horace G. Lunt од Харвардскиот Универзитет, ја има анализирано битолската плоча и со сигурност тврди дека таа е од Иван Асен II од 1234 г., а не од Иван Владислав, синот на Цар Самоил, зошто по јазикот и ортографијата плочата одговара на 13 век, а не на 11 век. Инаку, историчарите Владимир Мошин и бугарските Јордан и Василка Заимови тврдат дека плочата е од Иван Владислав, но Др. Horace G. Lunt ги демантира и вели дека целосно ја "фалсификувале содржината на плочата за да се извади заклучок на она што тие го посакуваат, а не вистината", додавајки си свои зборови и години. Понатаму, харвардскиот професор пишува: "Заимови уверено го "реставрираат" најголемиот дел од текстот, вклучувајки датуми и сакаат да го ПРИКАЖАТ она што тие го ПРИЖЕЛКУВААТ како непобитен доказ за бројни историски настани, инаку НЕПОЗНАТИ. За жал, дури ни од далеку нема докажани критериуми за yтврдување рано јужнословенски натпис и епиграфскиот материјал е раштркан и екстремно контроверзен. Со должна почит, морам да ја демантирам проценката на Мошин дека текстот (од плочата) одговара на раниот 11 век. Палиографските и јазичните аргументи на Заимови се НЕТОЧНИ и НАИВНИ. Една основна поента: Мошин јасно го забележува фактот дека годината (на плочата) што тој уверено ја реставрира како 6522 (1014) е ИЗЛИЖАНА (”датата е излижана„; стр.39 во "Словенска писменост", П.Илиевски, Охрид, 1966). Навистина годината (на плочата) не е прикажана на ниедна фотографија (забележете дека плочата 2 на Заимови е фризирана-дотерана на необјаснив начин, додека плочата 3 е искрено цртеж), ниту пак годината (на плочата) е најдена на латекс отпечатокот кој (од плочата) го зел Проф. Игор Севченко од Dumbarton Oaks. Претпоставувајки дека плочата не содржи дата, некој може да си додаде 6 и на крај 2 и вертикална линија со делумно поврзување кое може да биде Ф (500); но изгледа многу повеќе како ПС (700) зад кој следи простор доволен за М (40). Ако некој тогаш го претпостави бројот како 6742, годината би била 1234. Ова убаво одговара со ортографијата и јазикот (на плочата) и го идентификува Иван како Асен II, кој ја освоил Македонија 1230 г. Тоа ги урива неточните историски објаснувања елаборирани од Заимови..." [Horace G. Lunt, "Slavic Review", Vol. 31, No. 2 (Jun., 1972), p. 499].
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Za bugarskite bagaini shto pishuvaat na temava: istorijata e nauka i pri nea nema metod na "nadglasuvanje" kako na amazon ili wikipedia koj kako kje mu tekne. Svetskata istoriska nauka se ima izjasneto deka Samoil ne e bugarski car. Se raboti za sudir na dve makedonski dinastii koi pretendiraat na vlasta vo Ilirik, no "instrumentite" za da go ostvarat toa im se protivpostaveni.

Covek treba da "veruva" na naucnite metodi, a ne na lagite koi vi gi servira BAN zaradi toa sto imate problemi so nacionalniot identitet. Primer za edna talkva laga e tnr. "Bitolska plocha" diskutirana pogore, koja ne ja vadevte od usta dodeka ne se pokazha deka e falsifikat. A takvi ima mnogu.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Читајте што пишува Antigon и не лупајте глупости! Самуил Бугарски цар жими г`зов. Нема теорија. А шо се сака да се докаже со темава? Она што во никој случај неможе?
 
Член од
10 април 2007
Мислења
25
Поени од реакции
0
Dzish напиша:
Читајте што пишува Antigon и не лупајте глупости! Самуил Бугарски цар жими г`зов. Нема теорија. А шо се сака да се докаже со темава? Она што во никој случај неможе?
един прост пример как л'же Антигон

Една основна поента: Мошин јасно го забележува фактот дека годината (на плочата) што тој уверено ја реставрира како 6522 (1014) е ИЗЛИЖАНА (”датата е излижана„; стр.39 во "Словенска писменост", П.Илиевски, Охрид, 1966). Навистина годината (на плочата) не е прикажана на ниедна фотографија (забележете дека плочата 2 на Заимови е фризирана-дотерана на необјаснив начин, додека

на плочата има три години /дати/, и само една от тјах е излижана
- годината на започване на обновјаването на крепостта се чете јасно - 1015
- годината на битката при Клјуч пак се чете јасно - 1014
- излижана и не се чете годината, в којато е приклјучил строежа в крепостта



това јасно може да се види на снимката на надписа в интернет

голем зор е да се докаже, че плочата е фалшива, ама нема как...и плочата не единственија източник, има и други, и сведенијата в тјах с'впадат с тија от плочата
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Samo procitav nesto malku na pocetokot a tie golemite ne gi citav... ke gi procitam no moram prvo da zaprasam dali nekoj ovde voopsto znae za potekloto na majkata na Samoil?! ili toa na vas ne vi e vazno... ? prvo toa videte pa posle za negovoto ime zboruvajte... BTW ako go pisuva toa vo dolgiot text togas IZVINETE ovoj post ne e validen :P
 
Член од
10 април 2007
Мислења
25
Поени од реакции
0
за потеклото на мајката на Самуил не се знае ништо
некои историци го приемат за арменско, заради името и /много разпространено в Арменија/
пак заради името, има версија че е била д'штерја на цар Симеон, а баштата Никола - кафхан при Симеон и Пет'р, којто се оженил за д'штерја на Симеон с име Рипсимија. това обаче са само логични предположенија без никакви доказателства.
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
So eden zbor. Samuil ne nosel vakvi
Ne ni bil vakov
:lud:
 
Член од
22 јануари 2006
Мислења
0
Поени од реакции
0
Татар напиша:
един прост пример как л'же Антигон

Една основна поента: Мошин јасно го забележува фактот дека годината (на плочата) што тој уверено ја реставрира како 6522 (1014) е ИЗЛИЖАНА (”датата е излижана„; стр.39 во "Словенска писменост", П.Илиевски, Охрид, 1966). Навистина годината (на плочата) не е прикажана на ниедна фотографија (забележете дека плочата 2 на Заимови е фризирана-дотерана на необјаснив начин, додека

на плочата има три години /дати/, и само една от тјах е излижана
- годината на започване на обновјаването на крепостта се чете јасно - 1015
- годината на битката при Клјуч пак се чете јасно - 1014
- излижана и не се чете годината, в којато е приклјучил строежа в крепостта



това јасно може да се види на снимката на надписа в интернет

голем зор е да се докаже, че плочата е фалшива, ама нема как...и плочата не единственија източник, има и други, и сведенијата в тјах с'впадат с тија от плочата
To uopste nije tacno. Jedino mesto na ploci sa delimicno ocuvanim datumom je u XI redu. Analizom ovog dela ploce Horace Lunt (Univerzitet Harvard) je ubedljivo pokazao da je rec o slovu 'PS', dakle broju 700, a ne 'F' (500) kako Zaimov misli - otuda i zakljucak Horaca Lunta da se radi o ploci iz XIII veka (godina 6742 - 1234), iz vremena Jovana Asena.

Profesor Ihor Sevchenko, americki slavista sa Dumbarton Oaksa je uzeo i latex otisak originala ove ploce i na njemu se vidi da NEMA datuma.
Sve ostalo je iskonstruisano i netacno od strane blgarskog "naucnika" Zaimova.

Evo i slike originalne ploce objavljene od strane Vladimira Mosina u zurnalu "Makedonski Jazik":

http://img67.imageshack.us/my.php?image=bitoljskahz8.jpg

Obelezio sam strelicom XI red gde je bio navodni "datum". Vidljivo je samo slovo "PS"([SIZE=-1]Ѱ) koji oznacava 700 a ne 500! Dakle, Zaimov govori NEISTINU![/SIZE]


Slika Zaimove ploce, onako kako je on frizirao i "udesio":

http://img82.imageshack.us/my.php?image=bitoljska2ru9.jpg

Bitoljska ploca je jos jedan neuspesan pokusaj blgarske psevdonauke da blgarizuje narod u Makedoniji...
 
Член од
17 март 2007
Мислења
702
Поени од реакции
26
За комит Никола - баштата на Самуил знаете ли нешто повече?

От кореспонденцијата между цар Калојан и папа Инокентиј III се разбира, че Самуил (син на комит Никола) с'што е от Крумовата династија. Може да се направи извода, че тој е може да е наследник на нјакој от братјата на Симеон I (Гаврил или јаков), обаче нјама никакви доказателства.
Все пак и в тогавашната дипломација е имало много "политика", от друга страна се срешта теоријата, че комит Никола е женен за арменка.

Ако ви е интересно, ето част от мнението на доц. д-р. С'рджан Пириватрич
Предполагам книгата му "Самуиловата д'ржава" ја има издадена на македонски.
 
Член од
22 јануари 2006
Мислења
0
Поени од реакции
0
Negev,

Iz korespondencije Inocentija III i Joanice ne moze da se izvede zakljucak da je Samuilo bio okrunjen carskom krunom iz Rima. U papskim registrima se kaze sledece:

"Petisti . . . ut coronam tibi ecclesia Romana concederet, sicut illustri memorie Petro, Samueli et aliis progenitoribus tuis in libris tuis legitur concessisse. Nos ergo, ut super hos maiorem certitudinem haberemus, registra nostra perlegi fecimus diligenter, ex quibus evidenter
comperimus, quod in terra tibi subiecta multi Reges fuerant coronati."

"Pitash...da bi se kruna Rimske crkve tebi dala a kao sto svetli spomeni Petra, Samuela i drugih prethodnika tvojih u tvojim knjigama govore. Mi smo, dakle, dali da se sa velikom brizljivoscu pregledaju nasi registri, iz kojih je ocevidno da su u tebi zemlji podloznoj mnogi kraljevi bili krunisani..."

(Migne, PL, ccxrv, col. 1113, Book v, no. 21)

Iz ovoga se vidi da Papa izbegava da da jasan odgovor ko je to bio krunisan rimskom krunom, i on u toj komunikaciji ostaje dosledan pa Kalojana UVEK oslovljava sa 'dominus' i 'rege' (kralj), a nikako titulom imperatora/cara.

Ne postoje nikakvi onovremeni-kontemporarni izvori koji govore da je Samuil bio okrunjen bilo kakvom krunom. Pisana prepiska pape i Kalojana desila se 200 godina posle propasti Samuila i kao sto se iz nje same vidi nema odredjene informacije o tome. U istoj prepisci papa Inocentije SAMO spominje ranije odnose kana Borisa sa rimskim papama Nikolom i Adrijanom, u vremena kada su Blgari primili hriscanstvo.
 
Член од
17 март 2007
Мислења
702
Поени од реакции
26
Да да, точно, нали това казвам и аз - цјалата кореспонденција тогава е била "дипломација" и "политика". Да се приеме това сериозно без никакви други доказателства е смешно.

Дано да се намерјат повече нешта, заштото темата е интересна. А и книжката на този ср'бски историк е хубава. Добре е развил тезата си.
 
Член од
22 јануари 2006
Мислења
0
Поени од реакции
0
nedev напиша:
Да да, точно, нали това казвам и аз - цјалата кореспонденција тогава е била "дипломација" и "политика". Да се приеме това сериозно без никакви други доказателства е смешно.

Дано да се намерјат повече нешта, заштото темата е интересна. А и книжката на този ср'бски историк е хубава. Добре е развил тезата си.
Nedev,

Pirivatric nije napisao nista novo sto pre njega nisu napisali blgarski istoricari poput Dujcheva, Snegarova, Zlatarskog, Ivanova....lista je duga. "Samuilovu drzavu" sam procitao i imam vrlo lose misljenje o ovom radu.

Novo je to da je on prvi "srpski" istoricar koji je izasao sa ovom tezom da je priroda Samuilove drzave bila blgarska. U zelji da, toboze, bude iznad dnevne politike i ostane na polju "nauke", sebe je upleo u nesto sto ce, pre ili kasnije, da mu se obije o glavu. Inace, po mom misljenju, teze su mu neodrzive i smesne.

Pisuci ovu knjigu Pirivatric je prekrsio i zanemario osnovno nacelo istrazivackog rada u bilo kojoj naucnoj disciplini - pouzdanost i kredibilitet podataka na kojima se zasniva temelj ijednog kvalitetnog rada.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom