Привремено примирје и оди многу повеќе во корист на Русија од повеќе причини. Прво, ќе може без притисок да спроведат суштински реформи и реорганизацијата во војската, да оценат кај погрешиле и што да се смени. И ќе имаат непрекинато време да го спроведат тоа.
Што ги спречува да го прават тоа сега? Тоа веќе и го прават, учат од своите грешки, се адаптираат и ја реорганизираат армијата назад од БТР во дивизии, а имаат непрекинато време да го спроведат тоа и сега.
Второ, ќе имаат прилика да работат на прилагодување на производствениот процес на оружја и да ги зголемат производствените капацитети а со тоа и да акумулираат повеќе оружје.
Веќе го прават тоа, зошто би прифатиле примирје за работа во која Украина и Западот не можат да влијаат на никаков сериозен начин?
Трето, дипломатијата ќе го искористи смирувањето на примирјето да поработи на подобрување на ситуацијата да отвори нови канали на соработка, да подобри односи и слично. Потенцијално ќе успеат да отворат back doors кои ќе ги бајпасираат санкциите.
Веќе имаат начини и ги заобиколуваат на санкциите. Потенцијално, можеби, веројатно и слични термини не се земаат сериозно кога се планира геостратегија. Потенцијално ќе успеат но што ако потенцијално не успеат?
И четврто можеби и најбитно, со примирје војната во Украина кај западните медиуми се сели од насловната страница, на страна број 3 или 4. А со тоа опаѓа и поддршката од тамошните граѓани и политичкиот естаблишмент кој ќе си брка други приоритети. Тоа потенцијално значи дека поддршката во пари и оружје може значително да се намали, а тоа за Украина ќе биде фатално.
Не верувам дека како прво на Русија и е гајле за мислењето на западната публика и второ мислам дека САД ќе даваат оружје и пари на Украина се додека можат или/и им е во корист, без разлика на мислењето на рајата.