Хорор филмови

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Да ако си 15/16 годишен :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.817
Поени од реакции
12.307
Џон Карпентер (можеби е спомнат ама сеа брзо гледав негов филм па ме потсети) со повеќето негови хорор филмови (дел од нив и денеска актуелни The Thing, The Fog, Halloween 1978, They Live). Посебно првите три си држат добар рејтинг и напната атмосфера и по 2-3 пати гледање
Сега скоро го даваа The Fog, оригиналната Карпентерова верзија...сеуште е крипи дури и по 30 години (ај тогаш сум бил дете ама и сега не ме остави рамнодушен). Еден од класиците режисери кога се работи за хорор филмови за кого мислам дека удри јаки темели на филмовите кои подоцна на големо ќе ги копираат (од типот The Thing -вонземски паразити, The Fog -зомби веќе направен римејк и Ноќ на вештерките -на големо копиран во сцени и теми во разни филмови).
Што знам, барем за мене успешен режисер со успешни филмови во овој жанр.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Не успешен, него најуспешниот ;)

Погледни ги од него: Prince Of Darkness & In the Mouth Of Maddnes, поготово првиот а масти си за мене најдобриот од него заедно со The Thing, атмосферата и она окултно (нечовечко чуство е неизмерно голема во него) се работи за еден од нај језивите и најинтелегентните хорор филмови некогаш направени. Сетингот,местото на одвивање го прават многу страшен, а најмногу од све оставаат впечаток дијалозите во него кои се на ниво на некој топ трилер и се без конкуренција над сите што сум ги видел во еден хорор филм. Апокалитично дружење со ѓаволот,проткаено со солидна глума и добра актерска екипа, обавезно погледни го да не заборавам дека една сентенца од филмот која се појавува неколку пати се смета за култна од страна на хорор фановите! Нема утка со Џон Карпентер!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.817
Поени од реакции
12.307
Prince Of Darkness, него го изумив, одличен
In the Mouth Of Maddnes го немам гледано, али после ова баш ќе го земам да го гледам

Доста во филмовите ги има користено Donald Pleasence (актер кој ми има оставено впечаток на свештеник во борба против сатаната-лик подготвен за егзорцизам во секое време) и Ku*rt Russell.

Филм од истиот режисер кој ми се допадна беше и Духовите од Марс, како и Селото на проколнатите. Мислам дека било кој да се изгледа од овој режисер, нема утка...во спротивно ќе ви здосадам со набројување на сите негови филмови поединечно :)
 
Баш така,само што мене не ми се допадна Духовите од Марс, најверојатно дека очекував хардкор хорор а беше далеку од тоа сепак не беше така лош. Селото на проколнатите е многу морбиден филм и заслужува место во хорорите од Карпентер иако по квалитет е зад неговите врвни остварувања.
 
Член од
1 мај 2008
Мислења
300
Поени од реакции
8
FAIL .. Го гледав во кино 3Д. Поглуп филм немам гледано.
 
penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Баш така,само што мене не ми се допадна Духовите од Марс, најверојатно дека очекував хардкор хорор а беше далеку од тоа сепак не беше така лош. Селото на проколнатите е многу морбиден филм и заслужува место во хорорите од Карпентер иако по квалитет е зад неговите врвни остварувања.
Оригиналот од 1960 год. повеќе ми се допадна, не дека беше којзнае колку страшен ама ми се виде некако покомпактен, а и имаше две-три прилично језиви сцени. У целина интересно нискобуџетно хорор филмче ( и двата си ги викам цело село затруднело:pos2:). Од Карпентер освен овој, The Thing и Halloween ги имам изгледано и се стварно врвни,а другите негови филмови, нормално од твоите препораки низ темава:helou:
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Да да се согласувам, а за преопраките како што кажав самото име Џон Карпентер кога ќе го видиш станува јасно дека се работи за екстра квалитетен филм, нема утка со Каптентер како што кажав многу пати до сега човекот има уникатен стил за правење на филмови !
 
Член од
1 мај 2008
Мислења
300
Поени од реакции
8
добри хорор филмови кои ги изгледав оваа недела:

Clockwork Orange

Тhe Abandoned
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Последен што го гледав Trick 'r Treat . За малку ќе беше одличен хорор , но не е лош.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Последен што го гледав Trick 'r Treat . За малку ќе беше одличен хорор , но не е лош.
Сосема солиден хорор (добар) има одлична оцена на ИМДБ за еден хорор филм, истиот е составен од неколку кратки приказни. Мене лично ми се допадна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom