Зошто било неизбежен факт во тој историски период и веќе била на терен создадена од претходните режими. После првата светска војна ба територијата на Украина имало 3 Украински држави и четри регионални држави и една анархистичка "држава" . Плус и Полска извршиле инвазија во 1920.
Советскиот Сојуз во тој период кога се одлучувале тие работи 1919-24/5 не знаеле главата кај им е, и едноставно морале да прават некој компромиси кои на долг пат се покажале доста погубни. Поточно самото давање на државност на Украинците не би рекол дека е проблематично туку повеќе начинот на кој е дадено и со која идеја позади себеси.
Едноставно Украинците првин осознале што е Украина е од Германците и Австријците кога ја оформиле Украинската Држава/Хетманат во 1919. А Германците за свои цели тие граници ги ставиле до Волгоград на Исток, до Минск на Север и до Крим на Југ. Дека до таму им стигнале армиите. И за дел од Украинците тоа било идејата за што е Украина. Зошто што е Украина и што е Украинец е многу различна работа ако прашаш Украинец од Лвов, Украинец од Киев/Полтава или Украинец од Запорожје.
Еве што им презентирале Германците дека е Украина:
Најголемата грешка што ја направиле е што прифатиле трансфери на територии во старт за мир во куќа. После граѓанската војна во Русија, постоеле Донбас-Криворог Советска Република и Одеса Советска Република, и двете барале да бидат автономни региони на РСФСР или независни републики али биле одбиени зошто во истиот момент постоел Украинскиот Хетманат под Германците и ако им дале независност ризикувале да ја изгубат цела Украина.
Патем Доњетската и Луганската република се сметаат официјално за наследници на оваа Советска република и
другар Артјом дека им е основоположник. Името Артемовск на Бахмут е од таму и еве ова им била територијата која ја држеле, мислам дека е интересно со оглед на сегашните случувања:
И оваа тактика на Украинците да бараат територии во замена за лојалност кога нашла на успех во старт, продолжила до самиот крај. За време на редефинирањето на границите и оформувањето на нови Советски Републики како дел од реформите под Уставот на Сталин, барале Ростов, Курск и Белгороад да им бидат префрлени. После поразот на Полска во 1939, барале да им бидат префрени сите територии на нив вклучително и Брест.
После смрта на Сталин, Хрушчов веднаш ја прекинал изградбата на мост преку Керч ( денешниот Кримски мост) и потоа го префрлил Крим на Украина поради "админситративни причини" дека не била територијата поврзана со РСФСР директно.